Официјално започна летото, денес е најдолгиот ден во годината


Денес е најдолгиот ден во годината, односно летната краткодневница која започна денес и ќе трае до 23 септември.. Тоа е т.н. летен солстициум. Некаде околу 4 часот по полноќ официјално започна летото. Веќе утре ден денот ќе почне постепено да се скратува, а ноќта да се продолжува. Имено, во периодот околу краткодневицата, се чини како […]

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво


„Тиквешка Ракијада 2025“ се реализира денеска во Кавадарци, доделени беа награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво.  Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кавадарци.   Инаку, ракија од домати и глуварче имаше меѓу мострите за дегустација и оценување во рамки на  „Тиквешка ракијада“, меѓународна манифестација што по трет […]

Македонија заслужува членство во ЕУ, вели Пленковиќ


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми. -Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите […]

Хајредини: Неприфатливо е пензиите да бидат исти за сите


Најавите на министерката за финансии дека во септември пензиите, според нејзино мислење треба да пораснат линеарно е политички маркетинг. Со оглед на тоа дека во октомври ќе имаме локални избори ова неможе да се сфати никако поинаку, освен како класичен поткуп на пензионерите со пониски пензии кои се најголеми поборници за линеарно зголемување на пензиите. […]

Под истрага е лицето што го уништи ранецот со пиштолите и моторолите


Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за „помагање на сторител по извршено кривично дело“ согласно член […]

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан


Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува Фајненшл Тајмс. Израелската војска соопшти дека започнала напад во текот на ноќта во кој учествувале 50 воени авиони, а некои од нив биле насочени […]

ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници 


Централниот одбор на движењето ЗНАМ – За наша Македонија на синоќешниот состанок донел одлука за отпочнување на постапка за евидентирање кандидати за советници за престојните локални избори, додека за кандидатите за градоначалници во тек се разговори со нивниот владин партнер, ВМРО-ДПМНЕ, кои очекуваат да завршат до крајот на месецот, по што ќе бидат соопштени имињата.  […]

Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството, вели Кузеска


СДСМ бара нова истрага за за јазичниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, откако во јавноста, излегоа нови, сеиозни сомнежи. „Последното истражување на БИРН, од увид во документацијата открива нови сомнителни и скандалозни детали за валидноста на ТОЕФЛ сертификатот по кои мора да постапат институциите. Прво. За јазичниот сертификат Христовски полагал од дома. А […]

Јоко Оно со изложба во Подгорица – уметнички спектакл во регионот


Во Дворецот на династијата Петровиќ-Његош и Перјаничкиот дом во Подгорица, пред бројна публика, официјално беше отворена изложбата „Unfinished“ од вдовицата на Џон Ленон од „Битлси“ и светски познатата уметница, активистка и пионерка на авангардата која ја одбележа историјата на современата уметност. Изложбата е премиерно во Црна Гора, но и во земјите од регионот. Како еден […]

Јаневска од Истанбул: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор


Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на […]

МОН за уписите во средно образование


Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година. Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, […]

Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска


Загреб – Рано утрово избувна пожар во Писак, град во Хрватска на јадранскиот брег, а според извештаите, гори шумата над главниот пат, кој е затворен во тој дел. Пожарникарите се на местото на настанот, а ситуацијата брзо се менува поради ветерот и непристапниот терен. Жителите се обидуваат да ги заштитат своите домови, додека туристите, видливо вознемирени, […]

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа


еверна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за овој успех, кој има големо значење со оглед дека станува збор за прв извоз на нашите хаубици во Европа“, се вели во официјалното соопштение […]

МЗ: Комисијата не најде лекарска грешка во Болницата во Кавадарци во врска со починатото дете 


  По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, комисија констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени. Вака одговараат од Министерството за здравство (МЗ), на прашање од МИА, за наодите во извештајот во врска со починатото тригодишно дете, на Комисијата за стручен надзор формирана од МЗ. Комисијата извршила надзор во болницата во Кавадарци, […]

„Летал“ со 190 на час на патот Гостивар – Тетово, полицијата го привела


На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина […]

Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака


Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа. Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како […]

Средба Омерагиќ – Инфантино


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со првиот човек на ФИФА (ФИФА), Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската асоцијација во Мајами На средбата, како што соопшти денеска ФФМ, станало збор за иднините насоки во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА. Претседателот Масар Омерагиќ […]

Најдобри плажи во Европа според Google Reviews


Holidu, компанија која им помага на луѓето да резервираат сместување за одмор, објави листа на најдобрите плажи во Европа според Google Reviews. Листата е базирана на прегледи од туристи. Неколку плажи делат исти високи оценки (4,9 и 4,8 од 5), но плажата со најмногу прегледи е рангирана повисоко. Десетте најдобри плажи во Европа во 2025 […]

САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток пред евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт


Вашингтон – Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз. Според податоците за следење на летовите, најмалку 52 американски воени авиони се регистрирани како летаат над источниот Медитеран кон Блискиот Исток помеѓу понеделникот и четвртокот. Меѓу нив, 25 авиони слетаа на […]

Доаѓа многу топол бран од Африка, следната седмица температури до 40 степени!


Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон Mакедонија , од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопскиот регион, во текот на следната […]