На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час


На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија денеска од Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат


За една година покачивме пензии и плати, градиме патишта, имаме над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработени 1000 полициски службеници. Имаме уште многу работа, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод првата година […]

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?


Ормутскиот теснец е тесен морски премин на излезот од Персискиот Залив и претставува клучна точка за светската трговија со нафта. Околу една четвртина од вкупната светска трговија со нафта поминува низ него секој ден, што го прави еден од најважните трговски патишта на планетата. Теснецот се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман, а […]

Операција „Полноќен чекан“: Пентагон објави детали за нападот врз Иран


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави во неделата дека американските воени напади врз иранските нуклеарни објекти биле неверојатен и огромен успех што ги уништил нуклеарните амбиции на Техеран. Во нападите биле употребени 14 бомби што уништуваат бункери, повеќе од дваесетина ракети „Томахавк“ и повеќе од 125 воени авиони. Високиот американски генерал Ден Кејн изјави […]

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран


Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева на враќање кон дипломатијата по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во текот на ноќта. -Не сме во војна со Иран, туку сме во војна со нуклеарната програма на Иран, изјави тој за американската телевизија Ен-Би-Си денеска, неколку часа по нападите на САД врз нуклеарните постројки […]

Први сателитски снимки објавени по нападот врз иранскиот објект во Фордо (фото)


Американската страна објави нови сателитски снимки кои покажуваат колку била успешна или неуспешна интервенцијата од синоќа. Сателитските снимки од нуклеарниот објект во Фордо пред и потоа ја покажуваат штетата по американските напади. И покрај овие фотографии, сè уште не е сосема јасно до кој степен е оштетено местото, ниту дали штетата предизвикана од американските бомбардери […]

Иранскиот парламент донесе одлука да го затвори теснецот низ кој минува една четвртина од светската нафта


Бидејќи американската територија не е во дострел на иранските балистички ракети, на Иран му останува опцијата да го блокира Ормутскиот теснец и да блокира 20 проценти од светската нафта како контраудар, што ќе ги крене цените на барелите во стратосферата. Иранскиот парламент одлучи по нападот на САД врз нуклеарните постројки дека Ормускиот теснец треба да […]

Филипче за една година влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не е горда, таа е понижена


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска на партиска трибина посветена на една година од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ оцени дека ова не е промената која граѓаните ја бараа, дека економијата тоне, а наместо да ја направат земјата горда како што ветуваа, Македонија денес е понижена. Граѓаните живеат се потешко, со […]

Официјален Пекинг остро го осуди нападот на САД врз Иран


Кина остро го осуди нападот на САД врз Иран и нуклеарните објекти под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството во соопштение на својата веб-страница наведува дека овој потег претставува сериозно кршење на Повелбата на ОН и дополнително ја влошува ситуацијата на Блискиот Исток. Кина ги […]

Мицкоски како психоаналитичар: Фројд, Стокхолмски синдром за партиската трибина на СДСМ


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се стави во улога на психоаналитичар, коментирајќи ги оцените на СДСМ за една годона од владеењето на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, која на партиска трибина беше оценета како „Македонија понижена“. Наместо конкретни одговори за забележките на опозицијата тој се повика на Фројд и Стокхолмскиот синдром […]

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските воени бази


Моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран испрати предупредување до американските воени бази во регионот денеска по ноќните воздушни напади на САД врз нуклеарните постројки во земјата. -Со напаѓање на мирните нуклеарни постројки, (американските сили) де факто се доведоа во директна опасност, соопшти ИРГЦ. Вашингтон има многу бази околу Персискиот Залив, на пример […]

Хегсет: Американските напади врз иранските нуклеарни постројки беа неверојатен и огромен успех


 Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американските воени напади врз иранските нуклеарни постројки биле неверојатен и огромен успех, за чие спроведување биле потребни месеци и недели планирање и позиционирање. Хегсет рече дека нападите не биле насочени кон иранската војска или цивили, туку ги уништиле нуклеарните амбиции на Иран. -Операцијата што ја планирал претседателот […]

Се урна ограда на трибина на стадион во Алжир, тројца навивачи загинаа, над 70 повредени


Тројца гледачи загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако паднаа од горните трибини на стадион во главниот град Алжир за време на натпревар на локалниот клуб МЦ Алжир, соопштија денеска здравствените власти во земјата. „Универзитетската болница Бени Месус прими 38 повредени лица, а регистрирани се три смртни случаи. Болницата Бен Акноун, исто така, прими […]

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри


Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци. Делницата е целосно рехабилитирана, изваден е стариот асфалт, тампонот и постелката и поставена е нова постелка, […]

Бахреин и Кувајт презедоа вонредни мерки по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран


Бахреин, каде што се наоѓа регионална база на Централната команда на САД, имплементираше план за далечинска работа за 70 проценти од своите државни службеници и ја повика јавноста да ги користи главните патишта само кога е потребно, објави „Нешнел“. „Поради неодамнешните случувања и ситуацијата во регионот, ги повикуваме граѓаните да ги користат главните патишта само […]

Пингпонгарката Бојана Јовевска од Пехчево освои златен медал на Меѓународниот турнир Приштина Опен 2025


  Пингпонгарката Бојана Јовевска од Пехчево освои златен медал на Меѓународниот турнир во пинг понг Приштина Опен 2025. Јовевска се натпреваруваше во категорија за пингпонгарки до 13 години во која е и Државен првак на Македонија.  Младата пехчевка со пинг понг започнала да се занимава во својот роден град, но по престанувањето со работа на […]

Иранскиот министер за надворешни работи утре на средба со Путин


Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тој рече дека ќе замине таму денеска. Неговата средба со Путин ќе биде утре. Арагчи ја даде изјавата на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул. Арагчи рече дека САД […]

До средината на јули треба да стигнат понудите на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси


Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се собираат во рок од 30 дена и треба да стигнат до средината на јули, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  Автобусите, како што кажа, ќе доаѓаат со станици за полнење. -Предвидено е […]

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква


Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види каков потреби имаат и како ќе може да им се помогне, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу.  -Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари […]

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“


Во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4.070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан во клубот „Пулс“, информира Граѓанската иницијатива Support Kocani. Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, како што посочуваат, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни […]