Локализиран пожарот во фабриката „Мирана“, пожарникарите се уште на терен


Локализиран е пожарот во фабриката „Мирана“, но се уште има слаби чадења на одредени места. За да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се уште се на терен, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и […]

Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11


Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка […]

„Очекувајте понатамошни чекори“: Медведев предупредува откако Москва се откажа од мораториумот за ракети со краток и среден дострел


Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини земјите од НАТО дека се откажале од мораториумот за нуклеарни ракети со краток и среден дострел и рече дека Москва ќе преземе понатамошни чекори како одговор. Медведев, кој беше вклучен во остра размена на зборови на социјалните медиуми со американскиот претседател Доналд Трамп, ги даде своите коментари откако […]

Њујорк Тајмс: Силниот земјотрес на Камчатка се чини дека ја оштетил руската база на нуклеарни подморници


База на нуклеарни подморници на оддалечениот руски Далечен Исток беше оштетена минатата недела по еден од најмоќните земјотреси во регионот во последните децении, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на сателитски снимки. Сликите направени од Планет Лабс, комерцијална компанија за сателитско снимање, покажуваат оштетување на пловечкото пристаниште во базата на подморници Рибачи на полуостровот Камчатка, објави […]

Домашен притвор за поранешниот бразилски претседател Болсонаро


  Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораис, вчера му одреди домашен притвор на поранешниот претседател Жаир Болсонаро поради прекршување на ограничувањата наметнати од судот. Де Мораис во соопштението изјави дека Болсонаро, на кого му беше забрането да биде активен на социјалните медиуми, „ги игнорирал и не ги почитувал“ мерките на судот со […]

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се стреми кон проширување на воените операции и целосна окупација на Појасот Газа, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на функционер во кабинетот на премиерот. „Се очекува Нетанјаху да се консултира со својот кабинет и военото раководство во наредните денови за да добие поддршка за својот план“, објавија медиумите. Новинскиот портал […]

Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува денеска со театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица, поставка во адаптација и режија на Радмила Војводиќ. Режисерката Војводиќ вели дека претставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а оние кои се занимаваат со театарот […]

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови. […]

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување […]

Одрони на патиштата, екипи на „Македонија пат“ расчистија два на автопатот Скопје-Велес


Екипите на „Македонија Пат“ Подружница Петровец вечерва околу 21 часот ги расчистија двата поголеми одрони од карпи на автопатот Скопје-Велес, на локација кај манастирите и на потпорниот ѕид на Тунелот кај Башино Село на влезот во Велес, информираат за МИА, од Подружицата на Македонија пат Петровец кои вечерва  работеа на расчистување на одроните од карпи, […]

Ѓоковиќ по Торонто ќе го „прескокне“ и Синсинати


 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука по Торонто да го „прескокне“ и Мастерс тунрирот во Синсинати. Тоа ќе значи негов втор откажан турнир на северноамериканскиот континент и така Ѓоковиќ без одигран турнир ќе настапи на УС Опен. Српскиот тенисер втора година по ред го откажува настапот во Синсинати.  Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк […]

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел


Русија повеќе не смета дека е обврзана со ограничувања во врска со распоредувањето ракети со среден и краток дострел, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Во согласност со Договорот за елиминација на ракети со среден (1.001-5.500 километри) и краток (500-1.000 километри) дострел распоредени на копно, страните се обврзаа да не произведуваат, тестираат или распоредуваат […]

Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти


Студентите во блокада во Србија ги објавија резултатите од анкетата на јавното мислење, според која студентската листа би победила на изборите, а СНС има поддршка од помалку од 40 проценти од граѓаните. По НСПМ и Ипсос, пристигнуваат резултатите од уште една анкета на јавното мислење објавена од студентите во блокадата и според нив, истражувањето е […]

Вјоса Османи за антиалбанските скандирања: Косово ќе го брани достоинството на Албанците, каде и да живеат


Косовската претседателка Вјоса Османи и пратениците од партиите што беа во опозиција минатиот мандат остро реагираа на антиалбанските скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија, што се одржа во Куманово на 2 август. Османи изјави дека антиалбанските скандирања што се слушаат во Куманово се неприфатливи и „го нарушуваат духот на соживотот […]

Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер


Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната. Во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал и гостува битолски Пелистер.  Вардар претходната недела ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, па сега остануваат само домашните натпревари за „црвено-црните“. Влезниците за дуелот со Пелистер […]

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, односно 43,7 проценти од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП, соопшти српското Министерство за финансии. Во споредба со крајот на минатата година, и долгот и неговото учество во БДП се намалија, бидејќи на 31 декември 2024 година, долгот изнесуваше 38,87 милијарди и учествуваше во БДП со 47,2 […]

Струмица во знакот на „Астерфест“, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“  се одржува  во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена […]

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи


Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да […]

Нагло зголемување на температурите во ОАЕ – до 51,8 степени


Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, по најжешката пролет досега, при што температурите достигнаа речиси рекордни максимуми на почетокот на август, според податоците од Националниот метеоролошки центар. Температурата во пустинскиот град Свеихан достигна 51,8 степени Целзиусови на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите […]

Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата


Влажниот бран што ја зафати земјава се очекува да ја подобри состојбата во земјоделството. Поради високите температури кои минатата недела надминуваа 40 степени, сите култури се загрозени и се во фаза на топлотен стрес, велат агрометеоролозите. Топлото време, објаснуваат, предизвика зголемено испарување на водата и од почвата, но и од растенијата (преку транспирација). -Со намалување […]