Гробиштата во Бутел вријат од кучиња – „Лајка“ апелира да не се оставаат


Јавното претпријатие ЛАЈКА алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат. […]

Мицотакис ќе потроши над 25 милијарди евра за одбрана


На планот на Грција да инвестира над 25 милијарди евра во одбраната во следните 12 години, се осврна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнување на Самитот на НАТО во Хаг, истакнувајќи дека земјата веќе ги надминува целите на Алијансата во однос на одбранбените трошоци, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека земјата сега […]

Да не кажел таткото дека Вања сама ќе оди на училиште – немало да има грабнување: Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда


Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази. „Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако […]

(Видео) Од Детска клиника исчистени 40 тони акумулиран отпад – набавена современа апаратура


Од Клиниката за детски болести во изминатиов период исчистени се повеќе од 40 тоини отпад – стар мебел, електронска опрема и медицински инвентар, а денеска во посета беа министерите за здравство и животна средина, премиерот, директорот на фондот за здравство.  Посетата беше организирана по повод завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Клиниката, […]

AХВ: За да не се затруете, внимавајте како ја чувате храната пред да ја јадете


Порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен, ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна и претставува потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се обезбедат доволни количини храна и вода за пиење, предупредуваат во Агенцијата за […]

Замбија се обидува судски да го спречи погребот на својот поранешен претседател Едгар Лунгу во Јужна Африка


 Владата на Замбија денеска поднесе жалба до судот за да го запре приватниот погреб на поранешниот претседател Едгар Лунгу во Јужна Африка. Владата сака Лунгу да има државен погреб дома, што семејството на Лунгу го одбива поради неговиот конфликт со сегашниот претседател на Замбија, Хакаине Хичилема. Главниот обвинител на Замбија поднесе приговор до јужноафриканскиот суд […]

Герасимовски: 100 деца до 10 години згрижени во градинките во Центар


Општина Центар и ова лето обезбедува згрижување на деца од прво до трето одделение (до 10 години) во детските градинки на подрачјето на локалната самоуправа. Во моментот се згрижени над 100 деца во седум клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“. За упис потребни се апликација, доказ за вакцинален статус и […]

Утре и во петок многу топло со високи температури


 Утре и во петок ќе се задржи многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа се очекува утре да надмине и 40 степени. Вредноста на UV индексот ќе биде 9, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност […]

Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна


По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. – Денеска судот донесе законита одлука, меѓутоа оваа одлука е по своја суштина празна затоа што не ги добивме одговорите на […]

Турската ривиера – возбудлива приказна со над 300 сончеви денови, археологија и одлична кујна


Опкружена со Медитеранското, Егејското и Црното море, Туркије нуди бескрајни можности за врвен одмор на морското крајбрежје – со идилични заливи, златни плажи, кристално море и дестинации кои комбинираат природа, култура и изобилуваат со знаменитости и различни случувања. Од сместувачки капацитети и марини со врвни стандарди, до вински тури, велнес центри, врвна гастрономија и антички […]

Во Ерменија спречен заговор за државен удар предводен од архиепископот Баграт Галстанјан


 Ерменските власти соопштија дека осуетиле терористички заговор од страна на членови на протестно движење предводено од архиепископот Баграт Галстанјан, објави ерменската агенција „Арменпрес“. Ерменската истражна служба издаде соопштение во кое се наведува дека осомничените  планирале терористички напади и државен удар од ноември минатата година. Француските медиуми забележуваат дека Галстанјан ги предводеше минатогодишните протести со кои […]

Божиновска: Не сме се откажале од проектот Вардарска долина


Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10. Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека […]

Мерки во Атина поради најавените високи температури


Отворање климатизирани простории, мерки за заштита на бездомните лица и бездомните животни, зголемена готовност на сите надлежни служби, се дел од мерките што од денеска ги воведува општина Атина, поради најавениот мини топлотен бран во следните денови со температури што во одредени делови на Грција се очекува да достигнат до 41 степен, јави дописничката на […]

Симон Трпчески се враќа со нов јубилеен концерт на 20 декември во арена „Борис Трајковски“


  На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески.    Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција […]

Состанок со министерот за здравство од наредниот петок, заинтересираните може да закажат термин уште денеска


Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со […]

Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало


Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, од 18:30 часот. Настанот има за […]

Самитот на НАТО доцни речиси еден час


Самитот на лидерите на НАТО, што требаше да започне во 10.30 часот, доцнеше речиси еден час. Која е причината не се знае, но како последен од учесниците пристигна претседателот на САД, Доналд Трамп. Дека се се врти на самитот околу Трамп и неговиот неформализам се гледа и низ карикатурите:

Германската полиција започна национална операција против говорот на омраза на интернет


 Германската полиција започна национална операција насочена кон осомничени сторители на говор на омраза и поттикнување на интернет, објави ДПА. Планирани се над 170 операции, координирани од Федералната криминална полиција. Истражителите ќе се фокусираат на изјавите на крајната десница дадени на интернет. Многу од случаите вклучуваат и навреди кон политичари и функционери, а помалку случаи вклучуваат […]

Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ, на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор […]