Муртезани во Данска на состанок на министрите за европски прашања


Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на 1 и 2 септември 2025 година ќе учествува на неформалниот Состанок на Министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија. На состанокот, Министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, […]

Нови правила за одобрување возила


 Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој […]

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј. „Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“. Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада […]

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба минатиот месец во Алјаска отвора пат кон мир во Украина. Путин ова го истакна на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, каде што учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и лидери од Централна Азија, […]

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД


  Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-Би-Си. Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во „форд бронко“ кога нивното возило било удрен од друго возило во американскиот град Манчестер во вторник вечерта. Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во […]

Протече планот на Трамп за Газа: Документот има 38 страници, САД ќе играат клучна улога


Целото население на Газа ќе биде преселено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на Трамп, објави Вашингтон пост во неделата. Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната против Хамас, ќе биде претворена во протекторат што ќе го администрираат САД најмалку 10 години, објави весникот. Една […]

Израел му објави војна на новинарството, 200 медиуми ќе протестираат денес


Повеќе медиуми координираат голем протест денес за да побараат од Израел да го запре убиството на новинари во Газа и да побараат на меѓународниот печат да му биде дозволено да влезе во енклавата за слободно известување. Според организаторите, на демонстрациите ќе учествуваат речиси 200 медиуми од 50 земји, при што печатените весници ќе имаат затемнети […]

Пет претстави на „КУ ФЕСТ“ во Куманово


 Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечер започнува балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“. Фестивалот ќе трае пет дена. – На фестивалот има три претстави на албански јазик (1, 2 и 5. септември), една на српски јазик (3. септември) и една на македонски јазик (4 септември 2025). Отворањето на фестивалот ќе биде во понеделник во 19:30 […]

Голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, сака да се премине во Манчестер јунајтед


Голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, сака да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, 32-годишниот Аргентинец му соопштил на клубот од Бирмингем дека сака да се пресели во Манчестер Јунајтед. Самиот играч и веќе ги договорил личните услови со тимот од „Олд Трафорд“. Мартинез игра за Астон вила од […]

Флик по ремито со Рајо: Барселона може да игра многу подобро


 Тренерот на Барселона, Ханс Флик, не е задоволен од изданието на неговиот тим во натпреварот од 3. коло од шпанското првенство против Рајо Ваљекано (1:1). – Направивме многу грешки, можеме да играме многу подобро. Рајо играше фантастично. Не сум задоволен од мојот тим денес, имавме многу грешки. Мора да играме подобро. Жоан Гарсија одигра фантастичен […]

Германија, од мај досега, спречила 12.000 нелегални преминувања на границата


 Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека засилените гранични контроли ја ограничиле нелегалната миграција откако новата влада стапи на должност во мај. – Од 8 мај досега спречивме 12.000 нелегални преминувања, рече Добринт за јавната телевизија АРД, додавајќи дека меѓу нив има околу 660 лица кои барале азил. Германија на 8 мај ги […]

Си Џинпинг претседава со најважниот самит на Шангајската организација за соработка од нејзиното формирање


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска е домаќин на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во пристанишниот мегаполис Тиенџин, кој се смета за најзначаен од нејзиното формирање во 2001 година. На состанокот учествуваат лидерите на Русија, Индија, Турција и Иран, како и низа евроазиски претставници. Ова е прв самит по враќањето на Доналд Трамп во […]

Македонија по четири години


Премиерот Христијан Мицкоски по повеќе од една година на најодговорната функција сѐ уште не се изјасни пред јавноста каде ја гледа Македонија по четири години од неговиот мандат. Се разбира, ако има проценки, што ќе се  случува во светот, во Европа и на Балканот. Не прашувам после 20 или 50 години, тоа е прашање за […]

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на настрешницата при што загинаа 16 луѓе


 Денеска се навршуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица. Според локалните медиуми, собири на граѓани повикаа на присуство на железничката станица и оддавање почит со 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 […]

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од […]

Кошта заминува на „Тура низ главните градови“ на членките на ЕУ


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ја започнува својата тринеделна турнеја низ земјите на ЕУ насловена „Тура низ главните градови“, чија цел е размена на мислења со шефовите на држави или влади на членките на Унијата за состојбата во блокот и за подготовките на претстојните самити.  – Во текот на следните три недели ќе […]

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген


 Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген.  Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата […]

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори


На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври.  Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 […]

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци


Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.   […]

Седници на неколку собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67. пленарна седница, прва по официјалното завршување на годишиот одмор на пратениците.   На дневен ред на Комисијата за финансирање […]