Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира


Топлотниот бран со високи температури во Скопје доведе до зголемена потрошувачка на водата за пиење. Од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација повеќепати предупредија дека има енормна и неконтролирана потрошувачка и апелираат граѓаните разумно да ја користат водата за пиење – да не се користи за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење […]

Се реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, ќе добие и 15 противпожарни хидранти


Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром. Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови […]

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови


Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.   По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од […]

МОН и Бреинстер ќе соработуваат за воведување на вештачка интелигенција во средното образование


По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. На конференција на која […]

ВМРО-ДПМНЕ: Информациите дека Мицкоски, наводно, барал бугарски пасош се бугарска пропаганда


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека тој во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, па се откажал, оценувајќи ги како бугарска пропаганда против Македонија. „Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. […]

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот […]

Книжевен портрет на Славе Ѓорѓо Димоски во Македонскиот КИЦ во Софија


На 21 јули (понеделник) 2025 , во 18:30 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи вечерта посветена на литературното дело на македонскиот поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски. За книжевниот опус и литературните квалитети на Славе Ѓорѓо Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот КИЦ во Софија. Славе Ѓорѓо […]

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат


  Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е наведена на два пати во обвинителниот акт што денеска го објави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – еднаш дека оддавала службени тајни во случајот „Адитив“, а друг пат дека побарала од нејзин колега во Државниот завод за ревизија да го […]

Мицкоски дава идеја, Антонио Милошоски спроведува


  Потпретседателот на Собранието и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција ја разработи идејата што синоќа во интервју на Канал 5 ја даде премиерот Христијан Мицкоски. Тој даде еден предлог кој изгледа невозможен – самиот бил подготвен заедно со Бугарија, преку  бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која […]

Љутков од Рим: Културното наследство да стане двигател на одржлив туризам


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“), што денеска се одржува во Рим, Италија. На форумот, на кој учествуваат министри за туризам од Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција,  Црна Гора и од Македонија, како и […]

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани


  Владата преку Секторот за односи со јавноста тврди дека со пренесување на јавното обраќање на родителите од Кочани се правело злонамерно дефокусирање. И дека таа прави сѐ да се решат проблемите по трагедијата во Кочани и ќе прави уште повеќе. Таа тврди дека наводите во обраќањето не биле точни. И повторно апелира да не […]

Вардар ги дозна ривалите од групата од Лига Европа


Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Вардар денеска ги дозна ривалите од групата во Лига Европа. „Црвено-црните“ се во групата Ф, а ривали им се Кристијанстад, Тулуз и победникот од натпреварот Дуго село / Сесвете.  Според квалитетот на екипите „вардарци“ имаат реални шанси за пласман на едно од првите две места, иако имињата на […]

ЕК предлага зголемување на таксата за безвизно патување од 7 на 20 евра


Брисел – Европската комисија предложи зголемување на таксата за дозвола за безвизно патување во ЕУ за странци од 7 на 20 евра поради инфлацијата, соопшти Комисијата. Цената на таксата не е променета од 2018 година. Дозволата за безвизно патување важи три години и се плаќа еднократно. Комисијата истакнува дека предлогот е усогласен со таксите што […]

МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника


Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на […]

ЕУ ги олесни правилата за шенген визи за турските граѓани


Европската унија ги олесни правилата за добивање шенген визи за турските граѓани, објави амбасадорот на ЕУ во Анкара, Томас Ханс Осовски, повикувајќи на итно продолжување на преговорите за безвизен режим. Новите правила, кои стапија на сила на 15 јули, ќе им овозможат на турските граѓани кои претходно правилно ги користеа шенген визите побрзо и полесно […]

Огромен интерес за „Одисеја“ на Нолан , билетите за IMAX распродадени за рекордно време


ЕКСПЕРИМЕНТОТ на студијата „Универзал“ и „ИМАКС“, кои одлучија да ги пуштат билетите за новиот филм на Кристофер Нолан во продажба дури и една година однапред, се покажа како исклучително успешен. Интересот за филмската адаптација на Нолан на епот „Одисеја“ на Хомер е огромен, а билетите за ексклузивните 70 мм IMAX проекции се распродаваат со рекордна […]

ВМРО-ДПМНЕ го нареди и Андреј Жерновски на листата на домашни предавници


  Откако поранешниот градоначалник, заменик-министер и амбасадор, Андреј Жерновски, јавно запраша дали е вистина тоа што го пишува бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека во 2008 Христијан Мицкоски наводно аплицирал за бугарско државјанство, ВМРО-ДПМНЕ веднаш го додаде на својата листа „домашни предавници“. Жерновски на Фејсбук напиша: „Граѓаните, но и дипломатскиот свет, ги интересира одговорот на следново прашање: […]

Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува […]

Џамбазов со прв концерт во Охрид по 27 години: „Му благодарам на Министерството за култура што не ни даде пари“


Најпознатиот шоумен, актер и текстописец, Игор Џамбазов, по 27 години се враќа со концерт во Охрид, со бенд.  „Му благодарам на Министерството за култура што не ни даде пари за овој концерт, уште еднаш нѐ увери мојот менаџер и мене дека можеме сами да си организираме“, рече Џамбазов на прес-конференција во Охрид, пред утрешниот (19 […]

Културно забавната манифестација „На зајдисонце“ по 14 пат во Трпејца


Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините. На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник на општина Охрид под чие покровителство се одржува […]