Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка. – Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе […]

Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади


Во Скопје денеска ќе се одржи Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики. Како што информира Националниот младински совет на Македонија, настанот е значаен чекор во процесот на воспоставување националното собрание на млади, предвидено со Законот за младинско учество и младински политики. Целта е, преку консултативен […]

Францускиот ученик кој ја избоде наставничката по музичко бил фасциниран од нацизмот


Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија, соопштија властите. Наставничката го преживеала нападот и нејзиниот живот не е во опасност, но 14-годишникот е на работ на смртта откако се избодел во вратот додека полицијата се обидувала да го фати при […]

Изложба на Кирил Гегоски во македонскиот КИЦ во Тирана


Во македонскиот Културно-информативениот центар во Тирана вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Кирил Гегоски.  – Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата. Уметничкиот израз е исполиран до последниот детаљ, што […]

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви […]

И Ердоган беше блокиран во Њујорк за да помине Трамп


Инцидент се случи во Њујорк кога полицијата го запре конвојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да помине конвојот на Доналд Трамп. Ердоган очигледно бил незадоволен од ова и веројатно побарал од своето обезбедување да се справи со ситуацијата. Снимките покажуваат како обезбедувањето на Ердоган се расправа со полицијата додека се обидува да ја […]

За ДУИ одлуката за советниците на Уставниот суд е скандалозна


Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за намалување на бројот на советници во одредени општини наиде на жестоки критики од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Ставот на опозициската партија, дека станува збор за уште една скандалозна одлука на Уставниот суд попладнево го пренесе […]

Кочоска ќе ја стега рамката околу брзите кредити


Во вечерашното издание на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска зборуваше за состојбата и регулацијата на финансиските друштва во земјава. „На пример, вие знаете, во една банка максималната изложеност на едно физичко лице може да биде до 55% од примањата. Кај овие финансиски друштва тоа е 70%. Тоа е утврдено со […]

Филипче: Аеродром е целосно запуштена и уништена општина поради ВМРО-ДПМНЕ,


ВМРО ДПМНЕ покажа дека нема план и капацитет за развој на државата ниту на централно, ниту на локално ниво, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  Венко Филипче, во општина Аеродром. Тој укажа дека е потребно ред, одговорност и работа за граѓаните, но и контрола на власта. „Потребна е силна контрола на власта и локални […]

Сиљановска го нарече Гутереш „глас на разумот“ и правдата, Палестина не ја спомена


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок. Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со […]

Рубио побарал од Лавров да запрат убивањата во Украина


Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се сретнаа денеска, еден ден откако претседателот Доналд Трамп ја нарече Москва „хартиен тигар“ и изјави дека Украина може да ја врати својата окупирана територија. Рубио и Лавров, заедно со своите делегации, се сретнаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите […]

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал планираат да влезат во политиката: Желба им е да одат „на Трамп“


Денес, Џорџ Клуни е многу повеќе од филмска икона. Со текот на годините, тој собра голема база на обожаватели, не само поради неговиот шарм на екранот, туку и поради неговите артикулирани ставови, решителност и подготвеност да го користи својот глас за прашања што ги смета за важни. Со години, Џорџ Клуни не е само холивудска […]

Овие навики спречуваат деменција и го забавуваат стареењето


Дугал Бејн-Ким, 41-годишниот основач на стартап посветен на долговечноста, почна сериозно да размислува за здравјето дури по дијагнозата на неговиот татко и прераната смрт од Алцхајмерова болест. Свесен дека има зголемен ризик поради семејната историја, тој одлучи да воведе четири едноставни навики во својот секојдневен живот – со цел да го зачува здравјето на мозокот […]

Стручна комисија утре во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото девојче


Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре Стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило. Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата. Како што […]

Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата


Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе […]

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води


На петката „Матка“ крај Скопје, на 26 и 27 септември (петок и сабота) ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води. Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“. Како што информира за МИА, кајакарот и организатор на натпреварите, […]

Суспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија


Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија. Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ. Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од […]

Италијански град воведува данок за кучиња


Италијанскиот град Болцано воведува данок за сопствениците на кучиња, а новата мерка ќе ги вклучи и туристите што го посетуваат градот со своите миленици. Миленичињата што патуваат веќе се навикнати да имаат пасоши, но сега Болцано ги чека и со туристичка такса, пишува CNN. Почнувајќи од 2026 година, сопствениците на кучиња што го посетуваат овој […]

АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија


Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим. Според порталите од соседна Србија, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување. Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја […]

Мегарапторан – во Аргентина откриен, досега непознат диносаурус


  Фосилот, за кој се претпоставува дека му припаѓал на животно долго околу седум метри, датира од пред 66 до 70 милиони години, односно непосредно пред истребувањето на диносаурусите. Кога умрел, диносаурусот имал најмалку 19 години, но причината за смртта сè уште е непозната. Истражувачите пронашле делови од череп, раце, нозе и опашка во патагонската […]