Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје


Британската влада објави дека ќе купи 12 борбени авиони F-35A способни да истрелаат тактичко нуклеарно оружје, опишувајќи го како најголемо зголемување на сопственото нуклеарно одвраќање во една генерација. Во соопштението се наведува дека купувањето на вакви авиони од компанијата „Локид Мартин“ би можело да им овозможи на британските воздухопловни сили да носат нуклеарно оружје за […]

Топлотен бран затвори туристички атракции во САД, во Вашингтон и Бостон 38 степени


Десетици милиони луѓе во големите градови низ североисточниот дел на САД вчера беа изложени на рекордно високи температури кои се очекувани бидејќи топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата од крајот на минатата недела, а некои туристички атракции денеска треба да бидат затворени. Се очекува температурите во Вашингтон и Бостон да се искачат до […]

Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг


 Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира […]

Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер


Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа отворено писмо до Владата на Србија во кое бараат исполнување на две барања до 28 јуни 2025 година во 21 часот. Првото барање е „во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија, Владата да испрати образложен предлог до претседателот на Република Србија […]

Си-Ен-Ен: Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка


Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не успеале да ги уништат клучните компоненти на програмата и веројатно ја вратиле нуклеарната програма на Техеран само за неколку месеци, се наведува во извештај на Си-Ен-Ен. Проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA), внатрешната разузнавачка […]

Во Кривичен пресуда за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да […]

Нетанјаху прогласи историска победа


Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“. Тој истакна дека нападот на САД врз Иран „е […]

Седници на осум собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет и  Законодавно правната комисија.  На дневен ред на Комисија за транспорт, […]

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ во НОБ – посветена на 25-годишниот јубилеј на примабалерината Марија Кичевска


На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег […]

Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата


 Институтот за акредитација, како единствено национално тело за акредитација и годинава го организира чествувањето на Светскиот ден на аредитацијата. Настанот денеска ќе се одржи под мотото „Акредитација: Зајакнување на малите и средните претпријатија“. Како што информираат од Институтот за акредитација, на настанот ќе се обратат заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ […]

Сончево и многу топло, до 39 степени


Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти […]

Поради проблем со столбовите на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка се бара ново техничко решение


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва вели дека за изградбата на железничката инфраструктура кон Бугарија на Коридорот 8 има проблем на патот кон Кратово кај столбовите кои стојат веќе неколку години а се 50 проценти од проектот. Изведувачот бара да се урнат, што според Мицкоски, би не чинело многу поскапо и се бара друго решение кое би […]

Србија се задолжува за половина милијарда евра – издадени се нови државни обврзници


 Владата на Србија донесе одлуки за нови емисии на државни хартии од вредност – едната емисија е 250 милиони евра, а на другата 35 милијарди динари (или речиси 300 милиони евра). Како што е наведено во одлуките, објавени во Службен весник, Србија издава долгорочни државни хартии од вредност со цел финансирање на буџетскиот дефицит, рефинансирање […]

Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат


Израелската агенција за цивилна заштита денеска соопшти дека ги укинала сите рестрикции низ целата земја и дека и овозможува на јавноста да се врати на вообичаените активности. Цивилите ќе можат да учествуваат на собири и служби, да работат на отворено и да одржуваат образовни активности без никакви ограничувања од сега до најмалку четврток навечер, се […]

Иранскиот претседател прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва во обраќање до нацијата прогласи „крај на 12-дневната војна“ што ја започна Израел, јавуваат агенциите. „Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, чија решителност влегува во историјата, бевме сведоци на склучувањето на прекин на огнот и крајот на оваа 12-дневна војна наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, рече […]

Кина го сруши рекордот во инсталирани соларни панели


Кина инсталираше најголем месечен соларен капацитет во својата историја во мај, покажуваат официјалните податоци, со зачудувачкиот факт дека само во тој месец додаде повеќе соларен капацитет од која било друга земја во целата 2024 година. Според податоците од Националната администрација за енергија, објавени од Блумберг, Кина инсталираше 93 гигавати (GW) соларен капацитет во мај, соборувајќи […]

Трамп пристигна во Холандија за Самитот на НАТО


 Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на аеродромот Схипхол во Амстердам, за учество на Самитот на НАТО што почнува вечерва во холандскиот град Хаг, објавија агенциите. Се очекува американскиот лидер да се упати директно кон палатата „Хојс тен Бош“, каде што кралот и кралицата на Холандија ќе приредат државна вечера за 32-цата лидери на НАТО и […]

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии


Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии и серијали (45%), по што следуваат информативните емисии со 24% и играните филмови со 22%, а најмалку застапени се документарните програми со 5% како и хумористичните и музичките програми со по 2%, покажаа резултатите од анализата „Родот во медиумите 2024: Родовите прашања и начинот на претставување […]

Каде се најскапите недвижности во светот?


Во светот на луксузните недвижности, цените по квадратен метар можат да ги надминат сите очекувања – особено во делови од светот кои се синоним за богатство, стабилност и ексклузивен начин на живот. Оваа 2025 година носи интересни сознанија за глобалниот пазар на недвижности, откривајќи кои делови од светот ја држат титулата за најскапи. Топ 5 […]

Утврдено кој загадува во Аеродром и Гази Баба – градоначалникот изненаден што е човечки фактор!


Неколку дена социјалните мрежи се полни поплаки од граѓаните на делови од Аеродром и Гази Баба, а за смрдеата се пријавуваше во општините, ЦУК, полиција и други надлежни институции. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево соопшти дека откриена е точната локација која е извор на загадувањето во Гази Баба и Аеродром, а не […]