Во зоната во Штип ќе се произведуваат батерии, инвестицијата е 36 милиони евра, ќе има 150 вработувања


Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од есен се очекува да биде поставен камен темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип. Како што напомена, станува збор за фабрика која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра. Тој информираше дека станува збор за фабрика за производство на батерии, која […]

Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот


Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување на електронски попис. Тој се осврна […]

Од идната година компаниите ќе се простат со хартиените фактури – УЈП започнува трансформација со е-Фактура


Управата за јавни приходи (УЈП) ја претстави националната платформа за електронско фактурирање – е-Фактура, која најавува суштинска трансформација на даночниот систем во нашата земја. Преку овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со цел зголемување на транспарентноста, дисциплината и довербата во фискалниот систем. Процесот на имплементација е организиран етапно […]

Разрешениот по барање на Брисел Богојески ќе предава на Воена академија


Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека ќе стане дел од наставниот кадар на Воената академија „Михајло Апостолски“. „ Почитувани граѓани, Со особено задоволство и почит кон вас, Ве известувам дека денес бев избран во наставно – научно […]

Серија земјотреси утрово ја погодија Албанија


Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Албанија денеска, а беше почувствуван и во Црна Гора. Земјотресот, на длабочина од десет километри, е регистриран осум километри североисточно од градот Шијак. Се почувствувал и во Будва, Игало и Херцег Нови. „Ужас, траеше околу 15 секунди“, пишува лице кое го почувствувал потресот, на веб-страницата на Европскиот […]

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска, истакнат правник и научник со длабок траг во македонската правна наука


Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска. Веста на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот колега, Гордан Калајџиев. „Замина уште еден голем професор, Мирјана Поленак Акимовска, бескрајно ја сакав и почитував, а таа ме поддржуваше кога ми беше најтешко“, напиша тој. Мирјана Поленак Акимовска беше реномирана македонска професорка по правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје […]

Еве каква е ситуацијата со обиколницата во Солун и градежните активности


Тековните работи на големиот инфраструктурен проект Надвозник во Солун ги загрижуваат голем број туристи кои го планираат својот летен одмор во Грција. Работите се изведуваат на обиколницата во Солун (Периферијакос – Обиколница) и, според најавите, треба да траат до крајот на 2027 година, пишува Грик Инфо. Сообраќај за време на работите И покрај обемните работи, […]

МВР – ОЈО – суд – ОТА: Дигитално одредување ПИ мерки за поголема доверба


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој беше означен старот на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката […]

Во „Георги Димитров“ ниту еден ученик не го „паднал испитот“ за упис – што ли зборува Јаневска?


Квалификацискиот испит кој го полагаа кандидатите за упис во гимназијата „Георги Димитров“, го полагале 226 ученици и ниту еден од нив нема освоено 0 бодови, односно ниту еден не „паднал“ на испитот, како што вчера од собраниската говорница кажа министерката за образование и наука Весна Јаневска. Оваа изјава предизвика низа реакции во јавноста, па во интерес на […]

Градоначалниците удрија на „леб и игри“, но што е со клучните проблеми


Општинските татковци удрија на забава – речиси секојдневно се одржуваат или се во најава концерти, перформанси, журки… Вистински период на „леб и игри“ во пресрет на локалните избори оваa есен, додека клучните проблеми на граѓаните остануваат на маргините. Вниманието на младите летово се привлекува со звучни домашни, но и меѓународни музички ѕвезди, што во овие […]

Струга домаќин на летниот регионален семинар за професори по и на француски јазик


Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 26-то издание на Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Семинарот се организира во соработка со француските амбасади и институти од земјите во регионот. Овогодишната средба и значајна обука ќе се одржи од понеделник […]

Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд


Попладне и вечерва во земјава ќе биде облачно со интензивен пороен дожд. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните. Како што информират […]

Во Основниот суд во Куманово рочиште против кумановскиот градоначалник Димитриевски


Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово. На денешното рочиште одбраната на Димитриевски достави писмени докази од Секторот за урбанизам. На рочиштето не […]

Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава


 Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од таа бројка, 284 се женски лица, 53 – машки, а 54 се деца – секундарни жртви. Од вкупно 286 сторители, машки биле 266, а женски – дваесет. Евидентирани биле 221 физичко насилство, 345 случаи на […]

Еврокомесарката Марта Кос во Скопје ќе се сретне со лидерите на земјите од Западниот Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот.  Како што соопшти денеска Европската комисија, покрај премиерот Мицкоски на средбата со Кос […]

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација


Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации, Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за архивски материјал и архивска дејност. Со носењето на овие закони, […]

Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, па не бил блокиран


Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро-сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите […]

Ѓоковиќ против Милер на стартот на Вимблдон, Алкараз против Фоњини


Лондон – Рекордерот според освоени грен слем титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе игра во првото коло на Вимблдон против Французинот Александар Милер (АТП-40), одлучи денешната жрепка во Лондон. Доколку Ѓоковиќ ја мине првата пречка, во второто коло ќе игра против победникот од британската пресметка меѓу Џеј Кларк и Ден Еванс. Шпанецот Карлос Алкараз ќе ја […]

Крај на една ера: Кој ќе ја наследи Ана Винтур?


По речиси четири децении на чело на американското издание на „Вог“, Ана Винтур (75) направи потег што го изненади и потресе целиот моден свет. Легендарната уредничка и неопходна фигура на светската модна сцена објави дека се повлекува од позицијата главен уредник на „Американ Вог“ по 37 години и дека ќе назначи ново лице кое ќе […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната […]