Протести, контрапротести и инциденти во Србија


Неколку инциденти се забележани во Србија на собирите на поддржувачите на партијата на претседателот Александар Вучиќ и граѓаните кои ги поддржуваат студентите. Како што јавува Н1, пред зградата на Јавниот сервис полицијата агресивно ги потиснувала демонстрантите дојдени да изразат поддршка на студентите, како не би им дозволила да дојдат во близок контакт со поддржувачите на […]

Левица: Мицкоски ги нарекува лешинари сите што бараат правда, а го наштима предметот за Кочани


Левица смета дека Објавените разговори во сторијата на ИРЛ уште еднаш ја потврдиле мафијашката спрега меѓу ВМРО-ДПМНЕ, институциите и криминалот.Додека Христијан Мицкоски ги нарекува „лешинари“ сите оние кои бараат правда – неговата власт го наштима предметот за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, соопштија од Левица. -Додека лицемерно го обвинува судството и обвинителството за […]

Филипче ги повика заблудените од ЗНАМ да се вратат


СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ. -Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа […]

МЗ го престави Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница


Министерството за здравство, преку објава на ФБ го промовираше приказот на идниот Меморијален центар во Тетово во спомен за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.  По пожарот во модуларната болница во Тетово, кој однесе 14 животи, истрагата сѐ уште нема разрешница. Во трагедијата загинаа 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини. Пожарот ја […]

Црногорска министерка тешко повредена во сообраќајна несреќа


Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во 14:45 часот на автопатот од градот Драгаљ до Грахово до Рисно, соопшти Полициската управа, објави Вијести. Се додава дека Кордиќ била патник во возило на Министерството за туризам, кое го управувал возач на тоа Министерство. Освен Кордиќ, […]

Во Германија пронајдено едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот 


Германската компанија за истражување и производство на нафта и гас „Нептун Енерџи“ минатата година ја доби првата лиценца за производство на литиум во земјата, а сега потврди и постоење на 43 милиони тони еквивалент на литиум карбонат (LCE) во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт. Откритието би можело да ги промени перспективите за снабдување со суровини за […]

Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар


Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш.  Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие […]

Орце Ѓорѓиевски ветува градење без комуналии за младите парови


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави мерка со која млади брачни парови до 40 години, без друг имот, би добиле до 100% ослободување од комуналии при изградба на семејна куќа до 120 м². Според планот, Градот би се откажал од своите 60% од комуналиите, а целосно ослободување би важело во […]

Братот на судијката што го води случајот „Пулс“ добивал мито од газдата, а го нема во обвинетите


Иако единаесета на листа по бодови Даниела Димовска на 3 јули беше избрана за претседател на Кривичниот суд во Скопје. Петнаесет дена подоцна на 18 јули токму Кривичниот суд го доби предметот за дискотеката Пулс. Магично, во обвинението недостасуваат инспекторите од УЈП кои газдата на клубот Деко ги подмитувал, а еден од нив е брат […]

Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција


Судот во кинеската провинција Џилин денеска го осуди на смрт поранешниот кинески министер за земјоделство Танг Тенџијан, поради корупција. Смртната казна ќе биде извршена по две години, бидејќи Танг признал вина. Танг од 2007 до 2024 година бил на повеќе функции, а според судот, за тој период незаконски се стекнал со 268 милиони јуани (37,6 […]

Хамас бара 24-часовен прекин на израелските воздушни напади врз Газа


Вооруженото крило на Хамас – Бригадите Ал Касам го повика Израел да ги прекине воздушните напади 24 часа поради заложниците. Бригадите Ал Касам тврди дека изгубила врска со заложниците Матан Англест и Омри Миран поради израелските напади врз Појасот Газа. Вооруженото крило на Хамас бара 24-часовен прекин на израелските напади да почне денеска во 18 […]

ВЛЕН: Али Ахмети е бизнис кум на Мијалков и Вучиќ


ВЛЕН тврди дека компанијата “АС Сењак“, во сопственост на близок роднина на Али Ахмети,  продавала акции во Стопанска банка – Битола на Алта банка од Белград, банка која е директно поврзана со режимот на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17 септември годинава, односно пред десет дена. Ова, според ВЛЕН,  е доказ дека семејството […]

Филипче: Апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ е најопасно нешто за државата


На денешната конвенција на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче порача дека како партија не ветуваат спектакли, не нудат лаги и шарени програми, туку остварливи, реални програми и служба во интерес на граѓаните. СДСМ Според него, Македонија во моментов нема подобри кандидати од оние на СДСМ, додавајќи дека станува збор за професионалци во своите области […]

Доаѓа ли со авион: Во Струмица лут пипер 30 – 40 денари, на пазарот во Ѓорче 100 денари!


Благ пипер 40 – 50 денари, лут 30 – 40 денари, краставици 25 – 30 денари, домати 35 – 50 денари, корнишони 25 -30 денари, зелка 10 денари, компир 25 – 30 денари. Ова се цените на некои од земјоделските производи на кванташкиот пазар во Струмица. Доколку се споредат со оние на зелениот пазар во […]

Адеми: Каде завршија 250 милиони евра од унгарскиот кредит, Албанците надвор од листата на корисници


 Национална алијанса за интеграција ја изразува својата најдлабока индигнација кон дискриминаторските политики на оваа влада, која според нив не само што не ги почитува колективните права на Албанците, туку ги исклучува и од економскиот развој на земјата. -Фактите се шокантни: 250 милиони евра државно субвенционирани кредити се распределени за македонски компании, додека албанските компании добиле […]

Јакимовски: Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент


 Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. -Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош […]

Која е Маријан Бајоф Илич – „Ќерка на Македонија“?


На гала-вечер во Детроит, Обединетата македонска дијаспора ѝ го додели признанието „Ќерка на Македонија“ на 92-годишната Маријан Бајоф Илич, коосновачка на „Литл Цезарс“. Во емотивно обраќање, таа проговори на македонски, се повика на корените од Буф и Битола и дури навести дека „Цезар“ пиците би можеле да стигнат и во Македонија. Признанието доаѓа како симболична […]

БГНЕС: Воден е „бугарскиот Манчестер“ во Егејска Македонија


Древниот бугарски град и главен град Воден е познат по своите водопади, кои денес се природни убавини, а во неодамнешното минато биле извор на благосостојба за Бугарите во градот, пишува БГНЕС во денешниот текст во кој се гледа невидена леснотија со која се прогласуваат бугарски градови во Грција, а Софија не бара за тоа да […]

Осветувањето на храмот „Свети Константин и Елена“ низ фотографии


По цели 13 години изградба, одложувања и жестоки јавни контроверзии, црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија конечно беше отворена денес.  Ова не е само обична црква; таа е еден од централните споменици на контроверзниот проект „Скопје 2014“. Нејзината изградба, која започна во 2012 година и беше дочекан со масовни граѓански протести. Главните критики […]

Орце Ѓорѓиевски во црква место да ги решава депониите


По многу децении на чекање и борба, Скопје повторно го добива својот свет храм како живо сведоштво дека Божјата промисла е посилна од сите човечки планови и дека верата никогаш не може да се сруши, изјави денес Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, на церемонијата за свечено отворање […]