Колерата се шири низ целиот свет


 Глобалната ситуација со колерата продолжува да се влошува поради конфликтите и сиромаштијата, што претставува значаен предизвик за јавното здравје во неколку региони, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Помеѓу 1 јануари и 17 август оваа година, низ целиот свет се пријавени 409.222 случаи на колера и 4.738 смртни случаи, при што шест од 31 земји […]

Гутереш: Улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење


 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, за време на состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на безбедносниот форум во Тјенџин, изјави дека улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење. -Во време кога мултилатерализмот е нападнат, поддршката на Кина е исклучително важен елемент што треба да се зачува, […]

Торнадо ја погоди северна Италија


Силни бури погодија големи делови од Италија, особено на север каде што е предизвикана голема штета, соопштија службениците за вонредни ситуации. Во Ломбардија, торнадо искорна неколку дрвја и откорна покриви од куќи на околу 40 километри североисточно од Милано, според противпожарната служба. Град со парчиња мраз со дијаметар до осум сантиметри го погоди и Пиемонт, оштетувајќи […]

Зошто „Рајанер“ лета од сите земји во регионот, само не од Македонија?


  Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ има летови од сите земји од регионот, со исклучок на Македонија. Вицепремиерот Александар Николоски изјави за регионалниот специјалзиран портал „Екс-ју авиејшн“ дека причината за тоа се високите барања на авиокомпанијата за субвенционрање на таквите летови, кои доколку се прифателе ќе ја банкротирале државата. Сепак, симптоматично е што Македонија е единствената […]

Пожар кај салата „Борис Трајковски“, силен ветар во Скопје со прекини на струја


Силно невреме попладнево го зафати главниот град, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија. Пожар попладнево изби над Нерези и поради силниот ветер забрзано се шири кон Водно. Пожар има и во близина на салата „Борис Трајковски“ каде гори ниска сува трева, а бројна полиција ги спречува возилата да се движат по […]

Османи од Чаир: Поддршка за самохрани мајки, жени во ранливи категории и претприемачки


Под мотото „Жените ја движат промената“, денес во Чаир беше претставен пакет мерки кој, според кандидатот за градоначалник Бујар Османи, отвора ново поглавје на реална грижа и поддршка за жените – вистинските хероини на секојдневието. Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде основата на овој пакет и ќе обезбедува финансиска и социјална помош […]

Се вадат бекатонките на „Орце Николов“ и се асфалтира! За современ изглед


Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Старите бекатонки се отстрануваат, а на нивно место се поставува нов асфалт, со што улицата добива современ и уреден изглед. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека оваа реконструкција е пример за тоа како со брза и […]

Виз ер „извиси туристи од Белград“. Место дома, ноќеска ги истоварил на Скопскиот аеродром


Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“. Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки […]

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон


Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон.  Трката, според судијата Марјан Бошалевски, е прекината во близина на хотел Гранит. – Големото невреме проследено со високи бранови предизвика проблеми кај пливачите. Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на […]

На летување во Грција почина психијатарот и ексдиректор на Здравствен дом – Скопје Виктор Исјановски


Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава од јуни 2019 година до смената на власта во 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите расположливи ресурси беше ставен во функција на борбата со Ковид-19, особено во процесот […]

Уште 10 отсто од учебниците не се доставени до училиштата, ќе има за сите ученици


Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во […]

Мицкоски ја отфрли идејата на Филипче за резолуција за „црвените линии“ на Македонија


Она што е неопходно за граѓаните и за Македонија е прецизна политика, јасна перспектива во битката со аргументи, создавање сојузници, објаснување на нашите тези. „Нашата позиција како Влада ја знаете. Не треба да ја повторувам, така што тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, коешто е поразено. Имаме иднина која што е иднина […]

Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци со парите од унгарскиот кредит


Во Кавадарци се врши комплетна реконструкција на градскиот базен, а за таа намена ќе бидат потрошени 48 милиони денари. Денеска во посета на Кавадарци беа и премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска. „Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци…“, рече Мицкоски. „Општина Кавадарци во првите два […]

По растот на БДП во првиот квартал, Мицкоски очекува растот да продолжи во вториот и третиот квартал годинава


Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, […]

Уште гори кај Тиквешкото Езеро и кај Долгаец


На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК.  Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица „АСНОМ“ каде […]

Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов


Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за Киев Индепендент потврди дека жртвата бил Парубиј. – […]

Правнукот на Мусолини дебитираше во Серија А


Правнукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, Романо Флоријани Мусолини, дебитираше во петокот вечер во Серија А во натпреварот меѓу Кремонезе и Сасуоло. Мусолини влезе од клупата за резерви во 82. минута на местото на Алесио Зербино и изнуди пенал со кој Кременозе на крајот ја обезбеди победата. „Премногу работи се случија за прекратко време. Не […]

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на Филипче инвеститорите не доаѓаа, бегаа! Тој пак тврди дека странските инвестиции се преполовени


Венко Филипче денеска повторно држи лекции за економија. Иронијата е дека човекот што летуваше на јахти додека народот едвај преживуваше, сега зборува за „достоинство“ и „развој“, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на ставовите на Филипче. „Во негово време, инвеститорите не доаѓаа, бегаа. Македонија ја гледаа како држава заробена во корупција, рекети и фантомски фирми. Единствениот […]

Дел од Далмација под вода, автопатот затворен, наврна 103 л/м2 дожд


 Утрово, автопатот А1 беше затворен пред излезот Равча во правец на Сплит, а бројни возачи беа заглавени во колона и имаа тешкотии при движењето по натопениот асфалт. Според автоматската мрежа на станиците „Пљусак“, во Подгора кај Макарска наврнаа екстремни 103 литри дожд на квадратен метар, објавува „Слободна Далмација“. Силен дожд наврна и во Макарска – […]

Путин: Русија и Кина заедно против санкциите кои ја попречуваат глобалната трговија


 Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на дискриминаторските санкции во глобалната трговија, кои го попречуваат светскиот социо-економски развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пишано интервју за кинеската новинска агенција Синхиа. Двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери, рече Путин, пред четиридневната посета на најголемиот руски трговски партнер. – Накратко, […]