Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри


Пуштен е во употреба реконстрираниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,4 километри. Инвестицијата во износ од 11,7 милиони евра е на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Целосно е саниран коловозот, поставени се нова сигнализација, безбедносна ограда и проширувања. Направени се и заштитни интревенции на ризичните косини на патот широк шест метри. […]

„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци


„Авенга академи“, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен „Seavus Education and Development Center“), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан „Challenge Day“ – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот. Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во Скопје и Охрид, […]

Обвинителството е задоволно од осудителната пресуда за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола е задоволно од осудителната пресуда изречена од Основниот суд Битола за претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“- Битола, Љупчо Ѓоргиевски. Тој беше осуден на една година условна казна затвор, со услов од две години да не го повтори кривичното дело за величење на ликот и делото на […]

Сиљановска би разговарала и со Жељасков


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељасков на Самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на […]

Муцунски сака повеќе средби со бугарски претставници, но не сака да прави отстапки


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска истакна оти тој не може да каже дали ќе има средба со претставници на Бугарија на Самитот на НАТО во Хаг, дека за тоа треба одговор да се бара од Софија, но сака да има повеќе средби и редовна комуникација со нашиот сосед. Муцунски во исто време […]

Израел ги сокри патнички авиони на тајна локација надвор од земјата


Израелските виокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Израел“ ги преместија своите авиони надвор од земјата на непозната локација како подготовка за евентуален ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“, јавува дописникот на „Скај њуз“ од Блискиот Исток. Авионите беа транспортирани без патници, како дел од однапред подготвените безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз […]

Демократски сенатор врзан со лисици додека ѝ поставуваше прашања на американска министерка


  Демократите го критикуваа насилното отстранување на ериканскиот сенатор кој постави прашање за имиграциската акција на Доналд Трамп на прес-конференција како „насилно“, „ужасно“ и „зачудувачка злоупотреба на моќ“. Службеници на Тајната служба и ФБИ го зграпчија и го турнаа на земја демократскиот сенатор Алекс Падиља пред да му стават лисици откако се појави и постави […]

РКЕ и АДКОМ со иницијатива Комисијата да ја носи конечната цена за водата за одржливост на јавните претпријатија


Потребна е промена на концептот и начинот на носење одлуките за тарифите за водни услуги и зголемување на цената за одржливост на јавните претпријатија и намалување на загубите на вода во Македонија. Тоа се дел од препораките на учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ што вчера и денеска се одржува во Охрид во […]

Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија


  Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишаа денеска македонскиот министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.  Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, […]

За пожарот во „Пулс“ Кочани обвинети 34 физички и три правни лица – секој од нив можел да ја сопре трагедијата


Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца. Според обвинителниот акт,  објектот на дискотеката „Пулс“ функционирал, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, […]

По 20 студенти од Македонија годишно ќе студираат во Унгарија


Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство. Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски […]

Мосад изградил база за дронови среде Иран од каде нападна


  Израел потроши години подготвувајќи се за операцијата против нуклеарните и ракетните програми на Иран, која беше започната рано наутро во петокот, изјави безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“, вклучувајќи изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на прецизни системи за оружје и командоси во земјата. Во операцијата повеќе од 200 авиони […]

Деловните субјекти лани завршиле 5.405 станови, а индивидуалните сопственици 2.512


Минатата година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од  39.827.830 илјади денари. Градени се вкупно  2.641 објект и завршени се вкупно 5.405 станови со вкупна површина од  348.720 метри квадратни, од кои  5.255 се во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.  Просечната корисна површина на завршените 5.405 станови е  64.5 метри квадратни.  […]

Како и зошто Израел го нападна Иран. И може ли тоа да значи поголема војна


  Израел започна напад врз Иран насочен кон „десетици“ цели, вклучувајќи ги неговите нуклеарни постројки, воени команданти и научници, тврдејќи дека презел еднострана акција затоа што Техеран почнал да гради нуклеарни боеви глави. Додека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се закани со „строга казна“ против Израел, израелската војска во петокот наутро соопшти дека Иран […]

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање, новиот закон за игри на среќа ќе биде поригорозен


Вицепремиерот Изет Меџити и еден од политичките лидери на коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција информираше дека како Влада имаат конкретен резултат во борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа. Со владината одлука за блокирање на 173 интернет страници за онлајн коцкање, како што нагласи тој, се исполнува едно од најјасните ветувања што […]

За двајца министри за економија се запира постапката за пожарот во Кочани


Постапката за Кочани се запира за девет физички лица поради немање доволно докази, а во понатамошниот дел може ќе се обезбедат докази и постапката може да продолжи, рече денеска на прес-конференција државниот обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу нив се и двајца поранешни министри за економија, но не прецизира кои се тие.  Појасни дека за едно лице […]

Се одложи судењето за убиството на бездомното куче Феликс, активистите в недела излегуваат на протест


Се одложи судското рочиште за свирепото убиство на бездомното куче Феликс. Поради тоа, актвистите за заштита на правата на животните повикаа на мирен протестен марш, што ќе се одржи на 15 јуни (недела), со почеток во 12:00 часот, пред Министерството за внатрешни работи. „Судот немаше друг избор, почитувајќи го начелото на правичност, освен да ја […]

За фалсификатот лиценци за „Пулс“ побарал и зел 226.000 денари од сопственикот


  Еден државен служвеник, кој постојано ги изработувал дозволите и лиценците за дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкупати земал пари за сопствена корист и за други лица, а за фалсификат лиценците од сопстеникот на дискотеката зел 226.000 денари. Претходно, во 2019 година за издавање лиценца зел 12.000 денари, а во 2024 година за фалсификат лиценците зел […]

Уапсените 13 полицајци за случајот Кочани дозволиле активирање на пиротехниката


За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство, а се гонат дека при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката. „На 16 март, на место каде биле собрани поголем број на луѓе, […]

„Мизерно и левичарење“: Славески не сака да одговара како е кога зема 3.000 евра плата


  Некои додека студираа работеа преку Студентската задруга за да ги пополнат малку повеќе своите финансии. Некои работеа на шанкови во кафеани, некои во градежни потфати. Но ретко кој зборува колку му било „мизерно“ кога тешко врзувал крај со крај. Сега јавноста треба да има ретроактивно жалење за гувернерот на централната банка, Трајко Славески, за […]