ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ


Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен.  Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на […]

Кралот Чарлс го пречекува Макрон во првата европска државна посета по Брегзит


Чарлс III ќе ги истакне клучните врски меѓу Обединетото Кралство и Франција во услови на „мноштво сложени закани“, додека го пречекува претседателот Емануел Макрон во првата државна посета на европски лидер по Брегзит. Тродневната посета на францускиот лидер на Велика Британија започнува во вторник, а Чарлс и кралицата Камила ќе бидат домаќини на Макрон и […]

Израел ќе ги смести сите Палестинци во „хуманитарен“ логор и ќе им бара друга земја


Министерот за одбрана на Израел изнесе план да се принудат  сите Палестинци во Газа да се сместат во логор на урнатините на Рафа, во шема што правните експерти и академиците ја опишаа како „план за злосторства против човештвото“. Израел Кац рече дека ѝ наредил на израелската војска да се подготви за воспоставување логор, кој го нарече […]

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не


  Засега, ништо од заложбите за намалување на инфлацијата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во јуни и натаму е висока и изнесува 4,5 проценти, а оптимизам не влеваат ниту месечните податоци кои покажуваат дека јуни во однос на мај е поскап за 0,8 отсто. Мерките кои до […]

Независните здруженија во последен обид за изборите – ова е институционална репресија


  Вчера беа да се пожалат кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за невозможните услови што им се поставуваат за учество на локалните избори, денес се јавија уште еднаш за скандалозните измени во Изборниот законик. Независните граѓански здруженија изгледа дека не добиле некоја отворена поддршка од Сиљановска (така барем изгледа од соопштението на нејзиниот кабинет), сега се […]

Во Македонија стигна најмодерниот робот за операции на ‘рбет и мозок


Во Македонија пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност. Оваа напредна технологија ја носи Globus Medical, водечки производител на медицински […]

Општина Центар дава по 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите пензионери со ниски примања да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари, на јавниот повик што ќе биде објавен утре, 9 јули. Право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува  […]

Германското МНР ја обвини Кина дека таргетирала нејзин воен авион со ласер


Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи го повика кинескиот амбасадор во Берлин, известувајќи дека кинеската војска употребила ласер за таргетирање на германски авион кој учествува во операцијата на ЕУ „Аспидес“, која помага во заштитата на бродовите во Црвеното Море. „Загрозувањето на германскиот персонал и нарушувањето на операцијата се целосно неприфатливи“, соопшти министерството на X, […]

Пуштен во употреба мостот кај Башино Село


Денеска беше пуштен во употреба реконструираниот мост кај Башино Село во близина на Велес.  Според надлежните, направен е целосно долниот дел на мостот, а од денеска по него може да сообраќаат сите возила, со максимален товар до 40 тони.  Мостот се реконструираше шест месеци, а во неговата реконструкција помогнаа експерти од Градежниот факултет. „Зајакнати се […]

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница


Лондон – Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden). На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и […]

На две опозициски телевизиски станици во Турција им се заканува затворање


Анкара – На две телевизиски станици во Турција, кои се блиски до главната опозициска Републиканска народна партија, им се заканува трајно затворање поради нивниот критички тон кон владата. Тоа се Халк ТВ и Созцу, кои се соочуваат со низа санкции од турскиот медиумски регулатор откако ги известуваа масовните протести во земјата, кои започнаа со апсењето на […]

Историски ден за Бугарија – ЕУ го одобри влезот во еврозоната


  Со 531 глас „за“, 69 „против“ и 79 „воздржани“, пратениците на Европскиот парламент во вторник го одобрија влезот на Бугарија во еврозоната од 1 јануари 2026 година. Последниот чекор е одобрувањето од страна на Советот на ЕУ. Подоцна денес, неговиот формат на ЕКОФИН (министрите за финансии и економски прашања на земјите-членки на ЕУ) треба […]

ФАЦ: Екстремни националисти го презедоа протестот во Белград, бараат права за Србите во Македонија, БИХ и Косово


Најновиот протест против авторитарниот режим на Александар Вучиќ на 28 јуни привлече внимание и во странство. Над 140.000 луѓе во Белград бараа предвремени избори. На митингот зборуваа поддржувачи на воени злосторници како што е Радован Караџиќ. Ова се наведува во анализа на авторитативното германско издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Овој протест не ја достигна посетеноста на […]

„Убав е“ – Сара Мејс со нова летна песна во диско ритам (видео)


Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава. Емотивната и енергична „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам, со видеоспот снимен на плажи во Грција и во Скопје.    Сара, преку својот препознатлив […]

Ангелов тврди дека немало изгорени куќи во Чучер Сандево, градоначалникот го демантира


Стојанче Ангелов утринава информираше дека пожарот во Чучер Сандево одеднаш избувнал и се префрлил во планината. Се работи за, како што вели, стрмнина од 70 метри на местото каде што изби. -Даваме се од себе. Имаме два хеликоптери. Позади мене се хермелините кои што чекаат наредба од Скопската противпожарна бригада каде ќе бидат најкорисни. Две […]

Безос ќе го купи „Вог“ како свадбен подарок за Лорен Санчез ?


Еден од последните чекори во свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез би можел да биде милијардерот да го купи „Вог“ како подарок за својата сопруга. По големата објава на Санчез на насловната страница на модното списание, извори тврдат дека „доволно длабоките џебови“ на Безос би можеле да доведат до сопственост на матичната компанија „Конде […]

Во хрватскиот Сабор се извикуваше „За дом спремни“


  Беше бурно утро во хрватскиот Сабор денеска, а темата беше концертот на Томпсон во Загреб каде присуствуваа 500 илјади луѓе и помина во величење на усташкото движење.. На почетокот од својот говор, Милорад Пуповац од партијата на Србите, СДСС, ги пофали државните и градските служби за сè што направија за време и по големиот […]

(Видео) Пожарот во Самоков се прошири кон село Рамне, изгорени дел од гробиштата, камбанаријата и мензата


Пожарот кој избувна кај фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Самоков вчеравечер се проширил во правец на село Рамне каде што изгорел дел од црковниот двор со гробиштата, дел од мензата и дел од камбанаријата. Справувањето со пожарот се одвива само од копно и со голема помош на жителите на локалните села кои со […]

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. „Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено […]

Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување


Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го […]