Боб Гелдоф: Израелците лажат дека не се одговорни за гладот во Газа


Ирскиот музичар Боб Гелдоф, организаторот на „Live Aid“ во 1985, трансатлантскиот концерт на кој се собраа милиони за помош во борбата против гладот во Етиопија, ги обвини израелските власти дека „лажат“ за гладот во Газа, по изјавата на портпаролот на израелската влада, Дејвид Менцер, кој претходно изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го изгладнува сопствениот […]

Стевче до Борко : Вие сте изгубени. Петката на премиерот ви стана единица


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски не штедеше зборови и со свој фејбук статус му се обрати на Министерот за спорт, или како го нарекува Министер за спорт за светска брука, господинот Борко Ристовски и побара негова одговорност: за лошата организација на Младинскиот Олимписки фестивал што изминатиов период се одржуваше во Скопје и во Куманово.  […]

Халк Хоган бил „прегазен“ од работниот распоред, додека се справувал со 25 операции за 10 години


Халк Хоган признал дека се борел со своето здравје во годината пред неговата ненадејна смрт во четврток, а некои од блиските мислеле дека претерува, дознава „Индипендент“. Но, други блиски до него рекле дека тоа е само негов начин и дека тој инсистирал да биде на турнеја и да се појавува за да се сретне со […]

Водовод продолжува со апел за рационално користење на водата за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на вчерашниот ден повторно констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско […]

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис


Сингапур – Епидемија на акутен гастроентеритис владее во американскиот пливачки тим, објави „АП“, повикувајќи се на претставник на тимот што учествува на Светското првенство во Сингапур. Пливачите се разболеле во тренинг камп во Пукет, Тајланд, од каде што заминале за Сингапур.  Претставникот на тимот не прецизирал колку луѓе биле заразени. Во исто време, трикратниот олимписки […]

Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола


Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се под контрола, а 16 се изгаснати. Активни пожари има во Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. […]

„Конде Наст“ ја затвора програмата за членство во клубот на „Вог“


Клубот за членство тивко исчезна од радарот по голем број промени во изданието. Последната објава на Vogue Club на Инстаграм беше на 15 мај, на која имаше слика од Џулија Хобс, која претходно беше директорка за модни рубрики на британскиот Vogue пред да се повлече и неодамна да се пресели на позиција на виш соработник […]

Што ќе се случи со Ејдан и Кери во продолжението на „Сексот и градот“


„и Токму така… тоа е крајот на Ејдан и Кери. По две сезони во кои Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) и нејзиниот љубовник на далечина Ејдан Шо (Џон Корбет) кои одлучуваа дали ќе се чекаат еден со друг или не во текот на пет години, нивната обновена романса официјално заврши. За време на епизодата „Сегашно […]

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини


 Сообраќајот се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце каде времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути, а на останатите гранични премини […]

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечерва е одржина од музичкиот дел, со концертот „Мозаик“ на македонскиот ансамбл „Консонанс“ и уметниците Елена Дојчинова на флејта, Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Дарко Илиевски на хармоника.  Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите […]

Трамп и Урсула фон дер Лајен ќе се сретнат во Шкотска – можно потпишување трговски договор меѓу ЕУ и САД


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во недела во Шкотска, во рамки на неговата четиридневна посета на Обединетото Кралство. Средбата, како што соопшти Европската комисија, е на покана на Трамп, и има за цел да се финализираат преговорите за потенцијален трговски договор меѓу ЕУ и […]

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент


Приштина – Ниту доцна синоќа Собранието на Косово (во 54-от обид) не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА ниту синоќа не […]

Заеднички концерт на Ана Руцнер и битолскиот Камерен оркестар на Хераклеја на 30 јули


Регионално познатата хрватска виолончелистка Ана Руцнер на 30 јули за прв пат ќе гостува во Македонија, каде во античкиот локалитет Хераклеја ќе одржи заеднички концерт со битолскиот Камерен оркестар. Од Националната установа Камерен оркестар на Битола,  информираа дека за публиката се подготвува впечатлив настап, со музичко и визуелно доживување, хармонија меѓу традицијата и современото. -Хрватската […]

И американски археолози на античкиот град Градиште крај Битола


На 12 километри од Битола има град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава и подоцна во римскиот период. Македонско-американски тим од археолози, предводени од Енгин Насух, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј-Битола и Николас Ангелоф од Универзитетот Поли Хамболт во Арката, Калифорнија, неодамна на локалитетот Градиште-Црнобуки открија и […]

Објавена програмата на 37. Поетска ноќ во Велествово


Шеснаесет поети, музичари и уметници од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија ќе настапат на 37. Поетска ноќ во Велестово.  Програмата ќе започне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе […]

Сончево и топло, попладне услови за дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 27 јули 2025 година, 208-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 157 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 22 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Претседателот на МОК ја затвори олимпијадата, порача дека „Македонија е мала земја со големо срце“


Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ вечерва во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал 2025. На присутните им се обрати претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски кој изрази надеж дека многу од спортистите кои настапија во Скопје и Куманово, ќе бидат идни спортски ѕвезди. – Вие сте иднината […]

Мајка на загинато дете во Кочани гневна што трагедијата ги подели


Родители кои го продадовте споменот на своето дете и борбата за правда за ситни пари, каде ќе ви оди душата? Во пеколот, да знаете. Ова го порача една од мајките чие дете загина во пожарот во дискотеката во Кочани на 16-от Марш на ангелите, гневна што оваа трагедија наместо да обедини, им донела политизација и […]

Лидерот на СНС во Охрид на средба со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство


Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија Милош Вучевиќ, денеска бил во посета на Охрид каде се сретнал со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За средбата, Вучевиќ информираше преку социјалните мрежи каде објави заедничко видео со Мицкоски во кое двајцата ги истакнаа своите впечатоци од разговорите. „Сакам да му […]