Европа гори под сонцето, во Шпанија температури од 46°Ц, црвена тревога во Париз


  Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален дел на Франција во состојба на тревога. Екстремна топлина, засилена од загадувањето со фосилни горива, веќе неколку дена ги гори Португалија, Шпанија, Франција, Италија и Грција, додека јужна Европа го преживува […]

Грант од ЕБОР за национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и додели на државава грант од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, информира денеска Министерството за транспорт. Договорот за грантот го потпишале вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и Шарлот Ру, извршен директор за […]

Повторно пожар во галиите во Вардар


Пожар вчеравечер избувнал во галијата на реката Вардар, што се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј ин“ во центарот на главниот град, информираа за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Пожарникарите веднаш излегле на терен и со навремена рекација интервенирале во гаснењето на пожарот Комантирот на Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје, […]

Млад мотоциклист удри во пешак и го усмрти


На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил […]

Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе кај бензинска пумпа во Оризари


Голем пожар избувна ноќеска во Кочани, при што биле опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Штип. Инцидентот се случил околу 02:30 часот по полноќ, во близина на бензинска пумпа во кочанската населба Оризари. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил локализиран и изгаснат, […]

Лишен од слобода возач поради сообраќајката на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје


  На 30.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р.Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје.   Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот […]

Германски и австриски печат: Вучиќ е „гробарот на демократијата“, ЕУ мора да го казни


  Сцените од улиците на Србија покажуваат дека властите на Александар Вучиќ немаат никаква врска со прокламираните европски вредности, оценува печатот на германски јазик. Од друга страна, Вучиќ ужива поддршка од ЕУ иако вели дека бунтот се управува „однадвор“. „Обучени полицајци, оклопни како желки, исто така се потат. Цел ден, маскирани службеници на државата во […]

Државата субвенционира обука за пилоти


Обука за пилоти на авион, лесни воздухоплови, едрилици, но и за параглајдер и падобранци, субвенционира државата со 50 отсто, односно до 4.200 евра, а огласот за пријавување денеска излезе во дневните весници. Се бараат седум приватни пилоти на авион (PPL-A), три пилоти на лесни воздухоплови (LAPL),пет пилоти на едрилици по програма со аерозабрега (GPL), 10 […]

Обраќања на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос (во живо)


Обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан.  На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.   

Арсовска бара заштита од Рокас и од Кос во битката со дивоградбите


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска, со отворено писмо до еврокомесарот Михалис Рокас, бара да ѝ пренесе на еврокомесарката Марка Кос, која е во посета на Скопје, дека државните институции не ја заштитуваат неа и покрај пријавите за закани, откако почна јавно да ги објавува дивоградбите кои се граделе во Чаир со амин на […]

Маратонско гласање во Сенатот на САД за „големиот прекрасен закон“ на Трамп


  Сенатот на САД одржува маратонско гласање за обемниот буџет кој е од витално значење за агендата на Доналд Трамп и би довел до големи даночни олеснувања и намалувања на програмите за здравствена заштита и храна доколку биде усвоен. Сенаторите се собраа во Капитол за процес познат како „гласај-а-рама“, во кој пратениците ќе предложат измени […]

Проекција на седум кусометражни играни филмови во Кинотека на РСМ


На 2 јули (среда)во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе с е одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.    На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., […]

Штрајк на 10.000 комунални работници во Филаделфија по неуспешните преговори со градските власти


Речиси 10.000 комунални работници во Филаделфија – кои собираат ѓубре, одговараат на повици на 911, одржуваат градски базени и извршуваат други работи – денеска стапија во штрајк откако пропаднаа преговорите за нов договор со градската власт. Градоначалничката Шерил Паркер изјави дека градот ќе го суспендира собирањето ѓубре на некои локации, ќе затвори некои градски базени […]

Шест работи што мора да ги направите: Како да ги ублажите изгорениците од сонце


Без разлика колку сте внимателни, можно е да се изгорите додека сте на отворено, бидејќи многу луѓе често забораваат повторно да нанесат крема за сончање, а може да им биде тешко да покријат одредени делови од телото. Затоа, ако се случи да се изгорите од сонце, важно е да знаете како да дејствувате во таа […]

САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари


Вашингтон – Стејт департментот вчера донесе одлука да и одобри на израелската Влада можна продажба на комплети за наводувачка муниција, поддршка на муниција и сродна опрема по проценета цена од 510 милиони долари. Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста го издаде потребниот сертификат со кој го информира Конгресот, се наведува на веб-страницата на агенцијата. Израелската […]

Изложба „Скопски урбани приказни“ на „Скопско лето“


Друштвото на ликовни уметници од Македонија – ДЛУМ во рамки на „Скопско културно лето“ традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“ со средства обезбедени од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Оваа година, изложбата се реализира и со поддршка на ЈУ Универзална сала – Скопје, Македонска опера и балет, Музеј на град […]

Од денеска летен режим на сообраќај за тешки товарни возила на државните патишта


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Без струја дел од Драчево


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од ул. „Маркова Река“ во населба Драчево, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.  Прекинот во напојувањето со струја ќе трае од 08:30 до 12:00 часот.

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст


Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.  На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, […]

Кои министерства доцнат со обврските од Реформската агенда?


Неколку македонски министерства доцнат со исполнување на реформски чекори од Реформската агенда на Владата 2024-2027, која се однесува на Планот за раст на Европската Комисија, чиј краен рок е јуни. На последниот ден од јуни, вчера, тие сѐ уште ги немаа заокружено рефорските задачи за кои се предвидени средства во висина од 43 милиони евра. Во пресрет на Самитот за […]