Граѓаните за корупцијата во здравството: „Доктор Рушвет“ најдобро лечи!


Последната анализа на Институтот за демократија  за состојбите во здравството, именувана со наслов  „Доктор Рушвет: Анализа на фокус групи за корупција во здравството“, открива дека неформалните плаќања, подароци и „врски“ се претвораат во неизбежна влезница за навремена и квалитетна здравствена грижа во државата. -Како изгледа здравствениот систем кога вашето здравје зависи од тоа дали имате […]

Аплаузи за Брамс, Шуберт и Бетовен со виолинистот Имеров и пијанистот Папиан на „Охридско лето“


Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер  продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан. Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со  прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната  бр.9 A-durоп.47 „Кројцер“. […]

Што можеше да направи Европа за да им се спротивстави на САД за тарифите?


Во прифаќањето на американските царини од 15% за европскиот увоз, многумина видоа „предавање“ на Европа пред американскиот притисок, „вазалска“ покорност, мекост и безличност. Во медиумите, и традиционалните и „социјалните“ имаше остри критики кон Европската комисија, дури и повици за оставка на нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен за тоа што не ја водеше битката до […]

Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, годинава дел од нив во ученички домови


Идната година ќе почне сместувањето на студентите во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје кој се реконструира од минатата пролет. Владата со помош на Европската Унија преку Германската развојна банка обезбеди средства за реконструкција на девет студентски домови во државава и во првата фаза се опфатени домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ во Скопје. Министерката за […]

Финансиска и енергетска стабилност како приоритет — средба на министерката Божиновска со гувернерот Славески


На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата, соопштија од Министерството за енергетика. Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат […]

Кој добива, а кој губи со договорот за царините меѓу ЕУ и Трамп


САД и Европската Унија постигнаа она што го нарекуваат најголем трговски договор во историјата по разговорите во Шкотска. Договорот досега повеќе личи на рамковен договор отколку на целосен трговски договор бидејќи деталите сè уште не се јасни. Но, бројките што ги објавија претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Левица за разрешување на јавниот обвинител


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако иницијативата доаѓа од партијата Левица и во неа стои дека ги поштедил кадрите на оваа партија од истрагата за Кочани.  -На државата и трена независен, функционален и  храбар обвинител кој нема да молчи пред […]

Владата ќе си праќа свој судија во Стразбур, ја поништила листата на веќе кандидираните


Владата не ја прифатила предлог-листата со тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) – обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелацискиот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, со образложение – дека не ги исполнувале предвидените условите. Откако не ги прифатила кандидатите, Владата формирала нова комисија со нови членови кои ќе бираат […]

Атина најевтина, Лондон најскап: Колку чини изнајмување стан во европските метрополи?


Астрономските кирии во градските центри низ Европа продолжуваат да растат, при што само пет европски градови имаат просечни кирии под 2.000 евра за стан со три спални соби, според новиот извештај на Дојче Банк, пренесува Euronews. Како што цените за кирија во ЕУ продолжуваат да растат, најголемиот скок на трошоците во последните пет години е забележан […]

Најубавата земја во светот плаќа за да се преселите на остров: Добивате пари за реновирање на куќа и живеење таму


Ирска ја обнови програмата „Нашите живи острови“, која нуди парични стимулации за преселба на еден од 23 оддалечени острови. На крајот на јуни, ирските власти ја обновија програмата „Нашите живи острови“. Оваа иницијатива, започната во 2023 година, е предвидена да трае до 2033 година и има за цел борба против депопулацијата преку мерки како што […]

ССМ доби репрезентативност, утре на ЕСС ќе бара зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати. – Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред […]

Таравари не сакал да биде дел од „политичката измама на ВЛЕН“


Алијансата за Албанците на Арбен Таравари реагира на, како што ги оценува, лажните изјави на претставниците на ВЛЕН, нагласувајќи дека враќањето во опозиција била принципиелна и неопходна одлука. -Арбен Таравари не ја напушти владата поради каприци или лични интереси. Тој си замина затоа што владата на ВМРО-ВЛЕН не ги исполни своите ветувања кон Албанците и […]

Ова место во Турција е прогласено за најповолно летувалиште за семејства: Ручекот за четири лица чини помалку од 80 евра


Со вкрстена проверка на трошоците за 10 ставки, беше откриено дека Мармарис во Турција е најприфатлив за семејно патување, по што следува Сончев Брег во Бугарија, а Алгарве во Португалија е на третото место. Мармарис, популарно одморалиште на медитеранскиот брег на Турција, е прогласено за најдобра дестинација за одмор во овогодинешниот годишен извештај за семејни […]

ЛДП го поздрави намалувањето на трошоците за банкарски услуги: Граѓаните не се банкомат!


 Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздрави  намалувањето на тарифниците за банкарски услуги, што според нив произлегува од нивната кампања „Твоја сметка – твои пари“ и јавниот притисок во интерес на граѓаните. -Сметаме дека ова е важен и исправен чекор напред, кој покажува дека кога институциите имаат слух, а политиката се води во служба на граѓанинот, резултатите […]

Објавен оглас за кариерно напредување на наставниците и стручните соработници


Вчера, МОН објави оглас за кариерно напредување на наставниците и за прв пат и за унапредување на стручните соработници. „Во основното образование ќе напредуваат наставници во ментори, а веќе избраните ментори во советници, а стручните соработници за првпат во ментори. Во средното обраование првпат ќе има кариерно напредување. Ќе има и за наставниците и за […]

ЕСМ доделил тендер на фирма што веќе го оштетила државниот буџет


Левица тврди дека продолжуваат скандалозните тендери во најголемиот државен загубар АД ЕСМ, со кое директорува Лазо Узунчев, овојпат  во вредност од над 2 милиони евра со битолската компанија „Руд Коп”.   -Во февруари финансиска полиција извести дека поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото […]

ВМРО-ДПМНЕ чека одговор што нема да дојде од Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ испрати денес соопштение со кое ја оживува идејата за заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент, што ја отфрлија сите кај нас и ја прогласија за „руски рулет“. Уште повеќе од власта јасно кажуваат која им била намерата, т.е. да покажат дека Бугарија не е искрена кога вели дека само внесување […]

Комисијата за избори и именувања ќе бара решение за избор на претседател на ДКСК


 Собранието се очекува денеска во рамки на 64. пленарна седница да ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, поднесена во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во […]

Напад со нож во Лондон. Двајца мажи убиени, осомничениот е во сериозна состојба


Двајца мажи починаа, а двајца други се хоспитализирани по насилниот инцидент во центарот на Лондон вчера. Еден од хоспитализираните мажи е уапсен под сомнение дека е поврзан со нападот. Метрополитенската полиција соопшти дека биле повикани во бизнис на Лонг Лејн во Саутерк околу 13 часот во понеделник. Четири лица биле пронајдени со убодни рани на […]

Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката таму, без соодветно образование


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во […]