Дознајте што ве очекува овој август! Индиските астролози понудија месечни прогнози за сите знаци


.Месечниот хороскоп за август според прогнозите на индиските астролози гласи: Овен Марс ја поттикнува вашата мотивација, но и вашето нетрпение. Пазете се од брзи потези. Останете искрени во вашите должности и избегнувајте премногу емотивни одлуки. Финансиската дисциплина се исплати. Планирајте јасно. Бик Емоционалната чувствителност дома се зголемува. Избегнувајте груби зборови. Негувајте ги вашите врски, тоа […]

Многу корисно: Зошто не треба да го фрлате расипаното млеко?


Дури и да е расипано, млекото може да се користи за многу намени… Внимателно погледнете ја бојата на расипаното млеко, ако е со нормална боја, бела – сè уште може да се користи. Ако ја променило бојата, фрлете го. Калциумот во млекото може да им помогне на растенијата да растат побрзо и да ги заштити […]

Колку чини да се стане граѓанин на ЕУ? Една од најпопуларните земји од 150 ја зголеми цената на 1.000 евра


Цената на таксите што се плаќаат при аплицирање за државјанство се разликува меѓу земјите на Европската Унија, а некои земји-членки драстично ги зголемија овие бројки оваа година. Постапката за добивање државјанство на друга земја се разликува според законите на земјата, а постапката честопати вклучува сложена постапка и бара многу пари за административни трошоци. Ова е […]

Каде во Европа е најчистиот воздух и вода? Овие градови се еколошки шампиони и лидери во здрав живот


Извештајот на ЕЕА открива кои европски градови имаат најчист воздух и вода, споредувајќи ги мерките за загадување и животната средина. Бидејќи сè повеќе луѓе низ целиот свет се селат во градовите во потрага по подобри деловни можности и позначаен општествен живот, прашањето за квалитетот на воздухот станува сè поважно. Според најновиот извештај на Европската агенција […]

Иран формира Совет за одбрана предводен од претседателот Пезешкијан


Врховниот совет за национална безбедност на Иран вчера го одобри формирањето на Совет за одбрана, чиј претседател ќе биде иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Советот за одбрана ќе биде одговорен за „централизирање на одбранбените планови на земјата и подобрување на капацитетите на иранските вооружени сили“. Советот ќе ги вклучува шефовите на трите гранки на власта, извршната, […]

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија


Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, беше награден со престижната награда за најдобра анимација (Best Animation Award) на овогодинешното издание на Ariano International Film Festival, што се одржа во италијанскиот град Аријано Ирпино. -Филмот успеа да нè маѓепса со својата неукротлива креативност, зачудувачки стил и способност да […]

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви


Најмалку 68 мигранти ги загубија животите кога брод со околу 150 луѓе потона покрај брегот на Јемен вчера поради лошо време, а 74 други се водат како исчезнати, соопштија здравствените власти. -Брод со 154 етиопски мигранти потона рано наутро вчера покрај брегот на јужната јеменска покраина Абјан, изјави Абдусатор Есоев, раководител на Меѓународната организација за […]

Активни четири пожари, два под контрола


Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски […]

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви


Сите петмина заробени работници во рудникот за бакар Ел Тениенте на компанијата „Коделко“ во Чиле се пронајдени мртви, изјави регионалниот обвинител синоќа откако спасувачките екипи исчистија повеќе од 20 метри подземни премини што се урнаа во силен земјотрес минатата недела. Обвинителот Аквилес Кубиљо од регионот О’Хигинс вчера попладне изјави дека е пронајдено телото на петтиот […]

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја


 Јужна Кореја денеска започна со демонтирање на звучниците за пропагандни емитувања инсталирани по должината на границата со Северна Корејак, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Министерството соопшти дека овој потег е дел од „практични мерки“ за ублажување на тензиите меѓу двете земји без да се влијае на борбената готовност на војската. Во јуни, претседателот Ли […]

Голем скок на цените на нафтата светските пазари


По дво неделен пад, глобалните цени на нафтата нагло пораснаа минатата недела, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од нивните најважни трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти. Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за […]

Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград


Кабел за напојување е оштетен и пожар избувна во зградата на железничката станица во рускиот регион Волгоград по напад со украински дрон, соопшти регионалната администрација. -Дрон се урна на железничките пруги во близина на станицата Арчеда, соопшти администрацијата во соопштение објавено на апликацијата Телеграм. „Нема информации за оштетување на шините“, додаде таа. Неколку возови доцнеле […]

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“


Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан. Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, […]

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, […]

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер


Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри. Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови. Воен портпарол изјави […]

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната […]

Кобна мототрка: Почина потпретседателот на Адора, Душко Чифлиганец, бизнис заедницата во шок


Почина Душко Чифлиганец, извршен потпретседател во Адора Бизнис Груп и  Коосновач на Prime Capital by Adora, инаку син на познатиот македонски бизнисмен и општественик, Ванчо Чифлиганец. Како што јавија повеќе домашни медиуми, за Чифлиганец кобна била мототрка во Брно, Чешка, на која што се натпреварувал и каде што доживеал несреќа. Бил хоспитализиран, но подоцна им […]

Единаесет фудбалери повредени при удар на гром на фудбалски натпревар во Србија


За време на фудбалски натпревар доцна попладнево во Лозница (100 км западно од Белград) при удар на гром 11 играчи се полесно повредени. Според српски медиуми, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица. Десет играчи на домашниот тим се полесно повредени, а играч на Цер е потешко повреден и е […]

Ветришта до 110 км. на час: Во Велика Британија издадено портокалово предупредување поради бурата Флорис


Метеоролошката служба на Велика Британија денеска издаде портокалово предупредување за областа на Шкотска, бидејќи се очекува бурата Флорис утре да го погоди тој дел од Обединетото Кралство, со ветрови кои би можеле да достигнат до 145 километри на час. Според најавите, бурата ќе донесе „невообичаено силен ветер“ во поголемиот дел од Шкотска, пишува Скај њуз. […]

Најмалку 116 лица хоспитализирани по капење на плажата Назаре во Португалија


Бројот на луѓе кои побарале медицинска помош во португалскиот регион Леирија поради симптоми поврзани со загадување на водата на плажата Назаре, се зголеми на 116, соопшти клиничко-болничкиот центар на регионот Леирија. До 14 часот денеска, на болничко лекување биле примени 72 деца и млади, како и 44 возрасни лица, а од вкупниот број на заболени, […]