Ѝ Македонија поднела барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ


До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки на ЕУ, соопшти ЕК.  Механизмот САФЕ располага со вкупно 127 милијарди евра, кои можат да се користат во форма на заеми за финансирање […]

Канада планира да ја признае палестинската држава во септември


Отава – Премиерот Марк Карни изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на состанокот на ОН во септември, вршејќи притисок врз Израел бидејќи гладот во Газа се влошува. Објавата дојде откако Франција минатата недела изјави дека ќе признае палестинска држава, а еден ден подоцна Велика Британија изјави дека ќе го стори тоа на Генералното […]

Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм


Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да […]

Jавните комунални претпријатија ќе се јакнат со нова поддршка од Швајцарија од 7,5 милиони швајцарски франци


Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: […]

Трамп објави трговски договор на САД со Јужна Кореја со царини од 15 проценти


Вашингтон – САД постигнаа трговски договор со Јужна Кореја со кој ќе се воведе царина од 15 проценти за увозот од Јужна Кореја, објави претседателот Доналд Трамп. Покрај тоа, Јужна Кореја ќе инвестира 350 милијарди долари во САД и ќе купи енергетски производи во вредност од 100 милијарди долари, напиша Трамп во објава на Truth Social. […]

Целовечерен концерт на Дамјан Пејчиновски на „Охридско лето“


Посебно музичко доживување на годинашното издание на „Охридско лето“ ќе донесе вечерашниот концерт на охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиновски, во придружба на Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски,  Горан Гешовски на бас-гитара и Гордан Спасовски на пијано.  Дамјан Пејчиноски, роден во 1984 година во Охрид, е македонски гитарист, кој свири електрична и […]

Милиони евра за субвенции за чист воздух, а резултатот непознат: Инвертерите можат да го преполоват загадувањето


Лани, земјава беше втора најзагадена во Европа На европската мапа на држави каде што граѓаните дишат загаден воздух, Северна Македонија честопати се наоѓа меѓу првите пет места, додека на светските мапи влегува во топ 20. Само лани, според податоците од Европската агенција за животна средина, Северна Македонија се рангираше на третото место во Европа по годишна просечна концентрација на […]

Концерт под ѕвездите на Хераклеја: Фузија од музика и дожд со Ана Руцнер и Камерниот оркестар од Битола


Светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска во придружба на битолскиот Камерен оркестар, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис одржа спектакуларен концерт. На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап. На концертот […]

Променливо облачно со локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 јули 2025 година, 212-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 153 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 19 часот и 53 минути. Денов трае 14 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Шкендија победи во Букурешт, оди во следната рунда од ЛШ


Тетовска Шкендија вечерва оствари победа од 2:1 на гостувањето во Букурешт против екипата на ФЦСБ во реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак така со вкупни 3:1 го елиминира шампионот на Романија и избори нови два натпревара во најквалитетното натпреварување.  Романската екипа поведе во 28.минута со голот на Јури Цисоти, […]

Биткоинот стабилен, на речиси 103.000 евра, Етереумот малку падна


Цената на биткоинот беше стабилна на 102.952,37 евра денес во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути Бајненс. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесуваше 58,85 милијарди евра, што е зголемување во однос на вчера. Индексот на страв и алчност на биткоинот моментално е на 73 во категоријата „алчност“, што […]

Ваучерите за студентите за компјутери ќе ја чинат државата над 50 милиони евра, вели Андоновски


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва изјави дека над 50 милиони евра ќе бидат распределени за студенти за ваучери за купување електронски уреди, посочувајќи дека тоа е дигитализација во пракса.  На критиките од опозициската СДСМ дека во една година ова е прва мерка што ја донеле за младите, тој одговори дека СДСМ задоцниле седум […]

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 проценти за Бразил


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави Белата куќа. Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 […]

Трамп објави царини за Индија од 25 отсто – плус „казна“ за трговијата со Русија


Индија денес објави дека сака да склучи фер и избалансиран трговски договор со САД, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 проценти за индиската стока. Порано денес, Трамп објави нови економски мерки против Индија, обвинувајќи ја земјата за претерано високи царини и блиски врски со Русија, прецизирајќи дека […]

Неверојатен настан во Гренланд: Вода пробива километри мраз


Огромна количина вода од топење на мразот што се насобрала под ледената покривка на Гренланд во 2014 година предизвикала поплава од таков обем што пробила десетици метри цврст мраз, пробивајќи ја површината и испраќајќи вода на отворено, пишува ScienceAlert. Ова е прв пат научниците да документираат таков феномен во Гренланд, што дава нови сознанија за […]

ЕК го пропушти рокот за жалба за пресудата за „Фајзергејт“


Помина рокот во кој Европската комисија (ЕК) можеше да поднесе жалба на пресудата на Општиот суд на ЕУ за набавката на вакцини против Ковид-19, односно договарањето преку пораки помеѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на фармацевтскиот гигант „Фајзер“, Алберт Бурла. Со тоа, пресудата од мај стана правосилна, јавуваат европските медиуми. […]

На 1 и 2 август хуманитарен музички настан на Споменикот на слободата во Кочани


На 1 и 2 август ќе се одржи хуманитарен музички настан Расплет фестивал, на Споменикот на слободата во Кочани, организиран од млади луѓе меѓу кои и бендот Корка од Кочани. Главна цел на настанот е да се подигне свеста дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови […]

Словенечкиот екипаж ja започнa мисијата за гаснење на пожарот на планината Готен


Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места. Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт […]

Ганиу: 13.000 дивоградби наследи Изет Меџити во 2005, по 2011 Данела има легализирано некои


Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, жестоко ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која преку фејсбук-статус неодамна побара негово апсење поради, како што наведе, „злосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и загрозување на безбедноста на граѓаните на Чаир“. Арсовска ги повика полицијата и институциите да преземат итни мерки за […]