Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад


Општина Аеродром од 29 септември почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до средината на ноември. Како што наведуваат од Општината, во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери во кои граѓаните ќе можат да […]

Стејт департманот ја укина визата за претседателот на Колумбија, Петро


Американскиот Стејт департмент соопшти дека му ја поништи визата на претседателот на Колумбија, Густаво Петро поради неговите „запаливи акции“ за време на престојот во Њујорк по повод Генералното собрание на ОН. Одлуката е донесена откако Петро им се обрати на пропалестинските демонстранти во Њујорк. Тој вчера на социјалните мрежи објави видео на кои им се […]

Турција побара од УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел


Турција официјално стана првата членка на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која јавно повика на суспензија на Израел од меѓународниот фудбал, оценувајќи ја ситуацијата во Газа како „нехумана и неприфатлива“. Агенцијата Анадолија јави дека претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу, испратил во петокот писмо до лидерите на светскиот фудбал, пред седницата на Извршниот комитет […]

Протече планот на Трамп за Газа по војната: Палестинците нема да бидат раселени, Израел ќе се повлече


Соединетите Американски Држави (САД) им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план, кој содржи 21 точка, за кој велат дека има за цел да ја заврши војната во Газа и да го отвори патот за создавање независна палестинска држава. „Тајмс оф Израел“ имаше ексклузивен пристап до документот што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп […]

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“


Во обид за бирократско поедноставување, Европската комисија планира укинување на своето технолошко правило од 2009 година, поради кое на корисниците на интернет при отворање на нова веб страници им се појавуваат „прозорчиња“ со кои се бара согласност за користење на „колачиња“. „Колачињата“ се основа на интернетот што им овозможува на сопствениците на веб страниците да […]

Златна „Камера 300“ за францускиот кинематографер Давид Шамбиј


Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера. -Се радувам што со вас ја […]

Трамп бара „Мајкрософт“ да и даде отказ на директорката Монако


Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера побара да биде отпуштена претседателката на „Мајкрософт“ за глобални прашања, Лиза Монако. Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) побара Монако да добие отказ поради, како што тврди, е закана по националната безбедност на САД. – Корумпирана и целосно опседната со омраза кон Трамп, Лиза Монако (наводна […]

Жељзаков: Реформата на ОН не е избор туку неопходност


Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков во синоќешниот говор на Генералното собрание на ОН истакна дека реформата на Обединети нации не е избор туку неопходност. Тој наведе дека Бугарија целосно ја поддржува иницијативата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за ревизија на мандатите, структурни реформи и поефикасно користење на ресурсите на организацијата. Жељазков нагласи дека […]

Без струја делови од Ѓорче Петров


 Денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Веле Марков“, „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшковиќ“ и „Рафаел Батино“ во општина Ѓорче Петров. Како што унформираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 09.00 до 15.00 часот. 

Претежно облачно, посвежо со врнежи од дожд


Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно […]

Утре повторно „Марш за ангелите“ во Кочани


Утре во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс. Протестот ќе започне во 17:05 часот.   Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата, продолжува кон Трговскиот центар, па кон Управата за јавни приходи. Ќе се направи кратко запирање на кружниот тек […]

Владејачкото семејство од Абу Даби ќе преземе 15% удел во американскиот TikTok


Владејачкото семејство од Абу Даби ќе преземе 15% удел во американските операции на TikTok преку фондот MGX, врз основа на извршна наредба од американскиот претседател Доналд Трамп. Фондот MGX, со кој претседава шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, исто така ќе добие место во одборот на новата компанија што ќе биде создадена со одвојување на […]

На Водно пронајдени изгубените туристки од Португалија


Денес околу 17 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка. Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше упатен во пребарување на теренот. Во 18.40 двете девојки […]

Фолксваген T-Roc најпродаван автомобил во август во Европа


Европскиот пазар на автомобили забележа раст од 5 проценти во август во споредба со истиот месец минатата година, со вкупно 790.177 продадени возила. Најпродаван автомобил во месецот беше Volkswagen T-Roc со испорачани 14.639 единици, позиционирајќи се како еден од најпопуларните модели досега оваа година. T-Roc на врвот, конкурентите во пад Интересно е што T-Roc постигна […]

Турците тестираат муниција со GPS водење на нов дрон: „Ова ќе ја обликува иднината“


Турското беспилотно летало „Бајрактар ​​Кизилелма“, развиено од компанијата „Бајкар“, успешно го заврши својот прв тест за лет со муниција со GPS водење. Директорот на претседателската одбранбена индустрија, Халук Ѓорѓун, сподели соопштение за тестот, наведувајќи дека е ставен „нов потпис“ на небото. „Нашиот национален беспилотен борбен авион „Бајрактар ​​Кизилелма“ успешно го заврши својот прв тест лет […]

Германскиот канцелар ја критикува фундаменталната промена во политиката на САД


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги критикуваше Соединетите Американски Држави дека повеќе не ги почитуваат правилата, оценувајќи дека тоа претставува дел од фундаментална промена во политиката на транс-атлантскиот партнер на Европа. – Правилата повеќе не се почитуваат, парламентарната демократија е под притисок, слободата на изразување е доведена во прашање, а независноста на судството се потиснува, […]

Унгарија и Хрватска меѓусебно се обвинуваат за воено профитерство


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговори на коментарот на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој во контекст на енергетската соработка, ја обвини Хрватска дека се однесува како воен профитер. – Со огорченост ја отфрлам лажната теза дека Хрватска е воен профитер. Напротив, Хрватска е добар и чесен сосед, наведе Пленковиќ. Тој истакна дека […]

Данска нема да го активира член 4 од НАТО по инцидентот со дроновите


Данска нема намера да го активира член 4 од Северноатлантскиот договор, и покрај тоа што беспилотни летала навлегоа во близина на цивилни и воени објекти и привремено го затворија воздушниот простор на земјата оваа недела, изјави министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен. Член 4 предвидува консултации меѓу членките на НАТО доколку некоја од нив […]

Тотенхем планира да го задржи Палиња


Премиерлигашот од Лондон Тотенхем планира по секоја цена да го задржи Жоао Палиња. Клубот е сè поблиску до одлуката да го откупи договорот, откако Португалецот за кус период стана еден од главните играчи. Палиња во Тотенхем дојде минатиот месец како позајмен играч од Баерн Минхен, а веќе ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и на […]

Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без […]