УНХЦР: Бројот на луѓе раселени поради војна е на шокантно


ЖЕНЕВА – Бројот на луѓе раселени поради војна, насилство и прогон ширум светот е неодржливо висок, особено во услови кога хуманитарното финансирање исчезнува, а единствената светла точка е зголемувањето на бројот на враќања, особено во Сирија, соопшти денеска УНХЦР, Агенцијата за бегалци при ОН. Според годишниот Извештај за глобални трендови на УНХЦР објавен денеска, до […]

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран


Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да  почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје. Загриженоста […]

Елон Маск не е единствениот успешен член на семејството Маск: Запознајте ги Маја, Кимбал и Тоска


Елон Маск, познат како еден од најбогатите луѓе во светот, не е единствениот член на неговото семејство кој постигнал успех и слава. Неговата мајка Меј Маск, како и братот Кимбал и сестрата Тоска, секој на свој начин оставиле длабок белег во своите области Меј Маск е родена во Канада и се преселила со своето семејство […]

Нетанјаху купи повеќе време: израелскиот парламент нема да биде распуштен


Израелскиот парламент го отфрли сопственото распуштање на прелиминарното гласање рано во четврток, се вели во соопштението на Кнесетот, откако беше постигнат договор во рамките на владејачката коалиција за спорот околу регрутирањето. Распуштањето на парламентот, кое можеше да биде првиот чекор кон предвремени избори на кои анкетите предвидуваат пораз на премиерот Бенјамин Нетанјаху, беше отфрлено со […]

Градоначалничката на Лос Анџелес сака да разговара со Трамп за ситуацијата во градот


Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“. Протестите против рациите и депортациите на мигранти што ги спроведува Службата […]

Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош


Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата „Осло“ бр. 15б. Се очекува во текот на денот да се нормализира водоснабдувањето.

Маринците ќе се приклучат на Националната гарда: Еве што ќе им биде дозволено да прават


Американските маринци ќе се приклучат на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес во рок од два дена, соопштија официјални лица во среда, и ќе им биде дозволено да притворат секој што ги попречува службениците за имиграција во рациите и демонстрантите што се спротивставуваат на федералните агенти. Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди распоредување на […]

Напаѓачот од Грац планирал да активира импровизирана експлозивна направа


21-годишниот поранешен ученик кој уби 10 лица, вклучувајќи ученици и еден наставник, во неговото поранешно училиште во Австрија пред да си го одземе животот, планирал да активира импровизирана експлозивна направа на местото на настанот, соопшти полицијата. Безбедносните претставници во средата изјавија дека вооружениот напаѓач направил бомба, но потоа „се откажал од плановите да ја употреби“ […]

Старлинк на Маск на покривот на Белата куќа- загриженост за националната безбедност на САД


Сателитскиот интернет систем Starlink на милијардерот Илон Маск е инсталиран на покривот на Белата куќа, и покрај противењето на владините експерти за безбедност. Како што објави „Вашингтон пост“, експертите за комуникации во Белата куќа изразија загриженост во врска со инсталацијата на сателитскиот интернет систем, наведувајќи ги проблемите со националната безбедност. Во времето на инсталацијата, наводно […]

Сончево и топло со температура до 35 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.   Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во утрнските часови се движат од 11 во Берово и Маврово, до 20 в0 Гевгелија, а дневните ќе достигнат вредност до […]

Маск попушти: Му се јавил на Трамп, па избриша многу од своите остри пораки


  Илон Маск му се јавил на претседателот Доналд Трамп во понеделник вечерта, изјавија два извори за Си-Ен-Ен, пред рано во среда да каже дека жали за некои од неговите објави на социјалните мрежи за претседателот за време на нивната јавна кавга минатата недела. Разговорот со претседателот, кој траеше само неколку моменти, се случи откако […]

Изет Меџити беше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Одеса


  Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити во обраќањето на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина. Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските […]

Доналд Туск го доби гласањето за доверба во полскиот парламент


  Полскиот премиер, Доналд Туск, лесно го доби гласањето за доверба во парламентот, кое беше свикано за да ја зајакне неговата кревка коалициска влада по тешкиот пораз на претседателските избори претходно овој месец. Гласањето за доверба во среда беше усвоено со 243 гласови „за“ наспроти 210 „против“. Гласањето го побара Туск по неочекуваниот пораз на […]

Брајан Вилсон, визионерскиот и креативен дух на „Бич бојс“, почина на 82 години


  Брајан Вилсон, музичарот, текстописецот и продуцентот на „Бич бојс“, кој создаде дел од најубавата поп-музика во историјата, почина на 82-годишна возраст. Во објава споделена на Инстаграм во среда, семејството на Вилсон напиша: „Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан татко Брајан Вилсон почина. Во моментов немаме зборови. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во […]

Градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична го оценува како политички притисок


 Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на Финансиската полиција го оцени како политички притисок. Тој целосно ги отфрли сите наводи во кривичната пријава од финансовата полиција, оценувајќи ги како политички притисок пред избори.  – Во однос на тоа дека сум фалсификувал документи […]

Нова влада, исти правила за жените: Сирија воведува кодекс на облекување на плажа


Сирија донесе конзервативен нов кодекс на облекување кој бара од жените да носат буркини или костим за капење што го покрива целото тело на сите јавни плажи, што е најновата културна промена откако бунтовниците предводени од исламистите го соборија диктаторскиот режим на Башар ал-Асад минатиот декември. Министерството за туризам соопшти дека новите упатства се издадени […]

Тарик и Лејла Филиповиќ ја издаваат својата луксузна вила во Истра: Шест дена во август чинат 3.500 евра


Актерот и водител Тарик Филиповиќ и неговата сопруга Лејла се сопственици на вилата Ардилет во Истра, која е достапна за изнајмување на Booking и чини повеќе од 500 евра по ноќ во месец август. Имотот се наоѓа во селото Раковци во близина на Пореч, и додека повеќето датуми на Booking се резервирани, хрватските медиуми објавуваат […]

Изминатиов мај бил втор најтопол во историјата


Мај 2025 година беше вториот најтопол мај некогаш забележан во светот, со глобална просечна температура од 15,79 степени Целзиусови, само 0,12 степени под рекордот поставен во мај 2024 година, објави службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ. Температурата беше за 1,4 степени Целзиусови над проценетиот прединдустриски просек за периодот 1850-1900 година, соопшти агенцијата со седиште […]

Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството


По завршните зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување. Полномошникот на мајката и сестрата на Вања, посочи дека се […]

Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола


Во Битола внука се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Основното јавно обвинителство Битола информира дека се издадени повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.  Осомничената, според Обвинителство, е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази. -По овластување на јавен обвинител […]