Бугарија доби зелено светло од ЕУ за еврото од 1 јануари 2026 година


Бугарија вчера доби зелено светло од лидерите на Европската унија да го усвои еврото од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на Самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија што ќе ѝ овозможи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната и да го замени левот со евро, откако веќе имаше […]

Двоцифрен пораст на странски посетители, се очекува до крајот на годинава нивниот број да достигне околу 1,5 милиони


Државата бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Најновите податоци покажуваат 21.6 проценти раст во првата половина од оваа година, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува дека бројот ќе достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници, […]

МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури


 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи поради високите температури ќе се зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење […]

Данела и Висар јунаци во рап песна: „Депонија со мандат“


„ Депонија со мандат“ е новата песна на македонскиот кибер рапер КиберФлоу. Песна која сурово, саркастично и директно го обработува јавниот срам на главниот град, ѓубре по тротоари и политичката немарност поврзана со управувањето со отпад. Рап веста зборува за јавниот срам, од прелеани контејнери и диви депонии до институционална апатија. Ги поврзува медиумските пресметки […]

Анчелоти го повика Нејмар да се подготви за Мундијалот 2026


Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го повика Нејмар добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, нагласувајќи дека тој е „многу важен играч“ и покрај бројните повреди. „Тој мора добро да се подготви и да има доволно време за тоа“, рече Анчелоти во интервју за Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Триесетитригодишниот […]

Обвинение за семејно насилство во Бутел


Скопското обвинителство поднесе обвинение за семејно насилство против 54-годишно лице кое во алкохолизирана состојба телесно ја повредило својата сопруга. Јавниот обинител побарал на лицето да му биде продолжен притворот кој му бил претходно определен.  – Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба  телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата „Бутелска“, на 20 јуни, тој […]

Легендарната Ана Винтур се повлекува од функцијата главен уредник на „Вог“ по 37 години


По 37 години на чело на американското издание на „Вог“, главната уредничка Ана Винтур (75) се повлекува од функцијата. Според американските медиуми, 75-годишната Винтур ја соопштила веста на состанок со вработените на 25 јуни утрото. „Вог“ ќе бара нов главен уредник, додека Винтур ќе остане на функцијата глобална главна директорка на издавачката компанија „Конде Наст“ […]

Што ќе добие Роналдо со новиот мега договор со Ал Наср: Половина милијарда евра, авион, чистачка…


Кристијано Роналдо (40) го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на спортот. Португалецот би можел да заработи 492 милиони фунти (577 милиони евра) за две години, објави „Сан“, наведувајќи детали за договорот на Роналдо со саудискиот клуб за кој ќе игра дури и на 42-годишна возраст. Британските медиуми објавија дека на Роналдо му се дадени голем […]

Санчез во впечатлив фустан Скјапарели посака добредојде во Венеција


Модната венчавка продолжува во Италија. Во петок, основачот на Амазон, Џеф Безос, и американската новинарка Лорен Санчез ќе се венчаат во Венеција, каде што ѕвездите веќе се појавија во полн состав за да бидат сведоци на свадбата, вклучувајќи го кланот Кардашијан-Џенер, Опра, Орландо Блум, Том Брејди и други. Сега, идната невеста се појави на нејзината […]

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп разгледува повеќекратни стимулации за враќање на Техеран на преговарачка маса


 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува повеќекратни стимулации за враќање на Техеран на преговарачката маса, вклучително и помош на Иран да пристапи до 30 милијарди долари (25,6 милијарди евра) за изградба на нуклеарна програма за цивилно производство на енергија, како и ублажување на санкциите и ослободување на милијарди долари од ограничени ирански средства, објави […]

Градоначалникот на Њујорк почна кампања за реизбор како независен кандидат


Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, денеска ја започна својата кампања за реизбор како независен кандидат, по изненадувачкиот успех на кандидатот за градоначалник Зохран Мамдани на демократските прелиминарни избори претходно оваа недела, објави „Ју-Ес њуз“. Адамс, кој ја напушти Демократската партија, не го именуваше Мамдани на почетокот на кампањата, но алудираше на некои од ставовите и […]

Шајнбаум ги осуди американските санкции врз три мексикански финансиски институции


Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, денеска остро реагираше на објавата за блокирање на трансферите на пари од три мексикански финансиски институции од страна на САД, велејќи дека Вашингтон не презентирал докази во поддршка на неговите тврдења за перење пари. Набргу потоа, Централната банка на Мексико објави дека привремено го презема управувањето со две од трите […]

Маск отпушти еден од врвните директори на Тесла, надлежен за Северна Америка и Европа


Илон Маск го отпушти раководителот на северноамериканските и европските операции на Тесла поради намалената продажба и намалената популарност на брендот во тие региони, велат луѓе запознаени со ова прашање. Омеад Афшар, еден од врвните директори на Тесла, минатата година доби задача да ги подобри операциите на компанијата во Северна Америка и Европа. И покрај таа […]

Комплетирани осминафиналните парови на Светското клупско првенство


По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер […]

Санчез одговори на заканите на Трамп: Шпанија е суверена земја


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи го дека Шпанија е суверена земја и дека трговската политика со која било земја-членка на ЕУ мора да биде договорена со Брисел во име на сите земји-членки. -Шпанија е земја која е посветена на земјите-членки на Алијансата, но исто така и […]

Несогласување во ЕУ: Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави вчера дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не „бавен и комплициран“, додека францускиот претседател Макрон рече дека неговата земја нема да прифати договор кој е неурамнотежен. Тие го кажаа ова на крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, каде што претседателката […]

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат […]

САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина


САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во екот на напорите за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот. Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД во средата потпишале договор со Кина, без да даде дополнителни детали, и […]

Две пленарни седници во Собранието, пред пратениците предлог-законите од Реформската агенда


Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници – 58-та и 55-та. На дневен ред на 58. седница се предлог-законите кои се дел од Реформската агенда – Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, Предлог на законот за електронските комуникации, Дополнетиот предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи, […]

„Госпоѓа Бовари“ вечер во НОБ


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми. Станува збор за втора изведба на претставата. Првата […]