Новата градинка во Расадник ќе има капацитет за 120 дечиња


Изградбата на нова, современа детска градинка во населбата Расадник, се одвива со одлична динамика,  смета градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Објектот ќе има капацитет за 120 дечиња и ќе се простира на површина од 800 квадратни метри, со вкупно 6 занимални, од кои 2 се наменети за јасли. Со оваа градинка целта е […]

Овчи сипаници и ентероколити, биле најчести заразни заболувања во мај


Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во месец мај, се овчите сипаници со вкупно 445 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 49,3 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 50,2 отсто, наведено е во билтенот што го објави Институтот за јавно здравје. „На […]

Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион


И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица. Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата […]

Алиу најавува краткорочно решение за паркингот на Клинички


Се прават напори да се реши хаосот на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје, а а ко се реализира идејата тоа може да го реши проблемот со паркирање на кус рок. За долгорошно решение се чека ,прво да се прецизира каде и кога ќе се гради новиот Клинички центар, објасни министерот за здравство Азар АЛиу […]

Амбасадата на САД подготвува план за евакуација на Американците од Израел


Американскиот амбасадор во Ерусалим, Мајк Хакаби на платформата Икс објави дека Амбасадата на САД подготвува план за евакуација на американските граѓани од Израел. Тој наведе дека американските граѓани, кои ќе сакаат да заминат од Израел поради тековниот конфликт со Иран, ќе бидат евакуирани со авиони и бродови.

Се мие Гази Баба


Општина Гази Баба, во соработка со ЈКП Гази Баба, започнува акција за миење на улиците, тротоарите и плоштадите на територијата на целата општина информираше градоначалникот Бобан Стефковски. „Со оваа акција се овозможува поефикасно отстранување на прашината, нечистотиите и останатите отпадоци од јавните површини. Чистите улици значат поздрава средина за сите – особено во летниот период, […]

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти


Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека станува збор за средства за реализација на инвестиции во општините што, како што рече, е дел од нивниот концепт за развој […]

„Центарска симфонија“ е музичко патување низ емоции, во срцето на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари. „Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во […]

„Цивил“: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек


  Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на „Цивил“ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни […]

18 јуни во историјата – Наполеон е поразен во Ватерло


  Во Ватерло во Белгија, Наполеон Бонапарта претрпува пораз од војводата од Велингтон, со што се става крај на наполеонската ера на европската историја. Наполеон роден на Корзика, еден од најголемите воени стратези во историјата, брзо се искачи во редовите на француската револуционерна армија во доцните 1790-ти. До 1799 година, Франција беше во војна со […]

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија


Групацијата 4iG именува двајца високи извршни директори да ја водат гринфилд инвестицијата во Северна Македонија, OНE Mакедонија Телекомуникации ДООЕЛ, соопштија од компанијата. Од таму додаваат дека овој потег претставува важен чекор во подготовката на Групацијата да учествува на националниот тендер за фреквенции и да воведе трет мобилен оператор со целосна услуга на македонскиот пазар. Брано […]

„Јастребите“ во Кремљ бараат од Путин да прогласи нова мобилизација


  „Јастребите“ меѓу највисоките руски функционери го зголемуваат притисокот врз претседателот Владимир Путин остро да одговори на нападите на Украина врз руските стратешки воздухопловни бази, објавува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. „Воената партија“ го повикува Путин официјално да ѝ објави војна на Украина и да спроведе нова масовна мобилизација во која […]

Колку и какви лекари има секоја болница, па и хигиеничари ќе можe да се види на новата веб-страница на МЗ


Нов портал на министерството за здравство ќе нуди информации со многу податоци, за што деновиве биле одржани состаноци со директори на болници, информира денеска новиот министер за здравство, Азир Алиу. Порталот ќе биде визуелно разбирлив и прилагоден за јавноста, особено за новинарите, и ќе содржи податоци како: број и вид на лекари по болници и […]

Софија ги мобилизирала сите ресурси за заштита на бугарските ставови околу Македонија


  Бугарија ги мобилизираше „сите расположливи ресурси и воспоставени канали за заштита на бугарскиот национален интерес“, а примени и механизми на дискретна дипломатија за да ги убеди сите свои партнери во потребата од воздржаност и конструктивен пристап кон европската интеграција на Македонија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев како одговор на пратеничко […]

Американските фармацевтски компании забрзано купуваат лиценци за лекови од Кина


Американските производители на лекови брзо ги купуваат правата за молекули што би можеле да послужат како основа за нови лекови од кинеските компании, во обид да ги намалат трошоците за истражување и развој. До јуни, американските фармацевтски компании потпишаа 14 договори за лиценцирање лекови во Кина, кои би можеле да достигнат вредност од дури 18,3 […]

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември


Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград. – Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече […]

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во Филхармонија


Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во Филхармонија е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември. „Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и […]

Законот за шумите оди на второ читање


Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, во прво читање и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Комисијата едногласно го донесе овој заклучок. Претставникот на предлагачот, Јордан Здравковски, раководител на сектор во Министерството за земјоделство, шумарство и […]

Колку ќе чини изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“ – 1,3 или 2,6 милијарди евра?


  Колку вкупно ќе чини изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“? Дали ќе биде 1,3 милијарди евра, колку што е наведено во договорот кој го склучи тогашната влада на СДСМ и ДУИ пред нешто повеќе од две години, или пак многу повеќе, дури два […]

Иранскиот лидер го отфрли повикот на Трамп да се предаде


  Врховниот лидер на Иран во средата ги отфрли повиците на САД за предавање пред жестоките израелски напади и предупреди дека секое воено вклучување на Американците ќе им предизвика „непоправлива штета“, во снимено видео емитувано од државната телевизија. Ова беше второ јавно појавување на ајатолахот Али Хамнеи откако започнаа нападите, а дојде еден ден откако […]