Продолжува финалната серија во плејофот на македонското кошаркарско првенство


Со натпреварот ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром вечер во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе продолжи финалната серија од плејофот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.  Домаќинот, тимот на ТФТ, на мечот влегува охрабрен по победата во четвртокот. Со евентуален успех ТФТ ќе се избори за „мајсторка“, додека МЗТ Скопје кој е бранител на шампионската титула со […]

Три дена живи статуи во центарот на Скопје


Денеска со почеток во 18.30 часот, на ул. „Македонија“ ќе започне деветото издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа. Фестивалот ќе трае до 4 јуни.   Статуафест е уличен уметнички фестивал каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи. […]

Брзо ги топи мастите и се пие пред спиење: Резултатите се видливи по 15 дена


Обично ни се советува да пиеме пијалоци за слабеење рано наутро. Меѓутоа, понекогаш е многу подобро да се напиеме специјално направен пијалок пред спиење, кој ќе ни го олесни варењето и ќе ни овозможи лесно да заспиеме. Измешајте 200 мл свеж сок од ананас, лажичка цимет и половина лажичка кумин. Бромелаинот зад ананасот помага и […]

Томислав Томашевиќ реизбран за градоначалник на Загреб


 Кандидатот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) и на „Можеме!“ Томислав Томашевиќ е повторно избран за градоначалник на Загреб, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Според резултатите со 100 проценти обработени гласачки места, Томашевиќ добил 57,56 проценти од гласовите во вториот круг од локалните избори, додека независната кандидатка Марија […]

Ревија на филмови на Љубиша Георгиевски во Белград


 Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград „Допир на Македонија“ здружението „Македониум“, со поддршка на македонската кинотека и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, денеска и утре во српската престолнина организира Ревија на филмови посветена на Љубиша Георгиевски, истакнат театарски и филмски уметник, професор и културен деец кој остави длабок […]

„Градации“: Камерна изложба на Билјана Билбилоска


На 31 мај 2025 година, во фоајето на Зелениот покрив во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, беше отворена камерна изложба на Билјана Билбилоска, со наслов „Градации“. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметност. Авторката се претстави со експериментални графики, работени изминативе години. Фокусот на овој циклус е на градацијата на линијата, […]

Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја – само Надал го направи тоа побрзо


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Бен Шелтон во четвртото коло на „Ролан Гарос“ — 7:6 (10:8), 6:3, 4:6 и 6:4. Дваесет и двегодишниот Шпанец ја освои својата 100-та победа на земјена подлога на АТП турнирите во 119 натпревари. Само Рафаел Надал го направил тоа побрзо, му беа потребни 112 натпревари. Во четвртфиналето на […]

Партија на пензионери: Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот


Партијата на пензионери, преку соопштение до медиумите изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот. „Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, […]

Во Битола Интернационален пијано натпревар „Пијано Фест 2025“


Во Битола почна ново издание на интернационалниот пијано натпревар на кој годинава учествуваат 110 млади музичари од 10 држави во Европа. Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории, односно пијано соло, пијано четирирачно и теоретски отсек облигати, а настапите ги следи комисија во која членуваат Тереза Тревисан од Италија, Паола Кондакци од Албанија, Душан […]

Фрлал Молотови коктели врз учесници на митинг во Колорадо, повредени шест лица


Шест лица беа повредени, а една жена се здоби со тешки изгореници во напад на мирен митинг за поддршка на израелските заложници во Газа, што се одржа вчера во центарот на Боулдер, во сојузната американска држава Колорадо. Напаѓачот, 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, извикувал „Слобода за Палестина“ додека фрлал запаливи направи кон толпата. ФБИ го третира […]

Лани 19,5 милиони деца во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост


Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%), објави Евростат.  На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), […]

Премиера на детската претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“


Премиера на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчетво Воли“ ќе се одржи вечер во Јавна соба. Претставата, која е поддржана од Министерството за култура и туризам, е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во […]

Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење


Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска со свечена академија ќе одбележи 80 години од основањето на институцијата, а во рамки на јубилејот утре ќе организира и Статистичка конференција „25 години родови податоци“. -Јубилеите осум децении постоење и 25 години собирање родово разделени податоци се можност да се потсетиме за клучната улога на официјалната статистика во […]

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот


Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА. Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината […]

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица


 Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување […]

Сончево и топло со температура до 33 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе […]

Пресврт во Полска: Карол Навроцки победи на претседателските избори


Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња. Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 […]

Надмината голготата со возачкиот испит во Битола, од 4 јуни почнува полагањето за возачка


БИТОЛА – Надмината е голготата со полагањето на возачки испит во Битола, по повеќе од пет месеци, Битола добива нов оператор за полагање за возачка дозвола. Авто мото испитен центар – Супер возач ДООЕЛ Битола е правниот субјект кој во наредните пет години по овластување на Министерството за внатрешни работи, ќе ги спроведува возачките испити […]

Гимназијалката Искра Нечаковска од Битола ќе се натпреварува на Светската олимпијада по физика во Париз


БИТОЛА – Гимназијалката од Битола, Искра Нечаковска(17) е избрaна да учествува на Светската олимпијада по физика во Париз, Франција, што ќе се одржи во јули годинава. Убавата вест ја сподели Гимназијата „Јосип Броз Тито”, Битола каде Нечаковска е ученичка во трета година. Претходно Нечаковска ќе учествува на Европската олимпијада по физика во Софија- Бугарија. Ментор […]

За Левица Меџити е „министер за стимулација на криминал и дивоградби“


Партијата Левица остро го нападна министерот за животна средина, Изет Меџити, обвинувајќи го дека е директно одговорен за катастрофалната состојба со загадувањето и урбанистичкиот хаос во Македонија. Наместо да се справува со горливите еколошки проблеми, како што наведуваат од партијата, Меџити активно ги прикрива и ја злоупотребува функцијата за заштита на тесно партиски и клиентелистички […]