Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа


Апелациски суд на САД му дозволи на претседателот Доналд Трамп да го ограничи пристапот на новинари на Асошиејтед Прес на некои настани во Белата куќа. Во февруари, Белата куќа им забрани на новинарите на АП да присуствуваат на настани во Овалната соба и да бидат во авионот „Ер Форс Уан“ поради уредувачката политика на новинската […]

Без струја корисници од неколку улици во Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Кисела Вода. Како што информираат од РЦУК, во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Герника“ и „Сердарот“ во населба Драчево, општина Кисела Вода. 

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“


Македонскиот театарски фестивал  „Војдан Чернодрински“ е традиција, духовна навика и жива дебата за тоа каков театар сакаме да гледаме и какво општество сакаме да градиме, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. -Низ овие 59 години, театарот постојано се движи напред предводен од […]

Вардар и Пелистер пред полн СЦ „Јане Сандански“ ќе одлучуваат за титулата


Вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер вечер во Скопје ќе го играат решавачкиот натпреварот за шампионскиот трофеј во ракометната Суперлига на Македонија. Билетите за овој натпревар кој ќе се игра во Спортски центар „Јане Сандански“ од пред неколку дена се распродадени. Во пресрет на последното, 10. коло од плејофот, Вардар и Еурофарм Пелистер се на […]

Студија на ЕК: Демократијата во Европската Унија ги изневери жените


Жените во Европската Унија значително почесто се цел на онлајн закани и напади отколку мажите, има помала веројатност тие да бидат избрани на одговорни функции и се повеќе се склони да апстинираат од гласање на избори, се наведува во студијата на Европската комисија посветена на изборите за членови на Европарламентот што се одржаа во јуни […]

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам


Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, објави дека 14.372 лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни во првиот ден од Курбан Бајрам. Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во […]

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки


Суд во Норвешка осуди лекар на 21 година затвор за силување и сексуално злоставување десетици жени. Поранешниот матичен лекар Арне Баје е осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој е осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската функција, според норвешките медиуми. Речиси сите злосторства се случиле за време на медицински […]

Трамп: Кина се согласи да извезува ретки минерали и магнети во САД


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки минерали и магнети во САД, што би можело да ги намали тензиите меѓу најголемите економии во светот. На прашањето на новинарите дали Си се согласил, Трамп рече: „Да, се согласи“. Кинеската амбасада во Вашингтон не […]

Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но побара максимална концентрација за следниот дуел, со Казахстан на гостински терен. – Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во […]

Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД


Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, […]

Ѓоковиќ по испаѓањето од Ролан Гарос: Ова можеби е мојот последен натпревар тука


Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Ролан Гарос. Тенисерот број еден во светот го победи Новак Ѓоковиќ во три сета во полуфиналето. За три часа и 17 минути игра беше 6:4, 7:5, 7:6(3). Во финалето, Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој претходно го нокаутира Лоренцо Мусети. Ѓоковиќ се распадна по натпреварот и одржа […]

(Видео) Брутален руски напад врз Харков, најмалку три лица убиени


Во последните четири часа, градот Харков е под најголемиот напад од почетокот на војната. Русите испукуваат наведувани бомби, ракети и дронови врз станбени области низ градот. Регистрирани се најмалку 60 експлозии, а луѓето се заробени под урнатините на неколку локации“, пишува Киев Пост. Во најжестокиот руски напад со дронови врз Харков, вториот по големина град […]

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)


Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва […]

Хуманитарна изложба на домашни миленици, средствата ќе бидат донирани на семејствата на настраданите од Кочани


Факултетското студентско собрание при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со поддршка на ФВМС, денеска на плоштадот во Гази Баба, ќе одржи хуманитарна Изложба на домашни миленици. Настанот има за цел да се обезбедат средства за семејствата на настрадани во трагичниот настан од огромни размери што неодамна го погоди Кочани и ја потресе целата земја. […]

Уникатно африканско доживување на ОФФест со маестралниот Вју Фарка Туре и Флоренс Адони


ОФФест вечерва на публиката ќе и понуди уникатно, африканско доживување со настапите на маестралниот гитарист Вју Фарка Туре од Мали и вокалистката Флоренс Адони од Гана. Познат како „Хендрикс од Сахара“ и син на легендарниот Али Фарка Туре, Вју Фарка Туре не само што е виртуоз на инструментот, туку успева да ја негува традицијата и […]

Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 37 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. […]

Хронологија на распадот на односот меѓу Трамп и Маск


Се до неодамна, сегашниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск изгледаа како да имаат солиден сојуз – комбинација од најмоќниот политичар и најбогатиот човек во светот. Но, во последните десет дена, тој однос целосно се распадна, претворајќи се од благо несогласување во отворен конфликт полн со меѓусебни обвинувања, навреди и закани. Среда, 28 […]

Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи гол


Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година. Одигравме реми против моќната Белгија, но нашата репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем. Белгијците ја имаа […]

Ништо од финалето на Ролан Гарос за Ѓоковиќ, загуби од Синер со 3-0


Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во големото финале на Ролан Гарос благодарение на победата од 3-0 во сетови над Новак Ѓоковиќ (Србија). Резултатот по сетови беше 6:4, 7:5, 7:6 (3). Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој денес го победи Лоренцо Мусети во првото полуфинале на Ролан Гарос.

Убиство во центарот на Белград! Млад човек беше застрелан, почина на лице место


Во центарот на Белград, на улицата Гаврило Принцип 52, во петокот вечерта со пиштол беше убиен млад човек. Младиот човек почина на лице место. За кратко време, полицијата успеа да пронајде и уапси две лица осомничени за убиство. На лице место беа пронајдени 10 чаури. По убиството, полицијата ја започна операцијата Вихор, објавува Телеграф. Акција […]