Лим од градилиште падна врз велосипедист во Скопје


Полицијата со детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје. – На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. […]

Да се интегрираат и вработат родителите, па децата питачи ќе се тргнат од улиците


Обезбедување постојана работа и интеграција на семејствата од ранливите групи, особено од ромската заедница, ќе елиминира девијантни појави, како што се случува на крстосниците во градовите каде деца и возрасни се обидуваат да заработат со миење на ветробранските стакла на автомобилите. Ова денеска во одговор на новинарско прашање го истакна министерот без ресор задолжен за […]

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс


 Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на […]

УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер


Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со […]

ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија


ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање. Една од […]

Дени ДеВито проговори за здравјето на Џек Николсон (88)


Џек Николсон, 88, се справува „одлично“, според неговиот долгогодишен пријател, Дени ДеВито. „Го видов Џек пред неколку недели – му беше роденден пред еден месец и е одличен“, изјави ДеВито за списанието „Пипл“. ДеВито, исто така, се потсети на времето кога го снимаше „Лет над кукавичјото гнездо“ заедно со Николсон. „Во присуство сме на овој […]

Трамп можеби ќе ѝ даде на Украина ракети „томахавк“ за да ги гаѓа Москва и Санкт Петерсбург


  Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ѝ ги даде на Украина ракетите со долг дострел „томахавк“ кои беа испалени кон нуклеарните постројки во Иран минатиот месец. Прашањето беше дискутирано во Белата куќа на 11 јули, но ракетите сè уште не се на списокот на оружје што Киев ќе го добие во блиска иднина, изјавија […]

Потребна е системска акција во борбата против антициганизмот


– Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, во отчет за сработеното во изминатата година оцени дека се отворени патиштата за директна системска интеграција на Ромите во сите сфери во живеењето. Најголеми постигнувања, според него, има во интегрирањето во образованието, а се работело и на […]

Русите сакаат жените да почнат да раѓаат порано. Решението го гледаат во скратување на образованието


Русија треба да се врати на десетгодишниот систем на школување, а исто така да го скрати и времетраењето на универзитетските студии со цел да се намали просечната возраст при раѓањето на првото дете, изјави за ТАСС претседателот на Руската комисија за демографија, заштита на семејството, децата и традиционалните семејни вредности на Јавната комора, Сергеј Рибаленко. […]

Маск сподели мапа на плодноста во Европа. Само Косово е зелено


Американскиот мултимилијардер Елон Маск сподели мапа што ги прикажува стапките на плодност во европските земји на социјалната мрежа X. „Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира“, напиша Маск. Стапка на плодност значи коефициент што го покажува бројот на деца родени по жена во плодниот период од животот, од 15 […]

Вонредно зголемување на минималната плата во Србија


Владата на Србија донесе одлука за значително зголемување на минималната плата. Според најавите, од 1 октомври 2025 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, додека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми на 550 евра. Министерот за финансии Синиша Мали и претседателот Александар Вучиќ истакнаа дека ова зголемување е дел од стратегијата за подобрување […]

Анализа: Капитални расходи, за половина година релизација од само 26,2 отсто


Седум министерства за половина година потрошиле помалку од 10% од годишната сума за капитални расходи. Највисока реализација од 99,5% има во Министерството за односи меѓу заедниците, но се работи за буџет од околу 9.000 евра, пишува Порталб.мк. „Моторот“ на јавните инвестиции се ресорите кои располагаат со милионски буџети за оваа намена – само еден ресор […]

Арсовска во кривична пријава за Ганиу ја открива шемата со дивоградбите во Чаир


  Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска достави кривична пријава против градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и уште неколкумина вработени во општината во која наведува дека во општината наводно се користи фалсификувана деловодна книга во која се воделе барањата за легализации на дивоградби. Според кривичната пријава, граѓаните […]

Стоечки овации за пијанистот Лукаш Вондрачек на Чешката вечер на „Охридско лето“


Публиката на „Охридско лето“ синоќа  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки […]

Јубилејното издание на „Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува […]

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен


Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа – благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, […]

Хрватски ревизионизам – усташите не биле фашисти


  После мега-концертот на Марко Перковиќ – Томпсон на загрепскиот хиподром Хрватска влезе во вител на што прикриено што јавно величење на усташкиот режим од Втората светска војна. Усташкиот поздрав „За дом спремни“ се извикува дури и во парламентот. Едно видео на Фејсбук страницата на риечкиот огранок на десничарската партија Мост дополнително ја зовре ситуацијата.  […]

Во студентските домови во Скопје слободни околу 2.500 легла, електронски пријавете се од денеска до 31 јули


Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти.  Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок […]

Ѕирнете во најстарата кујна во светот: Еве како се подготвувал гулаш пред 4.000 години


Дознајте како и вие можете да го подготвите најстариот гулаш на светот. На Универзитетот Јеил чуваат 3 глинени плочи што ја претставуваат најстарата зачувана книга за готвење во светот. На нив се напишани рецепти за чорби и варива стари околу 3.700 години, напишани со клинесто писмо на акадскиот јазик, кој го зборувале народите од древната […]

Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“ (во живо)


 Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, на којашто ќе бидат изложени дел од највпечатливите фотографии чии автори се млади таленти од целиот Западен Балкан