Единаесет загинати на прослава на победа на индиски крикет тим


Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во стампедо во Бангалор, Индија, за време на прославата на шампионатот на крикет клубот Ројал Челинџерс, објави „Асошиејтет прес“. Десетици илјади навивачи се собраа пред стадионот за да го прослават првиот трофеј на Челинџерс во индиската Премиер лига. Трагедијата се случи кога толпата се обиде […]

БГНЕС ја стави на „отстрел“ и еврокомесарката Марта Кос


  Под наслов „Билатералниот неуспех“ на Марта Кос – заменување на европската позиција во служба на странски интереси, бугарскиот медиум БГНЕС ја нападна еврокомесарката за проширување дека и таа, како Томас Вајц, зборува со реториката на Македонија место со европска. Причина се последните изјави на Марта Кос, а претходно и на Каја Калас, во кои […]

Руски дронови го нападнаа Харков


Најмалку 17 лица се повредени во напад што Русите го извршиле ноќеска врз источниот украински град Харков, соопштија утрово локалните власти. Меѓу повредените има најмалку две деца и една бремена жена, напиша воениот гувернер Олех Синехубов на Телеграм. Како што пренесе ДПА, руските дронови оштетиле високи згради, искршиле прозорци и оштетиле станови, напиша Синехубов. – […]

Центрите за помош во Газа повторно ќе бидат отворени


Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ) соопшти дека денеска планира да ги отвори своите центри за дистрибуција на помош во Појасот Газа, а се очекува операциите да почнат подоцна во денот отколку претходно оваа недела. Центрите беа затворени вчера поради, како што наведе фондацијата „реновирање“. Одлуката следеше по извештаите дека израелските сили убиле луѓе во близина […]

Самостојна изложба на фотографии на Виктор Бранѓолица


Петтата самостојна изложба на фотографии на Виктор Бранѓолица се отвара на 6 јуни – петок – во 19 часот во ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин” – Скопје, Галерија КО-РА во голем салон. Изложбата се состои од 25 дела – фотографии со наслов „Магепсани Соништа”. Делата се работени во 2025 година. Виктор Бранѓолица има учествувано […]

Висока уметничка вредност на сцената: „Народен пратеник“ на МНТ со блескава изведба во Народно позориште Београд


Ансамблот на Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ што беше изведена во Народно позориште Белград уште еднаш потврди дека театарската уметност живее во својата најчиста форма — преку искрена емоција, прецизна актерска игра и моќна режисерска визија, соопштија од МНТ. Со фасцинантна изведба, која им го задржа вниманието на гледачите од првата до последната […]

Ѓоковиќ го победи Зверев и закажа полуфинале со Синер на Ролан Гарос


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доцна синоќа го победи Германецот Александар Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4. Натпреварот траеше 3 часа и 20 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше шест пати асови и и реализира 4 од 8 брејк топки. Неговиот противник имаше 4 асови, 1 двојна грешка и 1 конвертирана […]

Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги […]

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации


Репрезентацијата на Португалија синоќа ја  победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Домаќините го отворија резултатот преку Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63. минута, а Кристијано Роналдо пет минути подоцна го постигна голот вреден финале. Португалија во финалето […]

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, на кого му вети безусловна поддршка за рускиот став кон Украина и други меѓународни прашања, јави денеска КЦНА. – Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја и во иднина безусловно ќе го поддржува ставот […]

Бислимоски не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата


Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за […]

САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа


САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата. – Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда […]

Почнува 24. издание на ОФФест, вечерва настап на Драган и Ратко Даутовски и составот Канцониере Греканико Салентино од Италија


На 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји. – Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а […]

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе […]

Презентација на извештајот „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”


Во „Europe House“ во Скопје денеска ќе бидат презентирани наодите од националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во Република Северна Македонија „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”. Како што информираат од Фондот за население на Обединетите […]

Седум милиони евра од Европската унија за еколошки проекти во Преспа


Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во […]

Трибина „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата


Во Медија центарот во Владата денеска ќе се одржи трибината „Кочани е нашиот приоритет“. Како што информираат од владината прес-служба, на трибината ќе се обратат директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и генералниот директор на Црвен крст, Саит Саити. Модератор на […]

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максимална ќе достигне од […]

Четири причини зошто Илон Маск го напаѓа „големиот прекрасен закон“ на Трамп


  Елон Маск во вторникот го критикуваше клучниот закон на претседателот Трамп, нарекувајќи го пренадуен хаос. Но, два извори кои разговарале со Маск велат дека тој бил фрустриран што не успеал да добие поволен третман во законот и во администрацијата воопшто. Објавата на Маск на Икс во која се нарекува „големиот, прекрасен закон“ на Трамп […]

Само 20 минути престој во природа го намалува стресот


Докажано е дека престојот во природа, особено во шумите, има позитивни ефекти врз менталното здравје и нивото на стрес. Нова студија спроведена во Австрија покажа дека 20 минути поминати во шумска средина значително го намалуваат нивото на стрес и го подобруваат расположението. Во студијата учествувале 66 здрави возрасни лица. Тие биле случајно поделени во две […]