Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите


Белград – Организациите „Амнести интернешнл“ (Amnesty International)  и „Заштитници на граѓански права“ (Civil Rights Defenders) издадоа заедничка изјава во која наведуваат дека „видеата од српската интервентна полиција како напаѓа мирни демонстранти собрани на уличните блокади и пред универзитетот во Белград се алармантни“. „Има голем број апсења и бројни обвинувања за прекумерна или на друг начин […]

Алкараз со многу мака до осминафиналето на Вимблдон


Лондон– Двократниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз со многу напори успеа да го победи Германецот Јан – Ленрад Штруф со 3:1 во сетови и избори осминафинале. Следниот ривал ќе му биде Андреј Рублев. Алкараз имаше убедлив старт и првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во следниот сет Штруф го доби сетот […]

Кина ѝ кажала на ЕУ дека не можела да прифати Русија да ја загуби против Украина


  Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му рече на највисокиот дипломат на Европската унија дека Пекинг не може да прифати Русија да ја изгуби војната против Украина, бидејќи тоа би можело да им овозможи на САД целосно да го свртат своето внимание кон Кина, рече функционер информиран за разговорите, што е спротивно на […]

Голем дел од Чешка без струја поради дефект, метрото во Прага запре


Прага – Метрото во чешката престолнина Прага денеска беше привремено запрено, а пожарникарите спасуваа луѓе заглавени во лифтови откако прекинот на електричната енергија предизвикан од уривање на далноводот го зафати поголемиот дел од земјата. Операторот на чешката мрежа на платформата Икс соопшти дека прекинот траел неколку часа и дека влијаел на осум од 44 дистрибутивни трафостаници […]

Наместо културна дипломатија – само патувања без ефект и без отчет: СДСМ за пресот на Љутков


Наместо инвестиции – кратења од буџетот. Наместо визија – политичка пропаганда, реагира СДСМ по денешната прес конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков по една година мандат. „Денешната прес-конференција на министерот за култура Зоран Љутков беше уште еден обид да се замаскира годишното фијаско на ВМРО-ДПМНЕ во културата. Наместо отчет, јавноста доби низа […]

До 13 јули пензионерите од Бутел може да аплицираат за финансиска помош


Јавниот повик за финансиска поддршка за пензионерите од општина Бутел е продолжен до 13 јули, известуваат од локалната самоуправа.  Право на финансиска поддршка ќе остварат: – Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел – Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 21.909 денари.  Јавниот повик е отворен […]

Играч на Арсенал обвинет за силување


Репрезентативецот на Гана и доскорашен играч на Арсенал, Томас Парти е обвинет за пет случаеви за силување. Според обвинението се се случило во периодот меѓу 2021 и 2022 година како што објавуваат британските медиуми.  Истрагата започнала во февруари 2022 година, кога една од жртвите пријави случај за силување, а набрзо уште две жени поднесоа и […]

Во Турција приведен уште еден опозициски градоначалник


Турската полиција денеска го приведе градоначалникот на Манавгат, Анталија, Нијази Нефи Кара во рамките на истрагата за корупција. Покрај градоначалникот приведени се и 33 други осомничени во рамките на истрагата на работата Општината предводена од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). На 1 јули полицијата ги приведе градоначалникот на Измир, Тунџа Сојера, 20 опозициски општински претставници, […]

Деветти пат од почетокот на војната нуклеарната централа Запорожје остана без струја и работи на дизел генератори


Сите надворешни далекуводи што ја напојуваат со струја украинската нуклеарна електрана Запорожје се прекинати, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Украинската нуклеарна централа во Запорожје целосно остана без надворешно електрично напојување денеска во 17:36 часот. Ова е деветти пат од почетокот на воениот конфликт и првпат од крајот на 2023 година“, објави МААЕ […]

Опаѓа бројот на баратели на азил во Албанија


Во Албанија забележано е значително намалување на бројот на баратели на азил, од 261 лице во 2023 година, на само 104 минатата година. Според официјалните податоци, главни земји на потекло на барателите на азил се Авганистан со 27,9%, Сирија со 17,3% и Пакистан со 10,6%. Најголем број барања за азил, односно  57,7% од вкупните барања […]

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот, човековите права и даночната правда


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска преку соопштение изрази сериозна загриженост поради најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можноста од воведување данок за немажени и неженети лица. „Ваквата најава претставува недозволив и опасен преседан кој директно ги повредува темелите на уставниот поредок, човековите слободи и начелата на еднаквост“, посочуваат од ДОМ. Од партијата додаваат дека […]

Црквата „Света Софија“ во Реонски продолжува да се гради, околу неа комерцијални објекти


Црквата „Света Софија” во Реонски центар, кај ТЦ „Лиса“ продолжува да се гради по повеќегодишна пауза. „Света Софија” почна да се гради во 2013 година како голем православен верски храм во кој ќе можат да се служат верски обреди, да се одбележуваат празници. Но, беше изградена до карабина, а над куполата беше поставен крст. Но, […]

Мерц со Трамп разговарал за купување „Патриот“ системи за Украина


Германскиот канцелар Фридрих Мерц имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата Германија да купи американски системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, потврди денеска портпарол на германската Влада. Разговорот, инициран од Мерц, бил насочен кон поттикнување нови испораки на оружје за Украина, особено системите „Патриот“, откако Пентагон ја прекина испораката на одредени […]

Мицотакис најави финансиска помош од 100 милиони евра до 2030 година за Света Гора


Финансиска поддршка за манастирите на Света Гора во висина од 100 милиони евра до 2030 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Света Гора и објасни дека средствата ќе бидат наменети за одржување на манастирите, нивната реставрација по неодамнешниот земјотрес, како и зачувување на природата и олеснување на илјадниците поклоници, […]

Општина Центар одвои еден милион денари за повредените и семејствата на загинатите од Кочани


На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани. „Кога е најтешко, да си подадеме рака, да […]

Сирија е подготвена да соработува со САД за враќање на Договорот за безбедност со Израел


Сириските власти денеска соопштија дека се подготвени да соработуваат со САД за враќање на Договорот за безбедност од 1974 година со Израел. Откако во декември минатата година беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад и власта ја презеде исламистичка коалиција, Израел изврши стотици напади рз Сирија и распореди војници во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина, […]

Поради штрајкот на француските контролори нарушен авиосообраќајот во Европа


Париз – Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани се голем број летови, што доведе до последици не само во Франција, туку и во други делови на Европа. Два француски синдикати организираа вчера и денеска организираа штрајк барајќи подобри услови за работа. Поради штрајкот откажани се една четвртина од летовите на главните аеродроми во Париз […]

МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки


 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Како што се наведува во соопштението на МВР, пораките содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да […]

Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. .„Разговаравме за можностите за воздушна одбрана и се договоривме да работиме заедно за да ја зајакнеме заштитата на нашето небо”, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп. Тој додаде […]

Обвинителството на Истанбул бара затворска казна за Имамоглу поради наводно фалсификување на факултетската диплома


Анкара – Обвинителството во Истанбул бара затворска казна во траење од осум години и девет месеци за привремено суспендираниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу по обвинението за фалсификување на диплома. Истрагата е завршена и барањето е евидентирано во обвинителниот акт. Според документот, обвинителството побарало од две години и шест месеци до осум години и девет месеци […]