Договорот за царини меѓу САД и ЕУ е голема победа за Трамп, но не и целосен пораз за Брисел


По неколкунеделни напнати преговори меѓу највисоките трговски претставници, Европската Унија и САД конечно постигнаа рамковен договор – и тоа доаѓа во пресрет на последната рунда царински преговори на Америка со Кина. На крајот, беше потребно лидерите од Вашингтон и Брисел да седнат лице в лице за вчера да го постигнат договорот. Тоа е нешто што […]

Две нови фестивалски селекции во Италија за „Јон Вардар“


Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со успешното фестивалско патешествие, со две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан во главната програма на Ariano International Film Festival, каде што ќе има прајм-тајм проекција овој вторник, 29 јули, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври. Двата […]

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија


Штутгард – Три лица загинаа, а околу 50 се повредени, од кои 25 тешко, во железничката несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, соопштија германските власти. Меѓу загинатите се машиновозачот и уште еден вработен во државната железничка компанија Дојче Бан. Несреќата се случи околу 18:10 часот кога најмалку два […]

Дуото Емир Имеров на виолина и Ваг Папијан на пијано вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците Емир Имеров од Република Северна Македонија на виолина во пијано придружба на Ваг Папиан од Израел. Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира […]

„Косонанс“ воодушеви со изведбата на македонски автори на „Охридско лето“


Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ синоќа се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со […]

Германија и Италија го поздравуваат трговскиот договор со САД, француската опозиција – против


Берлин– Италијанската премиерка Џорџа Мелони го оцени како „позитивен“ постигнатиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД, но нагласи дека прво треба да се разгледаат деталите, јави агенцијата АНСА. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека потпишаната рамковна спогодба е добра, бидејќи ја избегнала трговската војна и го заштитила автомобилскиот сектор. „Овој договор спречи трговски конфликт […]

Во десет градови бесплатен и анонимен скрининг по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот


Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. По тој повод, од 10 до 13 часот ќе […]

Русија воведе директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг


Москва – Русија денеска воспостави редовна воздушна врска меѓу Москва и Пјонгјанг, што е уште еден показател за сè поблиските односи меѓу двете земји. Првиот лет на рускиот авиопревозник „Нордвинд“ (Nordwind) полета од московскиот аеродром Шереметјево, превезувајќи над 400 патници. Руското Министерство за транспорт соопшти дека ќе има по еден лет месечно за да се одговори […]

Сончево, до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник. 28 јули 2025 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 156 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

ЕУ и САД постигнаа трговски договор, со царини од 15% за европскиот извоз во Америка


Лондон – Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти попладнево американскиот претседател Доналд Трамп. Изјавата доаѓа по средбата на претседателот на САД со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во едно од неговите голф-одморалишта во Шкотска. Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и […]

Тадеј Погачар владее во Париз откако го освои Тур де Франс по четврти пат


Тадеј Погачар ја запечати својата четврта победа на Тур де Франс во Париз по последната етапа од Мант-ла-Вил до Шанзелизе. 26-годишникот, кој ја освои трката во 2020, 2021 и 2024 година, лесно го победи својот најблизок ривал, Јонас Вингегард, со речиси четири и пол минути, во она што двајцата возачи го признаа како најтешкото издание […]

„Њујорк тајмс“: Една милијарда долари за ремонт на претседателскиот авион


Вашингтон – САД одвоија речиси една милијарда долари од буџетот наменет за модернизација на нуклеарниот арсенал, со цел да го финансираат ремонтот на претседателскиот авион Боинг 747-8, познат како „Ер Форс Уан“, пишува денес „Њујорк тајмс“ (NYT). Според весникот, точната цена за ремонтот на авионот засега е доверлива. „Официјално, трошоците за ремонтот се доверливи… Никој […]

САД: ЕУ мора да ги отвори пазарите ако сака договор за пониски царини


Вашингтон – Министерот за трговија на САД, Хауард Латник, изјави дека Европската Унија треба да го отвори пазарот за американски извоз доколку сака да го убеди претседателот Доналд Трамп да се откаже од планираната царинска стапка од 30 отсто, која треба да стапи во сила на 1 август. – Прашањето е дали Европската Унија нуди […]

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни


До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати. Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, […]

Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешно организиран


Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан. Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, […]

Затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница заради пожар


Поради пожар на стрништа затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница. Стотина патници кои попладнево од Грција влегуваат во Македонија се вратени назад и упатени на преминот Богородица.   ,,Ни беше речено дека поради пожар не работи во моментов границата и ќе мора да причекаме. Голем број на автомобили чека да влезе во државата. Застанавме […]

Невреме во Германија. Дете (11) почина, подруми поплавени, патишта затворени


Баварија вчера беше погодена од бурно време, со обилни дождови, грмотевици, лизгање на земјиштето, па дури и снег на поголеми надморски височини. Германската метеоролошка служба (DWD) прогнозира обилни дождови до вторник, особено во Алпите и подножјето, пишува Феникс. Пожарникарите примија повеќе од 300 итни повици, а водата продре во бројни подруми, подземни гаражи и поплавени […]

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско


Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете. Како што информираат од обвинителството таа исто така се сомничи и за – […]

Левица: Од шанса за промоција до меѓународен срам – Борко не може да бега од одговорност!


Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), којшто деновиве се одржуваше во Скопје и Куманово, наместо спортски празник и момент на гордост, се претвори во организациски хаос, понижување за нашата земја и нова епизода на бегање од одговорност, стои во соопштението на Левица, што МИА го објавува интегрално. Иако Владата на ДПМНЕ само што дојде на власт […]