Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража


Првообвинетиот Љупчо Палевски, во случајот со грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, во завршните зборови денеска на судското рочиште рече дека еден од обвинетите, Велибор Манев е организатор, а Боре Видевски пукал, додека Влатко Кешишев бил стражар. Претходно Палевски беше прашан од таткото на убиената Вања да каже кој ја убил неговата […]

Дали е во ред да се мокри во море или во базен? Еве што велат експертите


Мокрењето во море е хемиски занемарливо и еколошки безопасно, благодарение на природниот состав и волумен на морето. Сепак, ова не важи за базените, каде што може да се формираат штетни хемиски нуспроизводи. Со оглед на тоа што летото е во тек, а со тоа и сезоната на пливање, и во море и во базени, не […]

Рокас без коментар за извештајот на Вајц: Европскиот парламент е независна институција


 Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали смета дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц за Македонија ќе биде усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција, која работи според сопствени правила.   -Европскиот […]

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна


 Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече […]

Во израелски напад убиен уште еден ирански научник


Израелски медиуми објавија дека при напад со израелски дрон врз зграда во Техеран убиен е уште еден ирански научник специјализиран за оружје. Од 13 јуни досега во израелските напади загинале десетина ирански нуклеарни научници. Израелската армија сè уште не го коментирала нападот. 

Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари


Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.  Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари. Зголемување од 733 […]

Дизелот поскапе уште за два денара


Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во […]

Димитриеска-Кочоска на Годишен состанок на УО на ЦЕФ во Црна Гора


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ. Во рамките на состанокот, Македонија преку Министерството за финансии, првпат ќе го преземе претседавањето со ЦЕФ од Министерството за […]

Комерцијална банка со штедни книшки ги награди победниците на натпреварот за раскажување


Шест ученици, победници на натпреварот во раскажување книги во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, беа наградени од Комерцијална банка со штедни книшки „Верверичка“ и подарок депозит, во знак на признание за нивната љубов кон читањето и умешноста во прераскажување на прочитаното. Натпреварот, кој привлече учество од 26 ученици во финалето, претставува значаен придонес во промоцијата […]

Дански „Флајинг Тајгер Копенхаген“ во октомври отвора продавница во Скопје


Групацијата „Балфин“, една од најдинамичните и најдиверзифицирани инвестициски групации во Западен Балкан, заедно со „Флајинг Тајгер Копенхаген“ (Flying Tiger Copenhagen), светски признаениот дански малопродажен бренд познат по своите иновативни и игриви производи, влегоа во стратешко партнерство за отворање на 50 продавници во регионот на Западен Балкан во следните четири години. Овој историски договор претставува значаен […]

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”


Преку 100 експерти од областа на невролидерството, доктори, консултанти, претставници на деловниот сектор и студенти беа дел од конференцијата „Одлуки, одлуки: Невронауката и иднината на лидерството“, во организација на М6 Едукативен центар. Во рамките на конференцијата фокусот беше ставен на невронауката, личниот и организацискиот развој и современото лидерство во насока на трансформација на бизнисот, низ […]

Сточарите од Пелагонија на протест во Битола, бараат средба со министерот Трипуновски


  БИТОЛА – Сточари од Пелагонија денеска се собраа на мирен протест пред зградата на Министерството за земјоделие во Битола, не се откажаа од намерата и покрај тоа што пред два дена им беа исплатени заостанатите субвенции по грло добиток само на одгледувачите на говеда. Сточарите, одгледувачи на овци и кози, уште не се доисплатени […]

Уапсен вработениот во Народна банка, посочен дека го уништил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче


Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“. Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други […]

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода


Сообраќајот на регионалниот пат Маврово – село Галичник е целосно во прекин поради сообраќајна незгода. -Околу 12:10 часот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник кај кривината, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е целосно во прекин, соопшти АМСМ. 

Спрингстин вели дека новиот биографски филм ги доловува „некои од најболните денови во неговиот живот“


Брус Спрингстин отворено зборуваше за тоа како го гледал својот нов биографски филм, Deliver Me From Nowhere, нарекувајќи го „одличен проект“, во ново интервју за Ролингстоун, истовремено признавајќи дека „филмот, на некој начин, вклучува некои од најболните денови во неговиот живот“. Deliver Me From Nowhere се фокусира на создавањето на влијателниот акустичен албум на Спрингстин […]

Во Србија во 2023 и 2024 година, 42 отсто од бегалците и барателите на азил почнале да работат


 Во Србија, во текот на 2023 и 2024 година, 42 проценти од бегалците и барателите на азил кои се обратиле до УНХЦР за поддршка при наоѓање работа, започнале да работат, објави денеска специјализираниот портал за вработување Инфостуд по повод Светскиот ден на бегалците. Како што е наведено, од тие лица, 20 проценти биле вработени во […]

Компресивна облека носат 58 пациенти од Кочани, порачани се и креми


Педесет и осум лица кои беа повредени во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“ веќе носат компресивна облека и имаат видиливи позитивни промени на лузните, рече д-р Катерина Папиќ-Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани. Во пожарот загинаа 62 лица, околу 200 беа повредени, а уште 10 се на болничко лекување, по петмина […]

Бројни авиокомпании ги откажаа летовите до Блискиот Исток поради влошување на ситуацијата


Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, а некои компании најавија промени во користењето на воздушниот простор во овие земји. Грчката компанија „Егеан ерлајнс“ ги откажа сите летови до Тел Авив до утрото на 12 јули, […]

Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда


Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека се движеше по грчки аеродром. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот беше ставен во сообраќај по инцидентот. Летот FR6080 на „Рајанер“ тргна од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. […]

Јанчев: Над 800 лица се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“


Над 800 лица од повеќе субјекти надлежни во различни сегменти, активно се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Совет на Општина Кавадарци. Тој појасни дека за таа безбедност да биде на највисоко можно ниво, редовно се изработува елаборат со вклученост на повеќе страни од стручен аспект.  […]