Пуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново


Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница.  Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска […]

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65.„Охридско лето“


Американска пијанистка со блескава уметничка кариера,  Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. -За свеченото отворање под наслов „Трансформација на сетилата“ со особена чест ги најавувам, Едвин Оутвотер диригент, Клер Хуангчи пијано од Соединетите Американски Држави, оркестарот на Македонската филхармонија и Рафаел […]

Иранските власти спроведуваат масовна репатријација на илегални бегалци


 Во текот на јуни оваа година, повеќе од 230.000 Авганистанци беа вратени од Иран, повеќето од нив протерани од властите, кои им дадоа рок на милиони странци кои нелегално престојуваат во земјата до недела да ја напуштат иранската територија, објави денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Според портпаролот на ИОМ, Аванд Азиз Ага, од 1 […]

Предупредување на Антонио Гутереш од Севиља: „Планетата станува сè потопла и поопасна“


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, од Севиља „од прва рака“ ја доживува „новата нормалност“ во која влезе значителен дел од планетата поради климатските промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови генерирани од луѓето, главно преку согорување на фосилни горива. „Екстремната топлина повеќе не е редок феномен: таа стана нова нормалност“, предупреди шефот на […]

Радовишанка (19) пијана направила сообраќајка, па побегнала – имала 2,23 промили алкохол во крвта


На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Tаа на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има […]

Повеќе улици во Илинден добија ново осветлување


Продолжува проектот за проширување и модернизација на уличното осветлување во сите населени места „Илинден-Светла Општина”. Изминативе неколку години поставени се нови линии за улично осветлување во сите населени места, а заедно со ЈКП „Илинден” ќе продолжиме со активностите со засилено темпо, сподели денеска градоначалникот Александар Георгиевски преку социјалните мрежи. Станува збор за нови линии во должина […]

Поевтинуваат сите горива


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Како одговор на царините на Трамп, ЕУ би можела да се сврти кон земјите од Пацификот


Брисел – Европа се повеќе е заситена од трговските закани на американскиот претседател Доналд Трамп и разгледува смел потег да се сврти кон Азиско-пацифичкиот регион во потрага по партнери кои сакаат да играат според воспоставените правила на меѓународната трговија, наведува бриселскиот портал „Политико“.  Како одговор на едностраните и произволни царини на Трамп, кои би можеле […]

Нова мБанка од Комерцијална банка – едноставно, модерно и подобро мобилно банкарство


Комерцијална банка со задоволство ја претставува новата мБанка, која го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Новата мБанка е наменета за клиентите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде. Таа е одговор на современиот начин на живеење, кога времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Доаѓа со современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и […]

Почнува Вимблдон: Алкараз прв фаворит, останатите во сенка


Лондон – Денеска во Лондон почнува 138-то издание на најстариот тениски турнир, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки. За главен фаворит се смета минатогодишниот […]

До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени


Сончевото и топло време ќе се задржи до крајот на неделава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурите во наредните денови ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Изборот на наследник на Далај Лама е под лупа на светските сили


Изборот на наследник на 14-тиот Далај Лама, кој во недела полни 90 години, станува сè пожешка тема, не само меѓу будистите, туку и во односите меѓу Кина и Индија и САД, поради неговите широки религиозни и геополитички импликации. Во својата неодамна објавена книга „Глас за безгласните“, Далај Лама рече дека неговиот наследник ќе се роди […]

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид (видео)


Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото. За среќа огнот е веќе изгаснат, благодарение на брзата реакција на ТППЕ Охрид, а на помош пристапиле и припадници на АРМ.

Намерно запалил пожар во Ајдахо и убил двајца пожарникари – снајперистот пронајден е мртов


Двајца пожарникари беа убиени од огнено оружје додека гаснеле пожар во северно Ајдахо, соопшти шерифот на округот Кутенај. Пронајдено е телото на друг маж, а полицијата верува дека тој е напаѓачот. До телото имало огнено оружје. Полицајците размениле оган со осомничениот, но не е јасно дали напаѓачот бил застрелан и убиен или извршил самоубиство. Мотивот […]

Кои се најпознатите локации за истражување на морскиот свет на турската ривиера?


Турција нуди многу различни доживувања за туристите што ќе го посетат морското крајбрежје, а богатата понуда на интересни содржини го вклучува и фасцинантниот свет што се наоѓа под неговите кристално чисти води. Дом на неверојатен спектар на морски свет, од корали и риби, до морски желки и алги, подводното царство на Турција изобилува со впечатливи […]

Обвинителството конечно отвори постапка за дивоградбите што ги откри Арсовска


Основното јавно обвинителство Скопје ја започна првата официјална постапка по пријава за фалсификувани документи поврзани со градби во Општина Чаир, информираше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својот фејсбук-профил. Таа откри дека случајот се однесува на сомневања за фалсификување на документација со цел незаконска легализација на објекти и го поврза директно со градоначалникот на Чаир, […]

Тадиќ: Поголема кукавица од Вучиќ немало на чело на Србија, граѓаните го бранат уставниот поредок


Претседателот на Социјалдемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ, ги коментираше протестите во Белград и, зборувајќи за сегашниот претседател, Александар Вучиќ, рече дека поголема кукавица никогаш не била на чело на Србија. „Тој е опседнат со луда желба да стане историска личност, а кога неговата неоспорна моќ е разнишана, при што тој брутално […]

ВМРО-ДПМНЕ го осуди Костадинов за „повик за убиство“ на Латас


  ВМРО-ДПМНЕ го осуди, како што оценуваат, повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов повикувајќи го МВР да реагира и да го повика на распит.  „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ – Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ […]

Ќе се гради мостот за кој сонувале античките Римјани, Мусолини и Берлускони


Соочени со новата застрашувачка цел на НАТО за воени трошоци, италијанските политичари предлагаат долго дискутираниот мост до Сицилија од 13,5 милијарди евра да се дефинира како воени трошоци. Италија е една од членките на НАТО со најниски воени трошоци, со цел само 1,49 проценти од бруто домашниот производ за војската минатата година. Новата цел од […]