ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во […]

Се комплетира тимот од странски експерти кои ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници


Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници. Листата со имиња на странските експерти, како што најави министерот за здравство Ази Алиу, треба да биде комплетирана денеска. Алиу во саботата изјави дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а […]

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови


Под мотото „Побарај ја забавата“ денеска почнува петнаесетото издание на Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија. Како што најави организаорите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во девет градови низ земјава од 25 август до 6 септември на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од […]

Заврши годишниот одмор за пратениците


Годишниот одмор за пратениците официјално заврши. Работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. Освен брифингот со новинарите, на собраниската веб страна нема најави за други активности сѐ […]

Сончево со температура до 32 степена


Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во […]

Поетите на СВП создаваа стихови со вината на Тиквеш


Струшките вечери на поезијата ја продолжија неколку децениската соработка со винарската визба Тиквеш. Поетите за време на фестивалот, од 21 до 25 август, уживаа во одбраните македонски вина на Тиквеш, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното испишани низ годините, на етикети од посебна едиција, која е уникатен спој на виното и […]

Венценосецот Иван Штрпка избран за почесен член на ДПМ


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка , овогодишен лауреат на Златниот венец на СВП , е избран за почесен член на ДПМ. Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на СВП, на Штрпка, му беше […]

Врачени највисоките признанија на Струшки вечери на поезијата


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка синоќа на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2025 година на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата.    На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 25 август 2025 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Лавров изјави дека Украина има право да постои само ако ги исполни условите на Путин


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си изјави дека Украина може да „постои“ само под еден услов – ако ги „ослободи“ териториите анектирани од Русија. Претходно, Ројтерс објави, повикувајќи се на извори, дека ова е барањето што Владимир Путин го постави како услов за завршување на војната. […]

Ванковска побара од Сиљановска да го прекине молкот околу трагедијата во Газа


  Професорка и претседателски кандидат, Билјана Ванковска, ѝ упати отворено писмо на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, обвинувајќи ја за „молк“ околу војната во Газа и повикувајќи ја да заземе „јасен, гласен и морален став“ во име на државата. „Ви се обраќам како професорка на професорка, жена на жена, мајка на мајка, баба на баба“, пишува Ванковска, […]

Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати


  Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот отчет изјави дека „ДУИ и СДСМ имаат таен план координиран меѓу нив – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска му одговори дека тој самиот создава сценарија за хаос затоа што владата по 14 месеци не може да испорача […]

Мицкоски му одреди на Орце Ѓорѓиевски што да работи како градоначалник на Скопје


  Христијан Мицкоски не сака да биде само премиер туку и градоначалник на Скопје по локалните избори. Или евентуално алтернативен градоначалник со клучно право на глас. На денешниот втор ден од отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот хотел „Холидеј ин“ тој ја објави својата визија – или подобро речено, програма – што треба да […]

24 август во историјата – Вулкан ги уништи Помпеја и Херкуланеум


  Ерупцијата на Везув во 79 година од н.е. е една од најпознатите и најкатастрофални вулкански ерупции во историјата. Оваа ерупција се случила на 24 август и резултирала со уништување на римските градови Помпеја и Херкуланеум, кои се наоѓале во близина на Неаполскиот Залив во југозападна Италија. Везув е еден од ретките активни вулкани на […]

Родители тепаа туѓи деца: Инцидент во Штип на фудбалски натпревар од пионерската лига на Македонија


  И тоа почна да се случува. Да има тепачки кога играат пионери во државната лига во фудбал. Родители влетуваат во теренот да тепаат деца од противничката екипа. Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип […]

Србија ги ограничува маржите на 20 отсто за 24 трговски синџири


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес најави ограничување на маржите во продавниците, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Како што изјави, маржите ќе бидат ограничени на 20 проценти и ќе важат за 24 трговски синџири. „Во наредниот период ќе донесеме закон за трговија, ќе донесеме закон за заштита на потрошувачите, […]

Не се само два потписи, има и други обврски за независните, вели Борис Кондарко


  Потребен е целосно нов Изборен законик со попрецизно дефинирани изборни правила, вели претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко во интервју за Радио слободна Европа. Според него, Изборниот законик не ја опфаќа само работата на изборните органи, туку и финансирањето на партиите, кампањата, медиумите. Кондарко порачува дека треба да се размисли за начинот на […]

Пијалоците во стаклени шишиња содржат повеќе микропластика отколку оние во пластични. Виновни се капачињата


  Инспекторите во државната агенција за храна на Франција откриле дека некои стаклени шишиња содржат повеќе микропластика од другите пакувања, вклучително и оние направени од пластика. Откритието доаѓа по тестовите на лабораторијата за безбедност на храната АНСЕС, која ги идентификуваше капачињата од шишиња како можен виновник. „Нивото на микропластика беше откриено дека е повисоко во […]

САД одобрија продажба на илјадници ракети ЕРАМ за Украина со дострел до 450 километри


  Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на на Украина на 3.350 воздушни ракети со проширен дострел (ЕРАМ) за напад, со дострел од 250 до 450 километри. „Волстрит џорнал“ објави, повикувајќи се на двајца високи американски функционери, дека одлуката е донесена минатата недела. Договорот е дел од пакетот за воена помош од 850 […]

Норвешка и Германија ќе купат два системи „Патриот“ за Украина


  Норвешка, заедно со Германија, ќе купи и ќе испорача системи за воздушна одбрана „Патриот“ и радарски системи на Украина. Ова го соопшти норвешката влада, прецизирајќи дека станува збор за заедничко купување на два системи за воздушна одбрана. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе изјави дека Осло издвојува околу 7 милијарди норвешки круни (приближно 695,7 милиони […]