Еве кој проект ќе не претставува на Венециското биенале во 2026


Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година. Комисијата ги разгледа сите четири […]

Џесика Честејн по освојување Оскар, сака да магистрира на Харвард


Џесика Честејн се запишува на магистерски студии. Честејн, 48, се запиша на програмата за магистерски студии по јавна администрација на Универзитетот Харвард на John F. Kennedy School of Government, потврдува „PEOPLE“. Актерката е видена како посетува часови на кампусот на Харвард во Кембриџ, Масачусетс ова лето, објави „Variety“ првпат на 30 јули, повикувајќи се на […]

Навратилова: Радукану треба да ја преземе контролата врз својот живот, да се погрижи самата да одлучува


Мартина Навратилова зборуваше за честите тренерски промени на британската тенисерка Ема Радукану.  – Треба да се посветите на една личност најмалку една година. Ако ја пронајдете вистинската личност, која имате храброст да ја запознаете и разберете што може да даде во вашата игра, тогаш треба да се посветите на неа и да работите. Во исто […]

МЕПСО: Пристигна новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС Дуброво


Во Трансформаторската станица (ТС) Дуброво денеска беше успешно испорачан новиот 400/110 киловолтниот трансформатор. Овој капитален проект е дел од пошироката програма за модернизација, зајакнување и развој на електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО. Новиот уред, како што велат од енергетската компанија, значително ќе придонесе кон постабилно и поефикасно снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанските […]

Арсовска со задоволство ќе се соочи со Ганиу, има 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир


 Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, таа детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и […]

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар


Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Тој посочи дека интервенираат специјалните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер од Чешка, припадници од противпожарната единица од Берово, припадници од противпожарната единица од […]

Бушар го одигра последниот натпревар во кариерата


Монтреал- Поранешната тенисерка број 5 во светот, Ежени Бушар го одигра последниот натпревар во кариерата. Триесет и едногодишната Канаѓанката ноќеска загуби од 20-тата тенисерка во светот, Белинда Бенчиќ, во натпреварот од второто коло на турнирот во Монтреал – 2:6, 6:3, 4:6. – Пораснав играјќи на овие терени, гледајќи го овој турнир. Тенисот ми даде толку […]

„Глеј“ и М6 Едукативниот центар влегуваат во стратешко партнерство за дигитална продукција и корпоративна едукација


Компанијата СВОДМАСТЕР АД Скопје, сопственик на првата националната стриминг – платформа „Глеј“ и М6 Едукативен центар објавија стратешко партнерство преку потпишување Меморандум за разбирање, означувајќи ново поглавје во дигиталната и едукативна трансформација на бизнисот во Македонија. Со оваа соработка, „Глеј“ официјално станува дел од семејството на М6 Едукативен центар, приклучувајќи се на заедница од над […]

Минималната плата кај нас била подобра од онаа во Португалија, Грција, Србија…, вели Мицкоски


Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта,  Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,… Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека земјава е некаде на средината ако се земат […]

Прв состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Сирија по падот на Асад


 Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска се состана со сирискиот колега Асад ел Шибани, што е прва официјална посета на Москва на сириски функционер од новата влада по соборувањето на поранешниот претседател Башар ел Асад. На почетокот на состанокот во Москва, Лавров му рече на сирискиот министер дека руските власти искрено сакаат сирискиот […]

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар


Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, […]

Трајчулески до Мицкоски: Го отворате ли прашањето за македонскиот јазик за да не вратите во времето на Груевски?


Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицковски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на […]

Касами продал јавен паркинг вреден 2.5 милиони евра – за само 190 илјади евра!


По контроверзната продажба на Монополот за само 1 евро по метар квадратен,  градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, повторно е во центарот на нов скандал – овојпат со продажба на јавен паркинг во центарот на градот. Според документите до кои дошол порталот Tetova Sot , Касами го продал паркингот со површина од 2.986 м² по цена […]

Владата ќе прави економски зони за производство на оружје и воена опрема


Владата ќе развива нов модел на привлекување странски директни инвестици со кој што ќе се обиде да доведе во земјава компании од воената индустрија. Ова денес во Собранието го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на пратеничко прашање за странските директни инвестиции рече дека такво нешто веќе се разгледува од страна на Владата. Одговарајќи на […]

Возач загина откако излетал од патот на обиколницата кај Богданци


Возач на патничко возило го загубил животот на обиколницата кај Богданци, откако излетал од коловозот. Според информациите од МВР, лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на несреќата. -На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од […]

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител


Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител. Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди. Тој е дипломиран правник […]

Советот на Општина Тетово изгласа измена на буџетот, ќе биде поголем за три милиони евра


Советот на Општина Тетово на денешната 54-та седница изгласа измена и дополнување на Буџетот на Општина Тетово за 2025 година, со што се зголемува износот за околу три милиони евра. Се работи средствата добиени од „унгарскиот кредит“, кои се наменети за капитални проекти. -Предвидено да се заврши булеварот „Видое Смилевски-Бато“ до крајната дестинација согласно проектот […]

Магичен крај на „Скопско лето“ со Вивалди, Пјацола и едно изненадување 


Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“,  музицирајќи синоќа (по настапот на „Охридско лето“) во преполниот Сули ан, за затворањето на „ Скопско лето“, под диригентската палка на искусниот Иван Еминовиќ. Убав свет се собра ( и покрај вревата кај портата од туристи […]

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта


 Министерството за образование и наука објави јавни повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на образованието на ученици Роми за учебната 2025/2026 година – педесет за  основно и 35 за  средно образование. Како што наведува МОН во објавените повици, се работи за дополнителна поддршка на учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и/или се подолго време надвор од […]

По оставката во ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија


По оставката од претседателската функција во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска се враќа на своето претходно работно место во Државниот завод за ревизија, објави Телма. Од институцијата за телевизијата потврдиле дека таа повторно ќе ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор, која ѝ била во мирување додека раководела со ДКСК. […]