СДММ: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ја заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ?


  Младинската организација на СДСМ денеска праша дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ја заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност поради употребата на пиротехника? „УМС објави демек ‘доказ’ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валиден и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со […]

Владата на Косово е подготвена да го прифати барањето на САД за прием на странски државјани


Владата на Косово во оставка потврди дека е подготвена на соработка со САД за прифаќање и привремено преселување на државјани од трети земји во Косово, во согласност со утврдени услови, изјави денеска портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу. – Во период од една година, до педесет лица можат привремено да се преселат, со цел да […]

Во Македонија не постои систематизиран пристап за справување со странско мешање и манипулирање на информации


Во Северна Македонија не постои систематизиран пристап за справување со странско мешање и манипулирање на информации (СММИ), ниту институционален механизам за брза и координирана реакција. Оваа празнина во политиките ги загрозува националната безбедност, јавната доверба во институциите и демократската стабилност. Ова беше констатирано на денешната стручна тематска средба посветена на заканите од СММИ, организирана од […]

Русија ги врати телата на 1.200 убиени украински војници


  Русија ги врати телата на 1.212 украински војници убиени во борба според договорот постигнат за време на мировните преговори минатата недела во Истанбул, соопштија властите во двете земји во средата. Координативниот штаб на Украина за третман на воени заробеници ја потврди репатријацијата, како и рускиот пратеник Шамсаил Саралиев, по деновите на меѓусебни обвинувања за […]

Вечерва Герасимовски на средба со дебармаалци – караванот „Се гледаме во маало“ продолжува


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите жители на Центар вечерва (вторник) со почеток од 18:30 часот, во паркчето кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, да присуствуваат на уште една средба во рамки на караванот „Се гледаме во маало“. „Центарци, Ве чекам денеска во 18.30 часот во Дебар Маало до спомен-клупата […]

Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да примаат студенти од вториот семестар на 2025/2026


Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно отворени за сместување студенти од вториот семестар на учебната 2025/2026 година. -Ќе треба да се почека до вториот семестар затоа што „Кузман“ се очекува да се заврши некаде во ноември. За жал, реконструкцијата на „Стив“ […]

Министерството за финансии е задолжено да бара кредити за британскиот договор


  Владата на вчерашната седница формирала координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека по предлог наМинистерството за транспорт Владата го задолжило Министерството за финансии,на меѓународниот финансиски пазар, да изнајде финансии за спроведување на овој проект. Должината […]

Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите


 Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која има 22 членки, промовира Етички кодекс чија цел е подигнување на основните стандарди за функционирање. На прес – конференција во Комората, претседателот на групацијата Никола Јошевски изјави дека со утврдениот Етички кодекс се подобрува услугата кон клиентите и се зголемува одговорноста при кредитирање на клиенти. […]

Во првите два дена 1.400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување


На информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување што денеска се одржа во Струмица, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повикал сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од мерката Поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент […]

СДСМ: Инфлацијата го изеде стандардот, дебакл во економијата


  Опозициската СДСМ денеска оцени дека се случува тотален дебакл на економски план и дека  економската политика на владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Инфлацијата е 3,3 отсто. „Сѐ е поскапено. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст. Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст […]

Се бара доживотен затвор за Палевски, Видевски, Кешишев и Манев за убиствата на Вања и Панче


  Обвинителката Ана Стоилковиќ-Димитровска имаше завршни зборови за убиствата на Вања и Панче, и побара доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев. „Ниту една казна нема да биде доволно за семејствата на жртвите“, рече обвинителката Димитровска во завршните зборови. Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна. „Истите лица слушаат внимателно […]

Финска повторно повика на разговор руски дипломат по нов инцидент со воздушен простор


Финското Министерство за надворешни работи го повика на разговор највисокиот руски дипломат во Хелсинки поради наводно нарушување на финскиот воздушен простор од руски воен авион – втор таков инцидент во последните три недели. Според финските власти, руски воен авион навлегол во воздушниот простор на Финска во близина на крајбрежниот град Порвоо, на Финскиот Залив. Граничната […]

Главната изборна битка во Битола ќе биде кој да го освои Советот


  БИТОЛА – Битола е пред продолжена политичка неизвесност околу локалните избори наесен. Единствено што е извесно е дека актуелниот градоначалник Тони Коњановски ќе трча за втор мандат како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Неизвесно кој ќе биде кандидат за градоначалник на опозициската СДСМ, дали Левица ќе исфрли кандидат за градоначалник или само советничка листа. […]

ЈСП од денеска по летен возен ред – бесплатно возење за средношколците


Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во […]

Елиф Елмас меѓу почесните граѓани на Бутел


Со свеченост во Македонската филхармонија, општина Бутел ја одбележа 20-годишнината од своето основање. Салата беше премала да ги прими сите граѓани, поддржувачи и соработници кои пристигнаа да го прослават јубилејот. Градоначалникот Дарко Костовски, кој се обрати на настанот, изрази благодарност за поддршката од жителите на општината и најави продолжување на напорите за нејзин развој. Како […]

Вработените во МОН нема да одат на одмор: Учебници ќе има, дури и за странски јазици


Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, уверува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.  Јаневска рече дека деноиве до […]

Трамп: Да не беше Америка, денес сите ќе зборувавте германски


Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна на сцената во воената база Форт Браг во Северна Каролина, каде што беше пречекан со овации од насобраната публика. „Сабота ќе биде голем ден во Вашингтон“, рече Трамп, без да даде детали. „Деновиве, другите земји ја славеа својата победа во Првата светска војна“, продолжи тој. „Единствениот што не славеше […]

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал “Црноморски звуци”


На меѓународниот хорски фестивал и натпревар, Црноморски звуци, кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната “Гран при” награда. Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно […]

Огнено кршевање на министерот Алиу – дијабетичарите со пет тешки прашња


Новиот министер за здравство Азар Алиу, изгледа најпрво ќе треба да одговори на петте тешки прашња шрто му ги поставија дијабетичарите. Откако пред два дена беше избран за министер, Алиу не излегол во јавност, но денеска до него стигнаа пет прашања од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Тие велат дека долго време немало транспаретност на работата […]

Сега Висар се криеше, на Аце му е редот: Данела Арсовска во потрага по градоначалникот на Ѓорче Петров


  Откако Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, изјави дека градоначалничката на Град Скопје шири лажни наводи за изградба на хемиска фабрика на територија на општина што ја води, Данела арсовска го повика на ТВ –дуел. Стојкоски ја обвини Арсовска дека се обидува да создаде хаос меѓу граѓаните. „Да ти го разбијам интервјуто со […]