Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата низ државава ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје пак, минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 […]

Катастрофа за Ново Нордиск, акциите потонаа 33 отсто за една недела


Акциите на данската фармацевтска компанија Ново Нордиск, производител на лекот за слабеење Вегови, паднаа за 33 проценти за една недела. Некогаш највредната европска компанија, ја намали својата прогноза за раст на приходите за целата година на помеѓу 8 и 14 проценти од претходната прогноза од 13 до 21 процент, а инвеститорите исто така беа оставени […]

Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп


Владата на САД започна формална истрага за поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше два случаи против сегашниот претседател Доналд Трамп пред да биде реизбран за претседател на САД. Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека истражува дали Смит го прекршил Законот „Хач“, кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички […]

Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика, не му допаднаа податоците за бројот на вработени


Претседателот Доналд Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика на трудот во петокот, неколку часа откако агенцијата објави дека растот на работните места во САД се забавил речиси до застој. Во објава на Truth Social, во која исто така упати повеќе критики кон претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, Трамп ја обвини комесарката на […]

Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад


Пожар избувна во складиште за гориво во рускиот град Сочи на Црното Море по напад со украински дрон, информира денеска гувернерот на Краснодарската територија Венијамин Кондратиев на Телеграм. Пожарот започна од запален танкер. Кондратиев додаде дека повеќе од 120 пожарникари се мобилизирани за да го изгаснат пламенот. Регионалниот гувернер напиша дека целта била во областа […]

Интер Мајами ја победи Некакса на пенали во Лига купот, Меси се повреди


Интер Мајами ноќеска ја победи Некакса на пенали во натпреварот од групната фаза на Лига купот (2:2, 5:4 — пен.). Теласко Сеговија и Жорди Алба постигнаа голови за Интер, вториот постигна гол во 90+2 минута. Стрелци за мексиканскиот клуб беа Томас Бадалони и Рикардо Монреал. Интер Мајами беше попрецизен во изведувањето на пенали — 5:4. […]

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“. Вајли со 28 поени беше прв стрелец во […]

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново


Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти денеска […]

Луѓето со висок холестерол треба да ги избегнуваат овие намирници: Две се особено ризични


Зголемениот холестерол сериозно го нарушува здравјето на срцето и крвните садови бидејќи предизвикува насобирање масти во артериите, зголемувајќи го ризикот од срцев удар и мозочен удар. Ова доведува до атеросклероза, акумулација на масти во крвните садови и го зголемува ризикот од срцеви компликации. Според упатствата, мажите треба да консумираат не повеќе од 30 грама заситени […]

(Видео) Пијавица и метеоцунами во Истра, град со големина на јајце во Словенија


Словенија и Хрватска сенеска се зафатени од невреме, кое донесе појава на пијавици, а нкаде и крупен град. „Бидете подготвени за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имотот и дрвјата“, предупреди претходно Хидрометеоролошкиот завод. „Сателитските снимки откриваат области со многу грмотевици. Бурите во северниот […]

Револуција во физиката: Антиматеријата за прв пат е фатена во квантна состојба


Научниците во ЦЕРН постигнаа историски успех: за прв пат успеаја да изолираат и анализираат честичка од антиматерија во недефинирана квантна состојба позната како суперпозиција, пишува Science Alert. Иако квантното однесување на обичната материја е темелно проучено и веќе се користи за развој на квантни компјутери, овој пробив со антиматеријата има многу подлабоко значење. Не станува […]

Понеделник и вторник нè чекаат дождови


В понеделник на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната […]

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година


Глечерите во Швајцарија се топат со алармантна брзина оваа година, а научниците предупредуваат дека губењето на ледената покривка започнало неколку недели порано од вообичаеното поради зимата со слаб снег. Денот на губење на глечери пристигнува порано од кога било Денот на губење на глечери (GLD) се одбележува секоја година од истражувачите во Швајцарија. Тоа е […]

Трајко Карев, внук на претседателот на Крушевската Република: Најголема болка ни е што Никола Карев беше избришан од химната


На средбата со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на  претседателот на Крушевската република, Никола Карев, го испивме кафето во „Крушевската одаја“. Веднаш пред споменикот на Никола Карев, пред Гумење, е куќата на Кареви. А, нив ги има повеќе фамилии. Седумдесет и осум годишниот Трајко, со задоволство и гордост, ја почнува својата […]

Шкотската полиција заплени кокаин во вредност од речиси черити милиони фунти


 Шкотската полиција заплени дрога во проценета вредност од 3,68 милиони фунти (4,77 милиони долари) за време на рација во Глазгов. Како што пренесе ДПА, полициските службеници вчера извршиле налог за претрес каде што пронашле големо количество кокаин. Полицијата на Шкотска соопшти дека истрагата е во тек за да се идентификуваат и пронајдат вклучените лица. – […]

Под контрола два пожари на отворен простор


Податоците на Центарот за управување со кризи покажуваат дека во моментот во државава има два пожари на отворен простор кои се под контрола.  Според ЦУК, под контрола се пожарот на планината Готен кон беровска страна каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација и пожарот кај селото Стровија во општина Долнени каде […]

Ледецки постави рекорд по број на победи на светските првенства


– Американката Кејти Ледецки денес победи во финалето на 800 метри слободен стил на Светското првенство во Сингапур. Нејзиниот резултат беше 8 минути 5,62 секунди. Дваесет и осумгодишната пливачка постави нов рекорд на светските првенства во оваа дисциплина, а стана и рекордерка по број на победи на светските првенства (23). Австралијката Лани Палистер го освои второто […]

Пожар во близина на нуклеарната централа Запорожје


Гранатирањето од страна на украинските вооружени сили предизвика пожар во индустриската зона во близина на нуклеарната централа Запорожје, кој е локализиран, соопштија денеска претставници на централата. – Како резултат на артилериското гранатирање од страна на украинските вооружени сили во областа на нуклеарната централа Запорожје, избувна пожар во индустриската зона. Благодарение на брзите и координирани акции […]

Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност: „Србија не ја прифаќа пресудата против Милорад Додик“


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата коментираше за пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и рече дека е донесен заклучок дека пресудата не се прифаќа. На прес-конференцијата по состанокот на Советот за национална безбедност на Србија, Вучиќ рече дека партиите од Сараево се заканувале пред пресудата. „Пресудата политички се подготвуваше со огромен […]

Сосед истепал 9-годишно дете во Виница


Вчера. во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото. Според пријавеното, детето било нападнато од страна на нивниот сосед С. Т. (45). Оолициски службеници од НККР при ОВР Виница, преземаат мерки за целосно […]