Економијата на Бугарија ќе има придобивки од членството во Еврозоната, вели претседателот на Еврогрупата


Членството на Бугарија во Еврозоната не само што ќе претставува значајно достигнување за земјата со важни придобивки за нејзината економија, туку ќе ја зајакне и силата, отпорноста и гласот на Зоната на заедничката европска валута во светот, порача претседателот на Еврогрупата и ирски министер за финансии Паскал Донохју по повод одлуката на Европската комисија дека […]

Руте: На Украина никогаш не ѝ било ветено членство во НАТО


Посветеноста на НАТО кон неповратниот пат на Украина кон членство останува, но земјата никогаш не добила формално ветување за влез во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел. „Украина е поканета на Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Хаг за неколку недели“, изјави Руте пред состанокот на министрите за […]

ОЈО испрашало повеќе лица за дивоградбите во Чаир, собрана и документација


Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.  Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.  – Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна […]

Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ


Претставници на Европската Унија и САД се сретнаа денеска во Париз за да разговараат за трговски договор. Главниот трговски преговарач на ЕУ, Марош Шефчовиќ, се сретна со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир на маргините на состанокот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз. „Напредуваме во вистинска насока и со вистинско темпо и […]

Кијосаки: САД пред економски колапс полош од 1929 година


Финансискиот автор Роберт Кијосаки, познат по предвидувањето на рецесијата во 2008 година, предупреди дека САД се движат кон економска катастрофа поголема од Големата депресија, објави „Дејли мејл“. Според него, следниот економски пад ќе ја надмине Големата депресија од 1930-тите и ќе го направи колапсот од 2008 година незначителен. „Ова не е само уште еден пад. […]

Вук Драшковиќ: Путин го копира Хитлер, а „српскиот свет“ е копија на копијата


  Цунамито од студентски протести ја тргна Србија од бесвеста, вели Вук Драшковиќ во интервју за политичкиот магазин „Мрежа“ на  федералната телевизија на БиХ. Драшковиќ е поранешен министер за надворешни работи, повеќекратен пратеник во српското собрание и пртседател на Српското движење за обнова. Србија беше „онесвестена“, додаде тој, а состојбата во која се најде Србија […]

Под мотото „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“ 62. Рацинови средби од 7 до 17 јуни


Под мотото „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“ Општина Велес годинава од 7 до 17 јуни ќе се одржат 62 Рацинови средби, кои годинава имаат поддршка од Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, информира на денешниот прес градоначалникот Марко Колев и воедно претседател на организацискиот одбор. Во рамките на Рациновите […]

„Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – Ќе се исчистат 30 депонии


Со симболично чистење на дива депонија во Преспа, денеска започна кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, чија цел е да се поттикне одговорноста и подобрат практиките на локалното население за правилно постапување  со отпадот. Преспа со години се соочува со проблеми во управувањето со отпадот – од несортиран отпад, преку […]

Како најдобро да се искористат придобивките од Планот за раст за Западен Балкан: Шанса регионот да се приближи до ЕУ


Советот на амбасадори денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија организираше тркалезна маса за Планот за раст на Западен Балкан, пред лидерскиот Самит во Скопје, чиј домаќин ќе биде премиерот Христијан Мицкоски, на кој ќе се дискутира новиот План за раст на ЕУ и за придобивките кои земјите од регионот можат да ги […]

Уставен суд ја отфрли можноста за интерпелација на Костадиновски


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки. Во врска со можноста за интерпелација на уставен судија, Судот веќе официјално има соопштено став на 13 март 2025 година, информираат од Уставниот суд, по најавеното барање за интерпелација на претседателот на Уставниот суд. Во врска со т.н. […]

Кремљ нема да го поткопа Вучиќ, туку ќе му помогне


Веста дека Србија испорачува оружје на Украина преку трети земји престана да биде вест пред повеќе од две години. Престана да биде вест толку многу што во јуни 2024 година, српскиот претседател Александар Вучиќ или се фалеше или се правдаше во интервју за „Фајненшл тајмс“ дека испораките достигнале 800 милиони евра и дека не може […]

„Алкалоид“ на Третата регионална ESG-конференција на AmCham: градење резилиентност во свет што се менува


Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи […]

Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби


Полицијата и Државниот пазарен и инспекторатот за труд извршија контрола во кумановски угостителски објекти, изречени се седум глоби за правни и физички лица кои работеле спротивно од Законот за угостителство и три од Државниот инспекторат за труд, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20 до 4 часот на […]

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме


Бројките се најрелевантниот показател за политиките што ги спроведуваме и претставуваат смерница за креирање на политиките во наредниот период. Раст на БДП од 3% и над 3% последователно во три квартали е потврда за нашата политика што ја најавивме за стабилизација на макроекономската состојба и можност да стартуваме со политиките коишто ќе не водат кон […]

Владата на Нетанјаху пред паѓање поради спорот за воената служба


  Ултраортодоксната израелска партија во средата објави дека ја напушта владејачката коалиција во земјата поради плановите за задолжителна воена служба, заканувајќи се на власта на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Водечките рабини од алијансата Обединет Тора Јудаизам (УТЈ) изјавија дека партијата ќе ја повлече својата поддршка за владата поради спорот околу принудувањето на високо религиозните ортодоксни Евреи […]

Турција воведе парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе


Турските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај […]

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони


 На 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која денеска претседаваше министерот за локална самоуправа Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог-одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат […]

Младинскиот форум на Алијансата за Албанците обвини за „деалбанизација“ на администрацијата


Младинскиот форум на Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост и револт поради тековниот процес на деалбанизација на јавната администрација. Според нив, неодамна објавените податоци за вработувањето во државните институции сведочат за систематска и намерна дискриминација врз Албанците, кои се отворено исклучени од можностите за вработување и унапредување во државните структури. Со постапките на оваа влада, […]

Со нови производи преку Развојната банка ќе се поттикнува преработувачката индустрија


Во однос на увозот, загрижува податокот дека е поголем од извозот и тука апсолутно нема збор и ние како Министерство за финансии подготвуваме дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија, истакна денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која одговараше на новинарско прашање за разликата меѓу увозот и […]

Кинез паднал од дрвена платформа при изградба на автопатот Кичево – Охрид


Вчераутро,  во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Увид на местото извршија екипа од […]