Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба


Женско лице што вчера попладне околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, кај карпите што се издигаат над јужниот брег на Охридското Езеро. Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети Jован Канео“, при што се здобила со полесни телесни повреди. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, […]

На ГП Табановце за влез во државава утрово се чека до 45 минути, на ГП Богородица за излез околу 20 минути


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите […]

Сончево и ветровито со температура до 37 степени


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до […]

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.  За денеска […]

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“


Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.  – ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 30 јуни 2025 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратеничката  Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште. „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу […]

Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери на улиците од Белград до Ниш


Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери има на улиците од Белград до Ниш. Тоа е реакција на одговорот на власта во Белград која, ден по големиот протест за Видовден, почна со масовни апсења на граѓани, студенти и активисти. Затоа, студентите и граѓанските собранија започнаа акции на „граѓанска непослушност“, односно ги блокираа главните улици низ […]

СДСМ: Најдобриот виц годинава е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта


Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски, оцени СДСМ реагирајќи на пораките од конгресот на ЗНАМ, каде Димитриевски доби мандат и натаму да ја води партијата. -Максим Димитриевски за една година си ги погази сите изборни ветувања и целосно се потчини на Мицкоски. Без […]

Четири пожари денес во Македонија, во Јосифово огнот стигна до првите куќи


Во атарот на село Јосифово, Општина Валандово, избувна голем пожар на отворен простор, кој поради силниот ветар се прошири кон првите куќи во селото. Поради сериозноста на ситуацијата, по барање на градоначалникот, итно беше ангажиран полициски хеликоптер.Со брза интервенција на пожарникарите од Валандово, со поддршка од ТППЕ Гевгелија, пожарот бил ставен под целосна контрола за […]

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците


Иранскиот парламент изгласа забрана за користење на Старлинк, сателитската интернет услуга на Спејс Икс на Илон Маск, јави денеска новинската агенција ИСНА. Според законот, прекршувањата би можеле да бидат казнети со парични казни, камшикување или до две години затвор. Како што пренесе ДПА, нејасно е колку широко се користи Старлинк во Иран. Сепак, цената на […]

Албанскиот премиер му одговори на Фараж: Покажете ги фактите


Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на X реагираше на изјавата на британскиот пратеник и реформатор за Брегзит, Најџел Фараж, кој изјави дека Албанците во Велика Британија се клучни играчи во криминалот, тврдејќи дека секој 50-ти Албанец на англиска територија е во затвор и побара од Албанија „да си ги земе нејзините криминалци назад“. „Упс […]

Забележани рекордни 46 степени во Шпанија


Во јужниот дел на Шпанија викендов е регистриран нов национален рекорд на високи температури, откако живата во термометарот се искачи на 46 степени Целзиусови во градот Ел Гранадо, во близина на португалската граница. Шпанската државна метеоролошка агенција AEMET денеска го потврди рекордот, додека и Шпанија и Португалија се справуваат со невообичаено ран и интензивен летен […]

Орбан ја обвини ЕУ дека ja организирала „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта


Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската Унија дека ја организирала, како што ја нарече, „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта вчера. Околу 100 илјади луѓе се вклучиле во маршот, што стана една од најмасовните протестни манифестации против Орбан во последните години. Тие ја игнорираа забраната за парадата, издадена од полицијата со образложение за заштита […]

Израелскиот суд го одложи судењето на Нетанјаху поради „дипломатски и безбедносни причини“


Израелскиот суд денеска го прифати барањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги одложи рочиштата од процесот против него по обвиненија за корупција, закажани за следната недела. Нетанјаху го аргументира своето барање со причини поврзани со неговите дипломатски активности и безбедноста. Неговите мотиви се класифицирани. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше израелските обвинители поради процесот […]

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран


Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат. Тие денеска интервенирале со седум возила и 20 пожарникари. Од пожарот, како што информира Центарот за управување со кризи, зафатена била површина од 5000м2, жито и еден магацин со градежни […]

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене


Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против него. – Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која […]

Власта се фали со успеси во енергетиката


По 7 години на застој и на злоупотреби во енергетскиот сектор, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја почнува првата година на работа, развој и на напредок, изјави членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски. Македонија, посочи тој, од „слепо црево“ на енергетската карта се трансформира во клучен транзитен центар за природен гас на Балканот. Манасиевски […]

Русија ја нападна Украина со 477 беспилотни летала и 70 ракети


Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди целосна истрага за смртта на пилотот на авион F-16, Максим Устименко, кој загина додека ја бранеше украинската територија од масовен руски воздушен напад. Според државната новинска агенција УНН, Устименко успеал да уништи седум воздушни цели пред да биде убиен. „Повеќе од 12 часа траеше воздушната тревога. На нашето небо имаше […]

Лојалниот партнер на СДСМ, генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ


  Каде што е власта таму треба да бидеме и ние. Ова е иделогијата на Партијата на пензионерите и нејзиниот претседател, генералот во пензија, Илија Николовски. Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и дека на наредните локални избори ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Николовски изјави дека таквата одлука […]