Правичната застапеност ќе важи и на државно и на локално ниво: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност


Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по одржаната владина седница. „Законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна […]

Досега бевме „северни“, ќе станеме ли и „модерни“?


Во врска со Извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент  (АФЕТ) за напредокот на Македонија реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Според реакцијата, Министерството ја зема предвид содржината на извештајот, вклучувајќи ги и проценките и наодите во врска со состојбата на европската интеграција на РСМ. -Ја поздравуваме решеноста на АФЕТ […]

Виетнам и Мали ќе градат нуклеарни централи со Русија


Виетнамската влада во вторник соопшти дека планира да потпише договор со Русија во август за изградба на првата нуклеарна централа во земјата од Југоисточна Азија, а во понеделник Кремљ објави слична соработка со Мали. Подготовката на земјиштето за централата во покраината Нин Туан ќе биде завршена до крајот на оваа година, се вели во соопштението […]

Ковачев: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија


Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот Томас Вајц денес не беше  изгласан од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, па затоа бараните амандмани и појаснувања не беа усвоени, но тоа ќе се случи во пленарната сала за две недели, тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за Бугарското национално радио. „Четири […]

На Вимблдон ќе биде поставена статуа во чест на Мареј


Лондон – Организаторите на Грен слемот Вимблдон објавија планови за поставување статуа во чест на британската тениска ѕвезда Енди Мареј. Споменикот ќе биде поставен на теренот на „Ол Ингланд клуб лаун-тенис и крокет“. Се очекува проектот да биде завршен на време за 150-годишнината од Вимблдон во 2027 година.  Самиот Мареј исто така ќе биде вклучен во […]

Надворешниот долг на крајот на март 4,6 милијарди евра


На 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%, се вели во редовното статистичко соопштение на Народната банка за позначајните промени кај […]

(Фото вест) Желасков стигна во Хаг, молк во Бугарија за средба со Сиљановска


Бугарскиот премиер Росен Желасков само што пристигна во Хаг за да учествува на самитот на НАТО, кој со свечената вечера практично започнува вечерва, а главната агенда ќе се случува утре.   Засега нема вест дека во Хаг стигнала и нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, но во бугарските медиуми освен едно навестување од околу, нема информација […]

Иран има намера да продолжи со нуклеарната програма


Иран има намера да продолжи со својата нуклеарна програма и покрај неодамнешните напади врз клучните нуклеарни постројки, изјави Мохамед Еслами, раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI). Еслами денес изјави за државниот радиодифузер IRIB дека Иран планира да продолжи со процесот на производство без прекин. Тој додаде дека штетата предизвикана на постројките сè […]

Николоски во Париз, очекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција


Вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи. „Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за […]

Цените на гасот нагло паѓаат во Европа


Цените на природниот гас во Европа денес нагло паднаа, бидејќи трговците беа уверени од знаците за намалување на тензиите на Блискиот Исток откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот во војната меѓу Израел и Иран. На референтната холандска дигитална берза TTF, цената на еден мегават-час гас со датум на испорака во јули падна […]

Гревот на СДСМ и гневот на битолските социјалдемократи


БИТОЛА – Венко Филипче и битолските социјалдемократи решија Битола да ја остават за последна и до крај да мерат и одмеруваат кој ќе биде кандидат за градоначалник и кој ќе застане спроти ривалот Тони Коњановски. Партиски извори потврдуваат дека Битола ќе остане за крај и во изборот за кандидат за градоначалник и за советничката листа, […]

Ефектите во образованието, власта по една година, ги очекува до крајот на мандатот


Резултатите од работата на Владата која вчера наполни една година, видливи се и сега, смета министерката за образование Весна Јаневска, но целосна ефективност ќе видиме на среден рок, или до крајот на мандатот на актуелната Влада. – Пред една година функционалноста на системот не беше на минимално, туку на незадоволително ниво. Затоа, најпрво го обединивме […]

Две возила излетале од патот, повредени шест тинејџери


Во две оддeлни сообраќајни незгоди, во кои возила излетале од патот, повредени се дури шест тинејџери, од кои четири малолетни. Ноќеска, половина час по полноќ во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„523“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(26) од с.Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот. Во несреќата […]

Меси со Интер Мајами ќе игра против бившиот клуб ПСЖ на Светското клупско првенство


Фудбалската икона Лионел Меси кој сега настапува за Интер Мајами во американската МЛС лига, во осмина финалето на Светското клупско првенство што се одржува во САД, ќе игра против својот претходен клуб ПСЖ, освојувачот на Лигата на шампиони. Двете екипи успешно ја минаа групната фаза од престижното клупско натпреварување. Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, ги […]

Еве, зошто Тимоти Шаламе е на дистанца од Кардашијанс


Врската на Кајли Џенер и Тимоти Шаламет очигледно не ги импресионирала членовите на нејзиното семејство, вклучувајќи ги Клое и Ким Кардашијан. Извори тврдат дека постарите сестри на Џенер и нивната мајка мислат дека Шаламе се однесува „снобовски“ кон нив. Сепак, и покрај нивните напори, актерот ја одржува својата дистанца и одбива да се дружи со […]

Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето


Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Израел да престанат да го кршат прекинот на огнот и да пукаат врз цели во Иран. „Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е тешко прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Американскиот лидер претходно […]

На институциите поставени 100 пораки за стоте дена од Кочани


Денеска, на 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ постави 100 пораки на незадоволство – „по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош“. „Акцијата беше гласен и видлив потсетник […]

Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ


Македонското Собрание денеска ја усвои Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Согласно одлуката за членови се избрани Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од […]

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно собирање на средствата


Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите.  Тој напомена дека централната власт работи на процесот […]

СДСМ го нарече „историски шамар“ гласањето во ЕП, ВМРО-ДПНЕ тврди дека ЕПП не застанала зад бугарските барања


СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.   -Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската […]