Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


 Во Народната банка денеска ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите. Како што соопшти Народната банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот: „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите […]

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година


Почнувајќи од денеска,  26 јули, САД ја продолжуваат за уште една година националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година. Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша од американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави Федералниот регистер на САД. Во документот се наведува дека националната безбедност и […]

Сончево и многу топло, до 41 степен


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, претежно сончево […]

Трамп се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на шпански производи поради нискиот буџет за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на производи од Шпанија поради одбивањето на таа земја  да ги зголеми трошоците за одбрана, објави ДПА. Трамп го упати предупредувањето по завршувањето на самитот на НАТО во Хаг, каде што сојузниците се согласија да ги зголемат своите годишни трошоци […]

Мосад ќе продолжи да дејствува во Иран и по војната


Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе продолжи да дејствува во Иран и по војната, изјави нејзиниот шеф Дејвид Барнеа, цитиран од ДПА. Тој им се обрати на агентите во ретка видео изјава. „Ќе бидеме таму, како што бевме таму и претходно“, рече Барнеа, осврнувајќи се на операциите на иранска територија. „Би сакал да ви […]

ЕП започнува револуција во наплатата за рачен багаж во авионите, на удар нискобуџетните превозници


Пратениците во Комитетот за транспорт на Европскиот парламент во вторникот поддржаа амандман со кој ќе им се гарантира на патниците во воздушниот сообраќај правото да носат еден рачен багаж до седум килограми бесплатно – без дополнителни трошоци. Доколку правилото добие зелено светло во претстојните преговори со владите на земјите-членки, на патниците ќе им биде дозволено […]

Црна листа: Ова се најомразените земји во светот


Според Прегледот на светската популација за 2025 година, трите најомразени земји во светот се Кина, САД и Русија. Прегледот на светската популација објави листа на најомразени земји, а големите светски сили се на врвот на листата. Повеќето луѓе имаат специфични ставови за другите земји и нивните луѓе. Овие ставови можат да бидат под влијание на […]

Опасности од топлотен бран: Еве како да ги полевате розите за да продолжат да цветаат


Розите се познати по својата отпорност и често се сметаат за растенија кои можат да преживеат речиси сè, вклучувајќи топлина и суша. Сепак, само затоа што можат да преживеат не мора да значи дека ќе напредуваат во тие услови, особено ако штотуку се засадени или се во саксии. Високите температури и сувата клима можат да […]

Windows 10 сè уште доминира


„Микрософт“ објави продолжување на бесплатните ажурирања за Windows 10 до 2026 година, а податоците на Statcounter покажуваат дека овој оперативен систем продолжува да доминира на светскиот пазар. Windows 10 има удел од околу 53% на глобално ниво (мај 2025 година), додека уделот на Windows 11 порасна на 43%, според податоците на Statcounter. За потсетување, иако […]

Делови од Скопје без струја


Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин на снабдувањето со електрична енергија делови од Скопје се без струја.  Според информациите објавени на веб страната на Еелктродистрибуција, без струја се Македонската телевизија, судовите и околните згради, вклучувајќи ја и зградата во која е сместена МИА, Министерството за европски прашања, ДКСК и СОЗР.  Засега нема официјални информации […]

ЕУ ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за малите бизниси во Македонија, БиХ и Црна Гора


ЕУ преку гаранција ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за малите бизниси во Македонија, БиХ и Црна Гора. Гаранцијата за отпорност на мали и средни претпријатија за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, поддржува финансирање под поволни услови за кредитирање, придонесувајќи за раст на малите бизниси и зголемувајќи ја вработеноста и конкурентноста. Оваа иницијатива ја […]

Комплекс од 100 милиони евра и нов мост ќе се гради над реката Уна


На островот Рибиќа во Бихаќ, БиХ, се планира изградба на голем туристичко-деловен-станбен комплекс вреден повеќе од 100 милиони евра. Петгодишниот проект го иницира Меџлисот на Исламската заедница на Бихаќ, а е поддржан од сите нивоа на власт – локално, кантонално и федерално. Нов мост, хотел и 18 згради Според концептуалниот проект, комплексот ќе вклучува изградба […]

(ВИДЕО) Сиљановска го помеша Венс со Рубио, го прекрсти во Ди Џеј


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги помеша државниот секретар на САД, Марко Рубио, со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за ТВ21, таа место Џеј Ди Венс го нарече потпретседателот – Диџеј Венс.Инаку, Венс не присуствуваше на Самитот на НАТО во Хаг. Во изјавата за ТВ21 Сиљановска рече дека со Трамп бил и „потпретседателот Диџеј […]

ЕУ ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Македонија, БиХ и Црна Гора


Гаранцијата за отпорност на мали и средни претпријатија за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, поддржува финансирање под поволни услови за кредитирање, придонесувајќи за раст на малите бизниси и зголемувајќи ја вработеноста и конкурентноста. Оваа иницијатива ја надополнува пошироката посветеност на ЕУ кон регионот во рамките на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, подобрувајќи […]

Надал не се гледа себеси како тренер во наредните години


Еден од најголемите тенисери во историјата на спортот – Рафаел Надал, објави дека засега не се гледа себеси како тренер во наредните години. Тој нема да го следи примерот на другите шпански тенисери, како што се Карлос Моја и Хуан Карлос Фереро, кои успешно се преквалификуваа како тренери. -Не знам, тешко е да се каже. […]

Банкарските провизии ги определува секоја банка поединечно, велат банкарите


Банкарите сметаат дека евентуалното намалување на банкарските провизии што ги наплатуваат за нивните услуги е сложен процес кој бара внимателна анализа на трошоците, и посочуваат дека цените на банкарските услуги ги определува секоја банка поединечно. Ова денес било соопштено на состанокот во Македонската банкарска асоцијација (МБА), помеѓу претставници на банките и новиот гувернер на Народната […]

Нејмар останува во Сантос


Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе остане до крајот на годината во редовите на Сантос, каде ја започна својата богата кариера, објави денеска бразилскиот клуб. „Сантос не е само мој тим, туку е и мој дом, моите корени, мојата историја и мојот живот се тука“, изјави 33-годишниот Нејмар за веб-страницата на клубот по продолжувањето на договорот. […]

AХВ: За да не се затруете, внимавајте како ја чувате храната пред да ја јадете


Порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен, ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна и претставува потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се обезбедат доволни количини храна и вода за пиење, предупредуваат во Агенцијата за […]

Почина ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ


Истакнатиот македонски шахист, ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ, почина денеска на 69-годишна возраст. „Неговото заминување не е само загуба за шаховската заедница, туку и за сите кои веруваа во вредностите што тој ги носеше: чесност, достоинство, правда“, објави Шаховската федерација на Македонија. Својот последен настап на шаховската табла Илиќ го имаше во јануари оваа година кога […]

Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција


Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина. Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ […]