Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци – испукани биле пет куршуми


Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 11 јули во селото Батинци, осомничените заедно и по претходен договор, со умисла го лишиле од […]

Том Круз и Ана де Армас на романтично крстарење по Медитеранот- сепак се заедно?


Том Круз и Ана де Армас неодамна беа забележани како пловат низ Медитеранот, меѓу гласините за нивната врска. Се чинеше дека се релаксираат подалеку од рефлекторите, но ова очигледно ги засили шпекулациите за природата на нивната врска. Серија фотографии од нивното наводно романтично излегување се појавија на интернет.   Фотографиите од едрењето на Том Круз […]

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата


Љубљана – Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел поради „кршење на човековите права“, објави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за […]

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.   Возилата се пренасочуваат кон Петровец.   Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за […]

Колку се исплатеше инвестирањето во злато во последните 25 години


Во текот на изминатите 25 години, златото беше релативно стабилна класа на средства за инвеститорите кои бараат диверзификација, заштита од инфлација или безбедно засолниште во неизвесни времиња. Од 2000 до 2025 година, овој скапоцен метал испорача неверојатни 1.075% принос за трпеливите инвеститори. Оваа инфографика ги прикажува годишните приноси на златото од 2000 до 2025 година […]

ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрачјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикани се пожари


Центарот за управување со кризи инфомира дека поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, […]

Илир Мета останува во затворски притвор


Тирана – Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета останува во затворски притвор откако денеска и Специјалниот апелациски суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки.  Мета не беше присутен на рочиштето, но беше застапуван од неговиот адвокат Кујтим Чакрани. На рочиштето двајцата специјални обвинители, Арбен Краја и Сотир Клапи, побараа […]

Истражување: Ректорите меѓу најплатените во јавниот сектор со месечни нето-плати од 3 до 4 илјади евра


Ректорите на јавните универзитети во Северна Македонија се меѓу најплатените функционери во јавниот сектор, со месечни нето-плати кои достигнуваат и до 4.000 евра, покажа денеска истражувањето на Форумот за образовни промени. Според анализата „Платите и додатоците на јавните универзитети во Северна Македонија: Како се регулираат?“, најголем дел од овие примања доаѓаат преку функционалните додатоци, кои се исплатуваат […]

Македонските кошаркарки од четвртиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите


 Македонската женска кошаркарска репрезентација е сместена во четвртиот шешир за жрепката за првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2027, објави попладнево ФИБА Европа. Жрепката ќе се одржи на 23 јули во Минхен, а македонската женска кошаркарска репрезентација нема да може да биде во иста група со Естонија, Кипар, Австрија и Ирска и Азербејџан. […]

Се олеснува процесот на регистрирање на возилата, во Собранието изгласани измените на Законот за возила


Пратениците денеска на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда […]

Хрватска европратеничка иницира расправа во ЕП за високите цени на храната во Источна Европа


Хрватската европратеничка Билјана Борзан иницираше расправа во Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент, со фокус на рекордно високите цени на храната во Источна Европа, јави ХИНА. – Според последниот Евробарометар, мнозинството граѓани на ЕУ ги сметаат инфлацијата и сиромаштијата за најголеми проблеми. Ова е особено изразено во источноевропските земји, каде […]

Синдикатот на културата за новиот директор на Националната галерија: Културата не е квота


Именувањето на уметникот од Гостивар, Али Синани, кој изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија, за нов директор на Националната галерија, предизвика револт меѓу вработените, но и партиски препукувања меѓу ВМРО и опозициската СДСМ за партизација на културата.  „Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред се нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност […]

Центар за податоци, проширување на 5Г мрежата… Што предвидува меморандумот меѓу Владата и Македонски телеком


Владата и Македонски телеком денеска потпишаа меморандум со кој се предвидува унапредување на дигиталната инфраструктура во нашата земја во повеќе сегменти, како што е изградба на нов центар за податоци, проширување на 5 Г мрежата, поврзување на домаќинствата и компаниите со гигабитни фиксни мрежи и тн. Целта на овој Меморандум е да се зацврсти партнерството […]

Инженерот Димовски објасни зошто Скопје нема вода пред советниците во Град Скопје! Послушајте го!


Полнењето базени, полевањето и нерационалното трошење вода се причина што делови од Скопје деновиве намаат вода или имаат намален притосок. Поради ова, денеска и во Советот на Град Скопје се расправаше, а од „Водовод и канализација“ дојдоа двајца експерти, инженери кои објаснија каде е проблемот, но понудија и решенија.  Зоран Стојанов – оперативниот директор на […]

Никола Ристановски се закити со „Златна арена“ на фестивалот во Пула


На пр­ве­не­цот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски, на пре­стиж­ни­от Филм­ски фе­сти­вал во Пу­ла му бе­ше вра­че­на пре­стиж­на­та на­гра­да „Злат­на аре­на“ за спо­ред­на ма­шка уло­га во фил­мот „Ме­ѓу бо­го­ви­те“ во ре­жи­ја на Вук Ршу­мо­виќ. За исти­от филм со „Злат­на аре­на“ за глав­на жен­ска уло­га се за­ки­ти и не­го­ва­та парт­нер­ка во фил­мот, Фе­ре­штех Хо­се­и­ни. Ка­ко што […]

Полска го повлече својот амбасадор од Унгарија откако Орбан му даде азил на поранешен министер


  Министерството за надворешни работи на Полска во четвртокот соопшти дека трајно го повлекло својот претставник од Унгарија поради „непријателскиот чин“ на давање азил на поранешен полски заменик-министер кој се соочува со обвиненија за корупција. Односите меѓу двете членки на ЕУ и НАТО се влошија откако коалицијата на полскиот премиер Доналд Туск дојде на власт […]

Хемичарката Светлана Мојсов е добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025


Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, е добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани. На Мојсов, родена во Скопје 1947 година, наградата ѝ се доделува за нејзиниот придонес […]

Турски новинар се соочува со можна затворска казна поради критикување на Ердоган


Турските обвинители подигнаа обвинение против новинарот Фатих Алтајли, барајќи минимум пет години затвор за неговите коментари за претседателот на земјата, Реџеп Тајип Ердоган. Алтајли, кој има повеќе од 1,5 милиони претплатници на „Јутјуб“, беше приведен минатиот месец во исчекување на судењето откако на социјалните мрежи ја критикуваше анкетата во која мнозинството Турци изразија противење на […]

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари


Владата информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули среда. Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид […]

Џулија Робертс со нов имиџ за новата психолошка драма, еве ги реакциите


AMAZON MGM Studios го објави првиот трејлер за психолошката драма „After the Hunt“, од познатиот режисер Лука Гвадањино, во која Џулија Робертс се наоѓа во центарот на скандалот #MeToo што се заканува да ја уништи нејзината кариера и приватен живот. Робертс ја игра универзитетската професорка Алма Олсон која се наоѓа на личен и професионален раскрсница […]