ЈПДП објави повик за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со М-ТАГ


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави Јавен повик за склучување договор со правни лица за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ). Со измените на Законот за јавни патишта изгласани во Собранието минатиот месец, беше најавено дека ќе се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и […]

ПИОМ со СМС пораки ќе известува за подигнување решенија за пензија


Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија. Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на […]

Мицкоски очекува убави вести од Вашингтон за царините


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа какви импликации ќе има трговскиот договор постигнат викендот меѓу ЕУ и САД, рече дека очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД. -Тоа што се постигна вчера беше усогласена заедничка изјава помеѓу Европската Унија и САД и бидејќи јавноста можеше да […]

Трамп ги гони приврзаниците на Камала Харис: На ред дојде Бијонсе


  Претседателот Доналд Трамп во текот на викендот повика на гонење на музичката суперѕвезда Бијонсе – врз основа на нешто што всушност не се случило. Трамп во објава на социјалните мрежи тврдеше дека Бијонсе го прекршила законот со тоа што наводно добила 11 милиони долари за нејзината поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис за […]

Резултати од приемот на Хрватска во Еврозоната: Раст на цените и инфлацијата, но и на БДП и платите


Приклучувањето на Хрватска во Еврозоната на 1 јануари 2023 година резултираше со раст на цените и повисока стапката на инфлација споредено со претходниот период, но сепак, според експертите, економските податоци сугерираат дека замената на куната со еврото во голема мера е успешна приказна.  Така, Хрватска лани беше меѓу земјите од ЕУ со највисока стапка на […]

ВЛЕН: Нема член на семејството на Ахмети кој не стана бизнисмен


ВЛЕН  ја нападна Демократската унија за интеграција тврдејќи нема никакви резултати  пет месеци по Декларацијата за внатрепартиски ветинг, бидејќи таа служела само за политички маркетинг. Според владејачката коалиција, ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство тогаш би требало да оди во политичка пензија. Причините за таа пензија се презентирани во форма на список, за четири […]

Цените на бензините поевтинуваат за еден денар


Вечерва од полноќ се намалуваат цените на горивата. (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,449%, […]

За стоковите резерви ќе се купат 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод свечено пуштање во употреба на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со стоковите резерви, изјави: „Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица […]

Левица: Најавата на Дурмиши за нови 300 вработувања е предизборна злоупотреба


Задолжувањето од една милијарда со кредит не е доволно за да ги задоволи апетитите за дневен пи-ар и предкампањата на избраниците на власта. Оттука, циклусот на вработување пред избори, без исклучок наидува на ново повторување. Овој пат, под закрила на лицата од ранливите категории и лажна хуманост, Министерот за економија Бесар Дурмиши, најави триста нови […]

„Скопско лето“ се затвара в среда со Вивалди и Пјацола


Годинешното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи на 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан.   Диригент: Иван Еминовиќ   Програма: А. Вивалди – Четири годишни времиња А. Пјацола – Четири годишни времиња   […]

Залужни: Војната во Украина може да трае до 2034 година!


Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина и украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека војната на Русија против Украина може да трае до 2034 година. Тој го изјави ова за време на интервју за LB.ua. Залужни изјави дека Украина влегла во нова фаза од војната и ако властите не се погрижат за […]

Грција ќе достави барање за учество во механизмот САФЕ на ЕУ за зајакнување на одбраната


Грција, во рамките на програмата „ReARM Europe“, ќе учествува во новиот финансиски механизам САФЕ (SAFE) на ЕУ. Утре официјално ќе го поднесеме нашиот предлог за вклучување во механизмот САФЕ, барајќи ниски каматни заеми во висина од најмалку 1,2 милијарди евра за зајакнување на нашата национална одбрана и грчката одбранбена индустрија, соопшти преку Фејсбук грчкиот премиер […]

Менaџерот Рака Мариќ со специјална награда на фестивалот „Охрид фест 2025“


  Познатиот менаџер Рака Мариќ од Сараево ќе биде специјален гостин на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 29 и на 30 август на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид. Мариќ ќе добие награда за особен придонес во промовирањето на светската и регионална поп и рок музика во Македонија на Балканот. […]

Ѝ Црна Гора бара помош од ЕУ за справување со пожарите


Подгорица – Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ ги повика надлежните институции да побараат меѓународна помош за справување со големите шумски пожари што ја зафатија земјата, јави црногорската новинска агенција МИНА. „Од Луштица, преку Ловќен и Чемовско поле, до Кучи и Братоножиќи, Пива и Дурмитор – нашите пожарникари и припадниците на Армијата на Црна Гора […]

Сè е поевтино на овој грчки остров: Цените се исти како порано, туристите сè уште не го откриле, само локалното население се опушта


Островот во близина на Атина се смета за една од поевтините дестинации, поради што повеќето локални жители летаат таму. Егина, мал остров во Саронскиот Залив, сè уште е омилена дестинација за локалните жители, додека за повеќето странски туристи останува непозната точка на мапата. Се наоѓа на само еден час возење со ферибот од Атина, и […]

До крај на септември ќе профункционира зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Најдоцна до крај на септември треба да почне зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, во скопската Општина Аеродорм.  „Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, чека одобрување од Град Скопје и МВР, а бидејќи сме во координација со „Градски паркинг“, подготвени се […]

Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен


Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изелза појадок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, објави унгарската новинска агенција MTI. Орбан  изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот […]

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година


Во наредниве две, две и пол години Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор, со кино-сала изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи најмногу на независната сцена уметници. За таа цел, денеска министерот за култура Зоран Љутков и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески потпишаа договор и најавија дека центарот ќе биде […]

Запалени скакулци ги шират пожарите


Вчера поладне повторно се разгоре пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Весна Сенева од регионалната подружница „Серта“ –Штип при ЈП „Национални шуми“ вели дека  пожарот се активираше  поради инсектите и животните кои бегаат од опожарените места и го носат кон површини кои не се зафатени. -Ова е мое лично мислење дека […]

Дајана Рос (81) покажа кој е „шефот“ на концертот во Холивуд Боул: 5 најдобри моменти


  „Ајде повторно да се забавуваме.“ Така се рекламираше концертот на џиновското видео платно на Холивуд Боул во петокот вечерта (25 јули). И Дајана Рос дефинитивно го исполни тоа ветување за време на првата вечер од нејзиниот двонеделен ангажман во местото на настанот во Лос Анџелес. Не верувајќи во своите 81 година, динамичната дива, добитник […]