Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе […]

Се намалува бројот на вработени во индустријата, во јули биле за 3,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани


Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8 отсто во јули 2025 во однос на јули 2024 година, соопшти денес Државниот завод за статистика. Уште понеповолно е ако се споредува бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, при што намалувањето […]

Муцунски до Филипче: Преговорите со ЕУ никогаш не почнаа


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека преговорите со ЕУ никогаш и не почнале за да бидат блокирани. Тој со тоа му реплицираше на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој изјави дека Муцунски зборова само за роаминг и ништо друго. „Венко Филипче денеска повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се […]

МАПАС со 15 отсто поголеми приходи, од еден во друг задолжителен пензиски фонд преминале 15.765 лица


Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска даде поддршка за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) во 2024 година и финансиски извештаи за 2024 година.   Според извештајот, приходите на Агенцијата во 2024 година бележат пораст од околу 15 проценти во споредба со претходната година. Главните […]

Пад на стапката на невработеност во ЕУ во јули 2025


Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни, така и споредено со истиот месец лани, кога невработеноста изнесуваше по 6,0 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.  На ниво на Еврозоната, пак, јулската стапка на невработеност изнесувала 6,2 отсто, што претставува намалување […]

Судскиот совет сака периодот на изборите да го искористи за внатрешна мини реформа


Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите.  Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, вели дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за […]

Околу 150 светски медиуми денеска почнаа кампања за осуда на убивањето новинари во Газа


На покана од Репортери без граници – РСФ (RSF) и Авааз, глобална невладина организација под покровителство на Фондацијата Џорџ Сорос, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема […]

Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните


Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на […]

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – раст од 8,9 отсто годинава


За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се […]

Македонската култура и туризам промовирани во Франкфурт


Во рамките на „Museumuferfest“ во Франкфурт, настан кој секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот свет, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како врвна европска дестинација. Македонија беше претставена како држава со автентична култура, недопрена природа, примамлива гастрономија, земја која има врски со светот, за што зборуваат […]

Учениците од Центар ќе одат на бесплатна екскурзија „Ја сакаме Македонија“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров“ за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. […]

Тешка ноќ за Аеродром и Ново Лисиче


Изминатата ноќ беше исклучително тешка за жителите на Аеродром и Ново Лисиче. Иако се научени на енормно загадување, пожарот во депонијата Вардариште  ги претвори двете населби буквално во „гасна комора“. Дилемите – може ли и каде да избегаат од неподносливата смрдеа и отровите, како да ги заштитат децата од страшните последици, колку вакви ситуации можат […]

И по 10-20 години наставници работат по договор: Ѓорѓиевски гледа напредок


Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините […]

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ


  Сомнителен руски напад насочен кон Урсула фон дер Лајен ја оневозможил навигацијата на нејзиниот авион на бугарскиот аеродром и ги принудил пилотите да слетаат користејќи хартиени мапи, објави „Фајненшл тајмс“. Авионот која ја носеше шефицата на Европската комисија кон бугарскиот град Пловдив ги изгубил своите електронски навигациски помагала во неделата попладне додека се приближувал […]

Историски пресврт: Крајната десница води во трите најмоќни земји во Европа


За прв пат во модерната историја, популистичките или крајно десничарските партии водат на анкетите во три од најмоќните земји во Европа – Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е најновиот знак за растечко незадоволство на гласачите на континентот по години висока имиграција и инфлација, објави „Волстрит џурнал“. Крајно десничарските и антиимиграциските партии веќе влегоа во […]

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ не се чувствуваат виновни


Mухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, […]

Заборавен зачин кој го чисти црниот дроб подобро од кој било додаток во исхраната


Додека сите бркаат егзотични додатоци и чудотворни капсули, еден зачин тивко седи во фрижидер – заборавен, потценет, а всушност моќен сојузник за здравјето на црниот дроб. Тоа е рен – корен кој се користи во нашата земја за печење, но малкумина знаат дека има силен ефект врз црниот дроб, жолчката и целиот дигестивен систем. Зошто […]

Џуд Ло се трансформира во Владимир Путин за „Волшебникот од Кремљ“, 11 минутни овации во Венеција


Венеција  – Џуд Ло се трансформира во Владимир Путин за „Волшебникот од Кремљ“ на Оливие Асајас, кој ја имаше својата светска премиера во недела на Филмскиот фестивал во Венеција. Доби овации од 11 минути и 42 секунди. Се уште згодниот Ло претходно изјави дека не влегол во проектот наивно и дека не се плаши од последици […]

 Од полноќ поскапува дизелот


Цената на бензините не се менува, дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 75 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари за литар. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) […]

Филипче: Министерот за надворешни место за ЕУ зборува за роаминг


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини владата дека со изговори и недејствување ја блокира европската иднина на земјата.  „Ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од целата Европска Унија, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со Европската Унија. Едно […]