На Европскиот парламент му се случува „Скопјегејт“, Бугарија го враќа ударот?


  Порталот „EUalive“ објави долг извештај за случувањата околу извештајот на Томас Вајц во Европскиот парламент, кој треба да биде разгледуван утре, а во кој се тврди дека „странска влада“, т.е. Македонија влијаела недозволиво на неговата содржина и дека тоа покренало бран обвинувања и реакции од бугарските европарламентарци и од Софија, па и барања за […]

Италијанскиот институт: Москва и Пекинг го блокираат Коридорот 8, Белград и Атина притискаат за Коридорот 10


Коридорот 8 е главна оска за развој на европскиот континент. Тој треба да го поврзе пристаништето Бургас на Црното Море со албанскиот брег на Јадранското Море преку Северна Македонија. Војната во Украина дополнително ја зајакна неговата стратешка важност, но одложувањата се акумулираат веќе две децении. Ова се наведува во анализа на Италијанскиот институт за Балканот […]

Сиљановска Давкова во одбрана на гувернерот на НБМ: Славески е светски признат професор и експерт


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека се работи за професор признат во светот, за човек кој не може да биде поврзан со ниту една афера, криминал или корупција и за експерт кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика […]

Одете, па разберете што сакаше да каже Сиљановска за Извештајот за напредокот


  Некогаш зборовите на политичарите се толку заплеткани што изгледаат совршено неразбирливи. Така денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за европскиот извештај за напредокот на нашата земја, што треба да се објави утре, го рече ова: „Овојпат како да има многу поголема ангажираност, посветеност и одговорност, можеби зашто се зборува за извонредно познавање, […]

ОЈО почна постапка за една дивоградба во Чаир


Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело – бесправно градење. „Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата […]

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и од Струга


Работилници против врсничко насилство наменети за родители ќе се одржат во Струга и во Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Утре, 4 јуни, со почеток во 18 часот, ваква едукативна средба ќе се случува во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“. Задутре, 5 јуни, исто така, со почеток во 18 часот, „Крени […]

ОЕЦД: Сѐ понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини


Светската економија се соочува со „сѐ понеповолни“ перспективи, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека новите царини се меѓу факторите кои најмногу го забавуваат глобалниот раст. ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2025 година од 3,1% на 2,9%, при што проценката е направена врз основа на состојбата […]

Судот пресуди дека Германија не смее да ги враќа мигрантите од границата. Мерц: Ќе продолжиме


Германската влада ќе инсистира на построга миграциска политика и покрај пресудата во корист на мигрантите вратени од границата, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Одлуката на Управниот суд во Берлин го стесни просторот за акција… Но, има уште доволно простор. Ќе продолжиме да ги враќаме назад оние луѓе кои се обидуваат да влезат во Германија […]

Вака изгледаше ерупцијата на Етна од вселената


Вчера во 11:24 часот по локално време спектакуларно еруптираше најактивниот европски вулкан Етна, испраќајќи густа колона од пепел и чад неколку километри во атмосферата. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), ерупцијата започнала во југоисточниот кратер, еден од најактивните отвори на врвот на Етна во последниве години. Забележани се силна стромболична активност, текови […]

СДСМ поставува нови прашања за Кочани, сега за инспекторката за економски криминал


  Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, во денешното продолжение на прес-конференциите на партијата за Кочани праша дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот? „Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за […]

Тошковски за Арсовска: Циркус и парада, да беше во првата година од мандатот, ќе беше за поздрав


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со повиците на градоначалничката Данела Арсовска органите да постапат за дивоградбите во Чаир, како и за заканите по живот што ги добива, вели дека МВР и Обвинителството реагираат по однос на секоја пријава кон кого и да е. Во однос, пак, на работата на градоначалниците за тоа […]

МВР со прекрошочна пријава за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го открила Арсовска


СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Овој приклучок го откри градоначалничката Данела Арсовска. “Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот […]

Марта Кос се понуди за олеснувач меѓу Македонија и Бугарија


  Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската […]

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош


Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за издавање на лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош, иако се соочуваат со недостаток на персонал, посочи денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од […]

Од возило ѝ се заканувал на Арсовска – МВР работи на расчистување на случајот


Вчера, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.   Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил […]

Младинците на ШК Алкалоид го освоија „Куманово опен“


Во Куманово изминатиот викенд се одржа младински шаховски турнир, кој во најсилната конкуренција (за играчи до 20 години) го освои членот на ШК Алкалоид, петнаесетгодишниот Никола Радоњанин. Во оваа конкуренција се одиграа седум кола, а имаше 37 учесници, при што Никола Радоњанин беше трет според стартниот рејтинг, но со пет победи во низа во првите […]

За два месеци доделени 208 субвенции за велосипед во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека за само два месеци доделени се нови 208 субвенции за купување велосипеди, со што вкупната бројка на дадени субвенции од 2022 година до денес достигна 584. „Граѓаните сакаат да користат еколошки и економични средства за превоз. Со новите 208 субвенции за велосипеди за само два месеци, оваа […]

Гази Баба дава по 3.000 денари за секое прваче


Општина Гази Баба и оваа година го реализира проектот — финансиска поддршка за секое дете запишано во прво одделение. Овој проект има за цел директно да ги поддржи семејствата на нашите најмлади ученици во еден од најважните моменти од нивниот живот — почетокот на формалното образование. Со доделување на еднократна помош во висина од 3.000 […]

Падна холандската влада во спорот за миграцијата


  Холандскиот лидер на крајната десница, Герт Вилдерс, во вторникот изјави дека неговата партија ПВВ ќе ја напушти владината коалиција, соборувајќи ја десничарската влада и веројатно ќе доведе до нови избори. Антимуслиманскиот популист, Вилдерс, кој победи на последните избори во Холандија, минатата недела побара итна поддршка за неговите предлози за целосно запирање на миграцијата на […]

ДУИ ќе настапи со отворени листи на идните парламентарни избори


Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, најави дека партијата на следните парламентарни избори ќе излезе со отворени листи. Според Османи, со ваквиот начин граѓаните ќе имаат можност не само да избираат партија, туку и конкретни кандидати кои ќе ги претставуваат во парламентот. „Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, […]