Влада: Се ефектуира Договорот за грант од 3,7 милиони евра од ЕИБ за железничкиот Коридор 8 кон Бугарија


Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба. – По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, […]

Се проширува истрагата за Епстајн: на удар „роденденската книга“


 Одборот на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епстајн побара предавање на нови документи, меѓу кои и книга со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си. Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во […]

Инвестициите во обновливи извори на енергија во САД се намалија за 36 отсто поради политиката на Трамп


Инвестициите во проекти за обновлива енергија во Соединетите Американски Држави се намалија за 36 проценти во првата половина од 2025 година, како резултат на промените во политиката на Белата куќа што ги зголемија ризиците и ја намалија довербата на инвеститорите, според извештајот на Блумберг објавен денес. Според податоците, инвестициите се намалени за 20,5 милијарди долари […]

Германски „Рајнметал“ сака да произведува барут и артилериски гранати во Бугарија


Германски „Рајнметал“ планира да произведува барут и артилериски гранати од 155 милиметри во Бугарија според два договори за заедничко вложување вредни повеќе од милијарда евра, соопшти денес европскиот одбранбен гигант. Бојко Борисов, лидер на бугарската владејачка централно-десничарска партија ГЕРБ, вчера објави на Фејсбук дека се сретнал со извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер, во седиштето […]

На грчкиот пазар на трудот му недостасуваат околу 200.000 работници


Демографските предизвици се чувствуваат сè повеќе во Грција, а масовните пензионирања се закануваат да го нарушат производството и социјалното осигурување, додека истовремениот економски развој на земјата води и кон создавање нови работни места, објавува новинската агенција Бета. На Грција ќе ѝ бидат потребни дополнителни два милиони работници во следните десет години, од кои една четвртина […]

ЛШ: Вечерва на распоредот реванш натпреварите од плејофот


Три реванш натпревари од плејофот во Лигата на шампионите се на распоредот вечерва кои ќе одлучат кој ќе се пласира во групната фаза од елитното европско натпреварување. Програмата започнува во Казахстан, каде што Каират Алмати ќе биде домаќин на Селтик во 18:45 часот. Шкотскиот шампион влегува во реваншот со водство од 1-0 од првиот натпревар. […]

Тамара Котевска ги спојува најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност


Тамара Котевска по успехот со  „Медена земја“, (три награди на Санденс и две номинации за Оскар) и долго патешествие со „The Walk“ со сириските бегалци низ Европа, со новите два документарци ги освојува и најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност – Сибир и Венеција. Светската премиера на нејзиниот трет долгометражен документарен филм „Силјан“е […]

УЈП: Илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги


Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство. Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат […]

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска, во рамки на дводневната работна посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. Како што информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Кос ја нагласија силната поддршка за проширувањето на Унијата, и од страна на земјите […]

САД порано беа рај за истражување, сега, научниците ги пакуваат своите куфери


Не е прв пат Џејмс Гербер и Лиза Хилбинк да ги спакуваат своите работи и да си заминат. Во изминатите 23 години, брачниот пар академици ја изнајмувале својата двокатна куќа во Минесота неколку пати – за време на сабатски периоди или стипендии. Тие ги сокриле во кутии семејните фотографии, ракотворбите од патувањата во Латинска Америка […]

Алексис Ципрас се враќа во политиката?


  АТИНА – Перспективата поранешниот премиер Алексис Ципрас да се врати во грчката политика на водечка улога добива на интензитет во последните недели. Но, иако кревката политичка средина во земјата може да му отвори простор на левичарскиот политичар, тој не треба да очекува добредојде на црвен тепих. Ципрас управуваше со медитеранската земја во текот на […]

Врачена државната награда „Мајка Тереза“: Направи нешто добро и заборави на тоа


Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“. Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и […]

Шукова сака да го направи центарот на Скопје пешачка и велосипедска зона


  Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова, предлага центарот на главниот град да се ослободи од автомбили и да се претвори во пешачка и велосипедска зона. За време на нејзината прошетка во таканречениот Мал ринг таа изјави: „Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен […]

ЕК ги отфрли заканите на Трамп во врска со регулирањето на технолошките компании


Суверено право на ЕУ и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија, одговори  Европската комисија на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи за сите земји што ги регулирале активностите на американските технолошки компании. Суверено право на Европската унија и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на […]

Левица: Место да го затвори, ВМРО-ДПМНЕ му дава пари на Универзитетот на Рамиз Мерко


Партијата Левица објави денес дека место да го затвори, ВМРО-ДПМНЕ му дава пари на Универзитетот на Рамиз Мерко.   „Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко. Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите […]

Германската автомобилска индустрија затвори 52.000 работни места за една година


Германскиот индустриски сектор брзо се ослободува од работни места, а автомобилската индустрија е предводник, покажуваат податоците од консултантската фирма EY. За една година, автомобилскиот сектор затворил околу 51.500 работни места, или речиси седум проценти од работната сила, според анализата што ја видела ДПА. Во 12-те месеци до 30 јуни, целиот индустриски сектор забележа пад на […]

Украинските патишта се покриваат со мрежа против дронови (ВИДЕО)


Мрежи против дронови се шират по патиштата на градовите на првата линија. Мрежа над улиците – новата архитектура на војната. „Дроновите летаат подалеку, носат потешки товари, а вештачката интелигенција може да се користи за нивна контрола. Херсон јасно го покажува тоа: главните патишта се ефикасно на удар на непријателските дронови. Мрежите се сепак привремени решенија, […]

Скопјани тешко дека есенва ќе се возат со нови или редовни автобуси


Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје не може да добие официјален возен ред, одобрен од советниците во Град Скопје, а не пак нови или дополнителни автобуси. На денешната, една од последните, седници на Советот на Град Скопје, повторно не беше изгласан возниот ред кој би соодветствувал на реалната слика на терен, па скопјани да знаат кога […]

Канадска фоторепортерка даде отказ на Ројтерс, не сака да учествува во „предавството кон Газа“


Канадската фоторепортерка Валери Зинк даде отказ по 8 години соработка со Ројтерс, критикувајќи го ставот на новинската агенција за Газа како предавство на новинарите. Таа ја обвини агенцијата дека го оправдува и го овозможува убиството на 245 новинари во палестинската енклава.   „Во овој момент ми стана невозможно да одржувам врска со Ројтерс, имајќи ја […]

Комерцијална банка го донесе Apple Pay за своите клиенти во Македонија


Комерцијална банка денеска го воведе Apple Pay за корисниците на нејзините картички. Apple Pay е лесен, безбеден и личен начин за плаќање во продавница, преку апликација или онлајн. За плаќање во продавница клиентот едноставно кликнува двапати на страничното копче, се автентицира и го држи својот iPhone или Apple Watch блиску до терминалот за да направи […]