Со што не се јаде леб: Ова е темпирана бомба!


Експертите советуваат која храна треба да се јаде со леб. Експертите од клиниката Мајо ја нарекоа употребата на бел леб со џем, еурокрем и друга храна што содржи шеќер „темпирана бомба за телото“, бидејќи тие се комбинација од едноставни јаглехидрати, кои брзо се варат и на тој начин влијаат на брзо зголемување на телесната тежина. […]

Месечината во Стрелец им носи среќа на 3 знаци – нека се подготват за позитивни промени


Месечината во Стрелец носи оптимизам, желба за слобода и потреба за истражување на светот – и физички и ментално. Оваа планетарна позиција позитивно ќе влијае на Стрелецот, Овенот и Лавот. Ова е позиција што инспирира авантуристички дух, љубов кон патувањето, учењето и филозофијата. Емоциите во овој период се насочени кон повисоко значење, се бара вистината […]

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати


Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати. Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на […]

Мастерклас на модната дипломатија: Кејт Мидлтон во фустан на Сара Бартон за Живанши во Виндзор


Принцезата од Велс носеше црвен фустан од Сара Бартон за Живанши со наметка за францускиот државен банкет во замокот Виндзор во вторник вечерта – нејзин прв откако се врати на работа по третманот за рак. Фустанот од свилен крепон ја одразува трајната врска на принцезата со Бартон, кој ја дизајнираше кралската венчаница за време на […]

Најмалку 13 луѓе се самоубија поради скандалот со британската пошта


Најмалку 13 луѓе се самоубија во скандалот со поштата во Велика Британија во кој речиси 1.000 вработени беа неправедно гонети и осудени за наводна измама, а всушност беа жртви на грешка во компјутерскиот систем, според извештај објавен од Associated Press и објавен од бројни медиуми. Други 59 лица размислувале за самоубиство поради случајот, кој се […]

Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос


 Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос утрово завршила повеќечасовната акција на Крајбрежната служба на Грција за спасување на околу 520 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека лицата кои се пренесувале во рибарски брод биле спасени од два брода, меѓу кои […]

Ангелов: Целосно изгасен пожарот во Чучер Сандево, во моментов гори во околината на Дојран


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираше дека рано утрово пожарот којшто три дена гореше во атарот на општина Чучер Сандево е целосно изгаснат. Се уште се гледа чадење на некои места, но најверојатно потекнува од трупци коишто догоруваат. Тој извести дека денеска фокус ќе биде гасењето на пожарот во околината на Дојран, над селото Николиќ, […]

Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц


 Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.   На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна […]

„Волстрит џурнал“: САД можат да и достават на Украина уште еден систем за воздушна одбрана Патриот


Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за префрлање на уште еден систем за воздушна одбрана Патриот во Украина. – Тоа би можело да биде првата голема испорака на оружје за Украина, со одлука донесена од администрацијата на актуелниот претседател, а не неговиот претходник Џо […]

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор


Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.  Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во […]

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство


Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0. Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе. Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот […]

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.  – Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот.  За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.  Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а […]

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата


 Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции. Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата […]

ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА


Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна кривични истраги против поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави „Фокс Њуз“. Според извори на телевизијата, истрагите се однесуваат на наводни прекршувања поврзани со претходни владини истраги за наводна руска интервенција во американските избори во 2016 година, на кои Доналд Трамп […]

Концерт на ФИН проект и Тања Царовска во Кафе Литература


Никола Стојковски (ФИН проект) и Тања Царовска, ќе одржат концерт, вечер, со почеток во 21 часот во амбиентот на Cafè Literatura во „Дајмонд мол“. На настанот ќе биде промовиран нивниот нов музички албум насловен  „Егрегор“. Специјални гости на концертот ќе бидат: Петар Христов (саксофон и кларинет), Горан Трајкоски-Готра и Билјана Петровска (пијано). 

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците


Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на  неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата […]

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“


Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор.  На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката […]

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар. – Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, […]

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала


ајмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала. Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер. Земјотресите предизвикаа и материјална штета, […]