Нема да преговараме со ЕУ како „модерни Македонци“, вели Мицкоски


Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како „модерни Македонци“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква […]

Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства во 2027 година


Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов […]

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ


На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик. „Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче. Тој потсети […]

Како се исчисти Детската клиника и се отвори простор за најмалите пациенти


Клиниката за детски болести е исчистена од, со години наталожениот отпад, односно, стар мебел, кој повеќе не се користел, стари електронски апарати, метални шкафчиња, стари заменети прозорци и врати и што уште не. Денеска, Клиниката е исчистена, проодна, со светли простории, сите подготвени да им служат на вработените и на малите пациенти. Ова можеби е […]

„Македонија е „симбол на стратегиско трпение“: Тркалезна маса во МАНУ за европската иднина на Западен Балкан


Северна Македонија и земјите од Западен Балкан се наоѓаат во клучен момент за нивната европска иднина, беше порачано на тркалезната маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ЕЦПД РИДС Скопје и Дипломатскиот клуб Скопје. Главната порака беше дека проширувањето на ЕУ не е […]

Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна


Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна,  рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот.  Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство […]

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски


Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, информираше денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на Левица Сашко Јанчев. Како што појасни, интерпелацијата се темели на четири основи – селективна истрага за пожарот во Кочани; политичко влијание во работата на […]

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК


Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што посочи градоначалничката Данела Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион […]

Орбан: Украина не е во НАТО и ќе се потрудам така да остане


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека НАТО не треба да игра никаква улога во Украина, посочувајќи дека државата не е член на Алијансата и дека нејзината политичка цел не е да го промени тоа. „Украина не е член на НАТО, исто како и Русија. Моја задача е да се осигурам дека останува така“, рече Орбан, […]

Уставен суд: При попис нема резидентно или нерезидентно население – резултатите од последниот остануваат


Незаконски било вградувањето на категориите „резидентно“ и „нерезидентно“ население во методологијата според која во 2021 година бил спроведен пописот на населението, но пописните резултати ќе останат така поделени. Ваква одлука денеска донел Уставниот суд откако ја прифатил иницијативата поведена од Скендер Реџепи, пратеник од опозициската коалиција „Европски фронт“. Судиите утврдиле дека со внесувањето на таквите […]

Муртезани: Позициите на Бугарија мора да се разделат од оние на останатите земји членки на ЕУ


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека е неопходно да се направи разлика помеѓу ставовите на Бугарија и останатите земји членки на Европската Унија кои го признаваат македонскиот идентитет и јазик, кога станува збор за билатералните прашања. Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и […]

Преку четири јавни повици поднесени се 6.026 апликации во рамки на Оперативниот план за вработување


Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за економија и труд во изминатата година. Во отчетот за првата година од мандатот, ресорниот министер  Бесар Дурмиши рече дека Планот е носечка алатка и стратешки документ во борба со невработеноста за кој е обезбеден рекорден буџет од речиси 40 милиони евра. Како што […]

Потрошувачката кошница, сепак, ќе биде за четиричлено, а не за тричлено семејство


Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). Владата, инаку, […]

Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август


 Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната ќе важи во следните термини: – петок од […]

Косово забрани увоз на овци и кози од Македонија, поради болеста син јазик


Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Северна Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Северна Македонија. Тоа денеска го соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство. Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните […]

Научници претворија пластичен отпад во чист парацетамол


Научниците открија начин како да се претвори пластичниот отпад во парацетамол (познат и како ацетаминофен), и тоа со помош на обична бактерија. Овој научен пробив, развиен од истражувачите во лабораторијата „Волас“ при Универзитетот во Единбург, овозможува поевтина и еколошки поодржлива алтернатива за производство на лекови против болка. Во моментов парацетамолот се добива од фосилни горива, […]

Рускиот „Гаспром“ мора да плати 1,37 милијарди долари на украинскиот „Нафтогас“


Групацијата „Нафтогас“ ќе добие 1,37 милијарди долари по арбитражниот спор против рускиот „Гаспром“, објави шефот на украинската државна гасна компанија, Сергеј Коретски. Арбитражниот суд, составен од членови од Шведска, Швајцарија и Израел, целосно се согласи со „Нафтогас“ во својата конечна одлука, објави „Киев пост“. -Ова е важна победа. Следниот чекор е да се обезбеди спроведување […]

Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење


Рускиот претседател Владимир Путин, кој е баран од Меѓународниот кривичен суд (МСП), нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил на почетокот на јули, соопшти Кремљ, додавајќи дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде таму. Путин ќе зборува на настанот преку видео врска, изјави неговиот дипломатски советник Јуриј Ушаков, додавајќи дека рускиот […]

Раст на европските берзи


Тргувањето на европските берзи утрово беше претпазливо, индексите малку пораснаа, со што ги надоместија вчерашните загуби. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро, надоместувајќи дел од вчерашните загуби. Во меѓувреме, лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,10 проценти на 8.727 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,53 проценти […]

Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија утрово е приведен, бил дел од групата што планирала насилна смена на уставен поредок


Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, чија куќа беше претресена синоќа, утрово е приведен, изјави неговиот адвокат за белградски медиуми. Според нив, Антиќ почнал штрајк со глад.  Претресот на куќата на Новица Антиќ е извршен со одобрение на Вишиот суд во Крагуевац, а под сомнение за две кривични дела: повикување на насилна […]