Гореше Бе-ем-ве, а противпожарното возило не можеше да дојде до возилото од паркирани автомобили


Од иницијативата „Шанса за Центар“ споделија видео од синоќешниот пожар на просторот пред зграда кај Зелен пазар каде беше опожарено возило, а од огнот беше зафатен и продажен објект. – На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ […]

ЗОО Скопје: Нема простор за паника за појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни


ЗОО Скопје информира дека неодамнешните информации за појава на животинска туберкулоза кај поединечни животни не претставуваат ризик за посетителите. Безбедноста на јавноста и грижата за животните остануваат врвен приоритет. Туберкулозата кај животни не е нова појава и може да се сретне и во природата, парковите или игралиштата. Преносот на ова заболување од животни на луѓе […]

Јоаким Лев за Светското првенство со 64 репрезентации: Бесмислено


Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации. „Тотално преувеличено“, изјави Лев за телевизиската станица „Нитро“, пренесува Топ спорт. „Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за ова и дека ги туркаат таквите планови. Првенство со 48 репрезентации го намалува квалитетот. Здравјето […]

Димитриеска-Кочоска: Раст на повратот на ДДВ кон компаниите, во тек е постапката и за поврат на солидарниот данок


Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа што се евидентира преку податоците на трезорот на Министерството за финансии, а во тек е и процесот за поврат на солидарниот данок кон компаниите кои го уплатија по основ на законско решение. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 21. „Податоците јасно кажуваат […]

Филипче ги објави „црвените линии“ за ЕУ – до 10 февруари да завршат уставните измени


Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ. Македонија да порача дека е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, но со јасна […]

Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин


Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се […]

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег


 Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“.   Со ова, како што соопшти Еврокомисијата, вкупната итна хуманитарна помош на ЕУ за Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, годинава достигна 220 […]

„Стоп за Вардариште“ утре ќе го блокира мостот „Близнаци“


Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека во петок, 26 септември, освен закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе биде со блокада на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои […]

Гостиварпрес: Вардар со денови без вода, коритото полно со отпад


Изминатите денови забележлива е загрижувачка и жална слика на Вардар во Гостивар, пишува „Гостиварпрес“. Во поголемиот дел, особено поширокиот, реката е речиси пресушена, оставена на по некоја капка вода и камења.Безводниот Вардар ја извади на површина и ниската еколошка свест, па по коритото може да се види разновиден отпад, од цели ќеси и вреќи со […]

Минчев: Ќе ставиме крај на партиските привилегии на товар на граѓаните


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во изјава за весникот ВЕЧЕР порача дека започнува процес на рационализација на јавниот сектор – намалување на членовите на управните и надзорните одбори, укинување и спојување на непотребните институции и воведување јасни правила за професионално управување. „Доста беше јавниот сектор да биде сервис за партиските кадри и распределба на […]

Меџити во Серава на средба со граѓани за да им каже дека Чаир станува модерен


Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, се сретна со жителите на Серава, каде што беа презентирани тековните и идните проекти за развој на ова населено место и целата општина. На средбата, Меџити истакна дека се реализираат конкретни инвестиции кои директно ја подобруваат секојдневницата на граѓаните. „Во Серава и низ цел Чаир […]

(ВИДЕО) Османи го објави решението за паркирањето во Чаир


Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, денес на својот официјален профил на Фејсбук објави видео во кое го претставува својот сообраќаен план што ќе донесе ред и мир на секоја улица. решението е на овој линк: https://www.facebook.com/reel/1465346791366177 Решението за паркирање е изработено според визијата на […]

Целиот свет зборува за постапките на Меланија Трамп: Ја понижи првата дама на Украина, а пред тоа, молеше за помош


Првата дама на САД, Меланија Трамп, одби формална средба со Олена Зеленска, и покрај нејзините барања. Вниманието во Њујорк го привлече одлуката на Меланија Трамп да одбие формална средба со украинската прва дама Олена Зеленска, и покрај постојаните барања на Зеленска да разговара за киднапираните украински деца. Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги угости […]

Мерко се одмаздува на ДУИ, даде поддршка за независните


Уште еден голем раскол во Националната алијанса за интеграција во Струга. Овој пат, актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, отворено се изјасни за поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што му го сврте грбот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа […]

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината


Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.   Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и […]

Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година


Младите во ЕУ домот на своите родители го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. Генерално младите од северот порано го напуштаат домот на родителите, споредено со младите од појужните држави. Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Црна Гора, во просек до својата 33,3 година, а најрано го напуштаат младите во Финска во […]

Изгоре џип во близина на детска градинка во Кисела Вода


  Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели цветови – објект Мимоза, било опожарено уште едно возило – џип Ренџ Ровер, со словачки регистарски таблички. Според жителите, вистинска паника се создала, бидејќи возилото било паркирано веднаш до/под самата зграда, а пламенот зафатил и надворешен дел од зградата. Станарите испаничени со ќебиња излегувале од […]

Македонија и Албанија на врвот во Евроазија според прекините на електрична енергија


 Геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на континентот „како никогаш досега“. Поради тоа подготвена е нова студија во која Албанија е прворангирана како земја која е најпогодена од прекини на електричната енергија во Европа и Евроазија, а на второ место е Македонија, пишува „Еуроњуз“. Во просек, во Албанија се случуваат околу 40 прекини […]

ЕУ бара 67 милиони назад од Кипар: Истрагата открива корупција во мегапроектот за гас чија судбина е неизвесна


Брисел бара Кипар да врати 67 милиони евра поради скандалозни неправилности во проектот за терминал за течен природен гас, додека Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител води истрага за корупција и проневера. Брисел издаде строго предупредување до Никозија, барајќи враќање на 67 милиони евра од средствата на ЕУ поврзани со недовршениот терминал за регазификација на течен […]

Николоски: Со Грција може да станеме најдобри економски партнери во регионот


Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА […]