Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место. Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа […]

Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија, при вработувањето ќе се регулира со подзаконски акти


Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а дури потоа ќе влезе во собраниска процедура.  Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се […]

Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран


Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите на Блискиот Исток и ги смири очекувањата за можни прекини во снабдувањето со нафта. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент паднаа за 2,08 долари, или 2,9 проценти, на 69,40 долари […]

Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела


Зголемен бил обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажува Годишниот извештај за работата на обвинителствата што денеска го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени биле пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични […]

Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците


Премиерот Христијан Мицкоски, кој го издигна на највисоко ниво гласањето за предлог извештајот за Mакедонија во Европскиот парламент, доживеа дебакл во Брисел. Според утринското гласање во Комитетот за надворешни работи на ЕП, зад него не застанаа неговите сојузници, Групата на народните партии (ЕПП), а нивниот преставник и кординатор најави дека со согласност на Зелените, социјалдемократите […]

Србија под притисок од Москва: Сопрен извозот на муниција, Захарова бара вистина


Српското министерство за одбрана објави дека, во согласност со упатствата на претседателот на државата, кој е и врховен командант на српската армија, извозот на оружје и воена опрема произведени во Република Србија се суспендира откако Москва во понеделник го обвини Белград за индиректна продажба на артилериска муниција на Украина. Соопштението од Министерството за одбрана следеше […]

Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго


Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. •             Во […]

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА


Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и […]

ДЗР: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања


Oпштина Центар искажува 4.482.480 евра побарувања, за кои не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, а утврдените неправилности при доделувањето на договорите за јавни набавки влијаат на доследно почитување на основните начела при ДДЈН утврдени во Законот за јавни набавки, констатира Државниот завод за ревизија.  ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно […]

Катарскиот премиер Ал-Тани го обезбедил договорот за прекин на огнот меѓу Техеран и Тел Авив на предлог на САД


Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, го обезбеди договорот на Техеран за предлогот на САД за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Иран за време на разговорите со иранските претставници, изјави за Ројтерс функционер запознаен со разговорите. Разговорите се одржаа по вчерашните ирански напади врз американската воена база во Катар, изјави […]

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск


 Сириските власти синоќа објавија дека уапсиле шест лица вмешани во самоубиствениот напад врз православната црква во Дамаск, во кој во неделата загинаа најмалку 25 лица. Властите додадоа дека две лица вмешани во нападот се убиени. Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на […]

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе


За многу луѓе, денот не започнува сè додека не ја испиеме првата шолја кафе. И иако тоа е вообичаен ритуал, со одредени лекови, кафето всушност може да ја намали нивната ефикасност – или да го зголеми ризикот од несакани ефекти. Од апчиња за настинка до антидепресиви, ефектите на кофеинот врз телото одат многу подалеку од […]

Три лица загинаа во ноќните руски напади врз североисточниот дел на Украина


Во нападите со дронови врз североисточниот украински град Суми загинаа три лица, вклучувајќи и осумгодишно дете, објавија рано утринава регионалните власти. -Околу полноќ Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. (…) Имаме информации за три смртни случаи“, рече шефот на регионалната администрација, Олег Григоров. Освен детето, загинаа и маж и жена, рече тој. […]

Трамп нè молеше за примирје, тврдат ирански државни медиуми


Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот меѓу Иран и Израел што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“. Како што потсетуваат, Иран вчера започна напад врз американската воена база во Катар, како […]

Тајланд ја затвори границата со Камбоџа


Тајландската војска ги затвори граничните премини со Камбоџа за речиси сите патници, вклучувајќи туристи и трговци, наведувајќи безбедносни причини, бидејќи тензиите меѓу двата соседа од Југоисточна Азија продолжуваат да растат поради тлеечкиот граничен спор. Влошувањето на односите беше предизвикано од краток вооружен конфликт во граничната област во кој беше убиен камбоџански војник на крајот на […]

Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“


Барселона во август може да го одржи првиот натпревар на стадионот „Камп Ноу“ по големата реконструкција, објави „Радио Каталуња“. Натпреварот е закажан за 10 август против италијанскиот Комо во рамките на купот „Жоан Гампер“. Сепак, за да се врати на стадионот во август, раководството на Барселона ќе треба брзо да ги добие потребните документи. Првично, […]

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ


Трогателна е„загриженоста“ на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за опстанокот на опозициската СДСМ. Тој согледал реална  опасност по локалните избори оваа политичка партија да престане да постои. Едноцифрениот рејтинг на  социјалдемократите означува самоуништување на партијата е неговата констатација приопштена до јавноста. Можно е тоа што го посакува премиерот и да му се […]

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат


 Врховниот суд на САД вчера ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на имигранти во земји од кои не доаѓаат, додека тие нема да можат да се повикаат на опасностите со кои би можеле да се соочат во таа трета земја. Судиите ја укинаа судската наредба со која се бара […]

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML4.5 сепени е регистриран изтринава во 5 часот и 04 минути. Епицентарот потекнува од Република Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската […]

Тројца мртви во иранските напади врз Израел пред најавениот почеток на прекинот на огнот


 Израелските служби за вонредни ситуации утринава објавија дека три лица утринава загинале во ирански ракетен напад врз јужен Израел, неколку минути пред очекуваниот почеток на примирје меѓу двете земји. „По ракетениот напад врз југот на Израел: Во оваа фаза, тимовите на MDA прогласија три лица за загинати“, објави Маген Дејвид Адом, израелски еквивалент на Црвениот […]