Данела со ново обраќање: Смислиле ново сценарио, да ме обвинат за пожарите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагираше утрово на обидите од власта неа да ја посочат како виновна за нападот што го доживеа вчера додека покажуваше на терен како се толерира градење дивоградби во Чаир. Повод беше интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сугерираше дека треба да се почека со заклучоци- за да […]

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во посета на Македонија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска vо Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе […]

Белата куќа го рекламира Трамп како Супермен


Белата куќа објави уште едно од своите соопштенија што беа незамисливи пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на Соединетите Американски Држави. Имено, на официјалниот X профил објавија фотомонтажа од Трамп како – Супермен. „СИМБОЛ НА НАДЕЖ. ВИСТИНА. ПРАВДА. АМЕРИКАНСКИ НАЧИН. СУПЕРМЕН ТРАМП“, напишаа тие покрај сликата.

Двајца Палестинци претепани до смрт од израелски доселеници на Западниот Брег


Израелски доселеници претепаа до смрт двајца Палестинци во напад на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската самоуправа. Едниот бил американски државјанин. Израел го истражува инцидентот во селото Синџил, каде што армијата соопшти дека биле фрлани камења кон Израелците. Палестинските медиуми соопштија дека доселениците го започнале судирот поради нелегалните згради на доселениците во […]

Трамп во Тексас ги посети поплавените подрачја


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Тексас за да ги обиколи поплавените подрачја и да се сретне со локалните власти, спасувачи и роднини на речиси 120 лица кои загинаа во катастрофата од 4 јули. Десетици лица сè уште се водат за исчезнати. Од денот кога се случи поплавата, не се пронајдени преживеани. Поплавите во регионот […]

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“


Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го нападна кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, наметнувајќи му визни ограничувања, поради неговата улога во репресијата на масовните протести во 2021 година, јави ДПА. Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи […]

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено…


Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија.  Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по […]

Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид. На настанот ќе присуствува и министерсто за култура и туризам Зоран Љутков. Оваа активност е дел од пошироката стратегија за поддршка на културното наследство и развој на туризмот во Охрид. 

Сончевo и топло до 36 степени


Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од […]

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната


Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа  движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици […]

Жесток руски напад врз западна Украина со дронови и ракети


Русија во текот на ноќта започна жесток бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина, гаѓајќи области далеку од линијата на фронтот, соопштија утринава украинските медиуми и официјални лица. Експлозии се регистрирани во градовите Л’вов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град […]

Снабдувањето со гориво за моторот било прекинато непосредно пред падот на авионот на „Ер Индија“


  Прекин на снабдувањето со гориво до моторите ја предизвика несреќата на „Ер Индија“ минатиот месец, во која загинаа 260 луѓе, покажа прелиминарниот извештај. Авионот што леташе кон Лондон само што ја напушти пистата на аеродромот во Ахмедабад кога удри на земјата. Сите во авионот загинаа, освен еден патник. Според извештајот на Бирото за истрага […]

Стелан Скарсгард за Ингмар Бергман: „Единствената личност што ја познавам која плачеше кога умре Хитлер“


  Шведскиот актер Стелан Скарсгард се осврна на симпатиите на познатиот режисер Ингмар Бергман кон нацизмот како млад човек. Актерот зборуваше на филмскиот фестивал во Карлови Вари во Чешка, каде што го промовираше филмот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир, инспириран од покојниот шведски режисер. Скарсгард го изрази своето лично несогласување со Бергман, со кого работеше […]

12 јули во историјата – 16 германски земји влегуваат во Рајнската Конфедерација


  На денешен ден во 1806 година беше создадена Рајнската Конфедерација, држава во срцето на Европа која го снабдуваше Наполеон за време на неговите воени кампањи. Се состоеше од шеснаесет германски држави кои го напуштија Светото Римско Царство и преминаа на француска страна. Со ова заврши Светото Римско Царство, основано во 10. век како централна […]

Во Кочани откажан музичкиот дел од програмата за одбележување на Петровден, празник на градот


  Откажан е музичко-забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите […]

Трамп го испраќа првиот човек на Балканот. Ќе оди во Белград, Приштина и Сараево


  Брендан Ханрахан, висок функционер во Бирото за европски и евроазиски прашања на американскиот Стејт департмент, најави посета на Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Тој се смета за доверлива личност од потесниот круг на американскиот државен секретар Марк Рубио, пишува „Косово онлајн“, пренесувајќи го „Албанијан пост“. Ханрахан беше дел од тимот на Марко Рубио […]

Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди, не судбината – туку годините


  По поразот во полуфиналето на Вимблдон со 3:0 од Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ изјави дека бил послаб од Италијанецот „Имав многу физички проблем, не беше пријатно чувство на теренот, но не сакам детално да зборувам за повредата. Сакам да му честитам за одличната игра, беше премногу силен. Разочаран сум што не можев да се […]

Од вечерва сите патишта водат кон Антички – под мотото „Трансформација на сетилата“ почнува 65. „Охридско лето“


Со „Пајдушко“ на Дамир Имери, „Симфониски танци од „Приказна од западната страна“ на Бернштајн и  „Рапсодија во сино“ на Гершвин, вечерва, во 21 часот, на Антички ќе се отвори годинешното издание на „Охридско лето“.  Директорот Ѓорѓи Цуцковски, за годинава, за 65.јубилеј, најавува визуелен-музички спектакл на Антички театар, зашто уметноста, освен аудио, е и визуелна. „Годинава, […]

Панче Тошковски се прашува: Да не е ова со Данела смислено сценарио за политички циркус?


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, но во исто време се запраша да не е целиот инцидент смислено сценарио за политички циркус. Тој рече дека таа била повикана во полициска станица, но не […]

Агенција за кредитен рејтинг: Германскиот јавен долг ќе достигне 74% од БДП до 2030 година


Се очекува германскиот јавен долг да се зголеми на дури 74% од БДП до крајот на деценијата, а зголемените трошоци за одбрана само умерено ќе ја поттикнат економската активност, според пресметките на европската агенција за кредитен рејтинг „Скоуп“. Во 2024 година, германскиот јавен долг изнесуваше 62,5% од БДП. До крајот на деценијата, тој би можел […]