Две третини затвореници се повратници – ресоцијализацијата никаква


Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии. Според Пандов, гледано низ призма […]

Беспредметна првата точка на Комисијата со Бугарија – македонската страна го претставила новиот учебник за VII одделение


 Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение. -Средбата […]

Лажетиќ: Заблуда е дека по првиот сообраќаен прекршок ќе ви го одземат возилото


Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа […]

Запишани вкупно 1.830.000 гласачи за локалните избори, 112.000 од нив во дијаспората


 Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за локалните избори изнесува 1.832.415 лица. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Тоа значи дека за 29.539 се зголемил бројот на избирачите што се на привремена работа или престој во странство  […]

Лекарите не сакаат да работат во затворите, ни за 30 отсто повеќе плата поради ризик


Цел на предлог измените на Законот за извршување на санкциите е подобар и посигурен затворски систем со големо внимание на правата на затворениците – од аспект на образование, здравствена заштита и правото на работа. Се прецизираат и некои надлежности на Кривичниот совет, наспроти надлежноста на Судија на извршување на санкции. Се внесуваат измени во делот […]

Дисциплинска за 11 полициски службеници од Велес – не постапувале по пријавите од Росица


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила […]

Сиљановска: Не е лошо во овие чудни времиња да имате пријател некој кој е „the great“


Претседателката Гордана  Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД им порача дека ќе направи се – да бидеме заедно и кога сме одвоени. Таа им препорача да останат сплотени, да не ги пренесуваат делбите, но и да не создаваат делби надвор. – Секогаш […]

Апасиев: Не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев  ја нарече „скандалозно и досега невидено однесување на органите на власта“ спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија одлуката за прв пат во историјата на независна Македонија само на Левица да и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми.   „Скандалот да е уште поголем – не […]

Во ноември ќе се гласа за исфрлање на Израел од Евровизија


Националните радиодифузери ќе одржат гласање за учеството на Израел на Евровизија на „почетокот на ноември“, потврди портпаролот  за POLITICO. Сè поголем број земји (вклучувајќи ги Шпанија, Ирска, Словенија и Холандија) се заканија дека ќе го бојкотираат изданието во 2026 година доколку на Израел му биде дозволено да учествува, наведувајќи ја војната во Газа и влошувањето […]

Мајкрософт ги прекина услугите кон Израел, ги користел за шпионирање на Палестинците


Мајкрософт ги прекина услугите што ги обезбедуваше на израелското Министерство за одбрана, откако откри дека тие се користат за масовно надзор на Палестинците. Во август, The Guardian објави дека израелската војска спроведува масовно надзор на Палестинците, со собирање на податоци од телефонски повици од цивили во Газа и Западниот Брег и нивно складирање на серверите […]

Пристанишните работници од цела Европа ќе го блокираат извозот на оружје за Израел


Пристанишни работници од цела Европа ќе се соберат во Џенова, Италија, денес и утре за да ги координираат напорите за блокирање на пратките оружје што би можеле да се користат во Газа – но притисокот би можел да се прошири во многу поширок трговски бојкот на Израел.Италијанскиот синдикат USB ќе биде домаќин на синдикалци од […]

Сиљановска се сретна со шефот на Бирото за европски прашања во Стејт Департментот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари исклучително корисна средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент на којашто се разменија ставови за повеќе актуелни прашања коишто се од заемен интерес. На средбата, Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања […]

Судот ѝ наложи на „Алтернатива за Германија“ да го напушти своето седиште во Берлин


Граѓанскиот суд во Берлин во петокот одлучи дека крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ ќе мора да го напушти своето седиште во Берлин минатата година по спор со сопственикот. Австрискиот сопственик на зградата се пожали дека „Алтернатива за Германија“ ги прекршила условите од договорот за изнајмување за време на изборната ноќ на во февруари, кога […]

Трамп: Доста е, нема да дозволам Израел да…


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот вечерта изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег. „Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Не, нема. Тоа нема да се случи“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Си-Ен-Ен. Тој рече дека разговарал со израелскиот […]

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, вкупно19 упатени на Пулмологија


Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални заболувања на дишните патишта по големиот пожар во складиштето за електроника. „Само во текот на вчерашниот ден биле прегледани над 100 лица на двата пункта во населбата, од кои осуммина се упатени на […]

Гувернерот Славески на 24. Конференција на Македонска берза: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс


  Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската. Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја […]

Димитриеска-Кочоска: Правиме чекори за да го зајакнеме пазарот на капитал и даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал


Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно. Тој е извор на енергија за компаниите што сакаат да растат, да иновираат и да отворат нови работни места, затоа нашата цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги […]

Тони Блер би можел да ја предводи преодната влада во Газа


Поранешниот британски премиер Тони Блер е во преговори да ја предводи преодната власт во Газа доколку се постигне прекин на огнот, објави Би-би-си.  Блер, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се […]

„Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Молкот за геноцидот е срам за меѓународната репутација на Македонија


Иницијативата „Сите за Палестина“ реагира на изјавите на македонските преставници на Генералното собрание на Обединети Нации каде што присуствуваа на маргинални настани и избегнуваа да бидат дел од главната тема, Палестина. Реакцијата тие ја упатија до претседателката Гордана Сиљановска Давкова порачувајќи дека молкот и и неодлучноста се  срам за меѓународната репутација на Македонија, инаку актуелна […]

ЕБОР прогнозира раст од 3 отсто за македонската економија оваа и идната година


Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од 3% за 2025 и за 2026 година, што е зголемување од 0,4 односно 0,3 отсто во споредба со прогнозата од мај. Во вчера објавениот економски извештај на ЕБОР се наведува дека земјава забележа подобри резултати […]