Кина гради ново светско чудо, Индија и Пакистан загрижени


Кинескиот премиер Ли Ќијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, со проценета вредност од околу 170 милијарди долари. Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави кинеската новинска агенција […]

Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија


Најмалку тројца луѓе загинаа, а 568 беа спасени по избувнување пожар на патнички ферибот во индонезиските води, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу пладне, додека фериботот пловел кон Манадо – главниот град на провинцијата Северно Сулавеси – на својата редовна рута од пристаништето Мелонгване во истата провинција, изјави адмирал Франки Пасуна Сихомбинг, командант на […]

Врската помеѓу алергиите и ракот на белите дробови: Нови сознанија од мета-анализа


Неодамнешно истражување објавено во „Frontiers in Medicine“ ја испитува врската помеѓу алергиските болести и ризикот од развој на рак на белите дробови. Ракот на белите дробови е еден од најчестите видови рак во светот, со околу 2,26 милиони случаи пријавени во 2019 година, при што бројот на случаи и смртни исходи е зголемен за 26% […]

Литературна вечер посветена на Славе Ѓорѓо Димоски во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи вечер посветена на книжевното творештво на истакнатиот македонски поет и есеист, Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот се организира по повод 20-годишнината од отворањето на Центарот. За книжевниот опус и литературните квалитети на Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на […]

Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка в петок во Истанбул


Нов круг преговори за иранската нуклеарна програма ќе се одржи в петок во Истанбул помеѓу Иран и т.н. европска тројка – Германија, Франција и Обединетото Кралство, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. – Како одговор на барањето на европските држави, Иран прифати да учествува во нови преговори, изјави портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаи. Западните […]

Можни прекини на катастарските услуги поради интервенции во мрежната инфраструктура


Поради интервенции во мрежната инфраструктура денеска од 16.30 часот можни се прекини на услугите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности. Информацијата ја сподели АКН на својата веб страница.

Сончево и многу топло со температури до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се […]

Вечер на виолончелото на „Охридско лето“ со маестро Даниел Милер-Шот


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата. Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. Оваа концертна […]

Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка – Треска во наредните четири дена


Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде од денеска (понеделник), вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 […]

Во Собранието презентација на наодите од истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“


– Во салата „Борис Трајковски“ во Собранието денеска напладне ќе се одржи јавна презентација и дискусија на тема: „Како да го разврземе Гордиевиот јазол? – презентација и разговор за штетните наративи“, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На настанот ќе бидат претставени резултатите од […]

Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени


 Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет. На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 […]

Внимавајте! Дестинации каде туристите често се измамени – на листата и една популарна земја за Македонците


Туризмот е еден од секторите најподложни на измами, при што измамите се зголемуваат за 18 проценти во текот на летната сезона и за 28 проценти во зимската сезона во 2024 година, според извештајот на Економскиот институт Мастеркард. Бројот на туристи расте од година во година, а со тоа, секако, и ризиците од бројни измами на […]

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват


Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора се враќаат со прва награда за песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров , текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана. […]

Овој вид зеленчук ќе доведе до побрзо губење на тежината и рамен стомак


При губење на тежината, експертите истакнуваат дека еден вид зеленчук може да биде корисен сојузник во борбата против надуеноста и за рамен стомак. Имено, зборуваме за листови од глуварче, растение кое се користи во традиционалната медицина со векови. Според нутриционистката и диететичарка Емили Корнелиус, овој вид зеленчук е едно од најхранливо богатите зелени растенија што […]

Фотографија што носи симболика и јасен став: Ердоган испрати порака до светот од Северен Кипар


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Северен Кипар по повод 51-годишнината од турската воена интервенција во Кипар, а по тој повод испрати јасна порака преку социјалните мрежи. Имено, на социјалната мрежа X, Ердоган објави фотографија на која во позадина се гледаат знамињата на Турција и Северен Кипар, заедно со кратка порака. „Тука сме […]

Тадеј Погачар незапирливо оди кон одбрана на титулата на Тур де Франс, има голема предност шест етапи пред крајот


Денес се одржа 15-тата етапа од Тур де Франс, по која е јасно дека Тадеј Погачар незапирливо се движи кон нова титула пред Јонас Вингегор. Денешната етапа се возеше по ридест терен од Мурет до Каркасон во должина од 169,3 километри. Денес славеше соиграчот на Погачар од тимот на ОАЕ Тим Емирати-XRG, Тим Веленс, кој […]

Индискиот премиер Моди ќе ги посети Велика Британија и Малдивите идната недела


Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ги посети Велика Британија и Малдивите идната недела, објави индиска новинска агенција, повикувајќи се на соопштение на индиското Министерство за надворешни работи. Моди во среда ќе пристигне во дводневна посета на Лондон, каде што ќе разговара со својот британски колега Кир Стармер. Се очекува индискиот премиер да се сретне со […]

Мафијашките пресметки го примораа претседателот на Црна Гора, да свика итна седница на Советот за национална безбедност


По серијата убиства и пукотници во кои беа вклучени членови на мафијашки кланови што се случија во Црна Гора во претходните неколку дена, се огласи претседателот на оваа земја, Јаков Милатовиќ. Меѓу другото, Милатовиќ изјави дека донел одлука за свикување итна седница на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора. „Седницата ќе се одржи […]

Бројот на жртви во лизгањето на земјиштето и поплавите во Јужна Кореја се искачи на 17


Бројот на жртви во Јужна Кореја се искачи на 17 откако две лица загинаа, а пет се водат како исчезнати во округот Гапјеонг во неделата, кога лизгање на земјиштето затрупа куќи и кампови и однесе возила поради обилните дождови. Вкупно 11 лица се водат како исчезнати откако дождовите започнаа во среда, а повеќе од 13.000 […]

Во кафулињата низ Центар уапсени 11 лица, од кои шест малолетници


Полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска (19/20.07.2025) во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар извршија акциска контрола во угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат. Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 […]